Паштунски Јазик: јазик

Паштунски јазик (насх: پښتو‎ - МФА: ), исто така познат и како авганистански, е индоевропски јазик што се зборува во Авганистан и северозападен Пакистан.

Јазикот припаѓа во групата на индоирански јазици. Пашту зборуваат околу 38 до 42 милиони луѓе во целиот свет. Паштунскиот е службен и национален јазик на Авганистан.

Паштунски јазик
پښتو paʂto
Застапен воАвганистан: јужен, источен, и некои делови од северен и западен; Пакистан: северозападните покраини Белуџистан, и некои делови од Северни теритосии); некои делови од североисточен Иран
Подрачјејужна Средна Азија
Говорнициоколу. 38 до 42 милиони  
Јазично семејство
индоевропско
Писмонасх, латиница
Статус
Службен воАвганистан Авганистан
Паштунски Јазик: Дијалекти, Распространетост, службен стгатус Пакистан (провинцијалски)
Регулативен органАкадемија на науки на Авганистан
Јазични кодови
ISO 639-1ps
ISO 639-2pus
ISO 639-3Разни:
pus — паштунски (општо)
pst — централнопаштунски
pbu — севернопаштунски
pbt — јужнопаштунски

Дијалекти

Како последица на лошиот терен на кој живеат Паштунците, јазикот има многу акценти или дијалекти на паштунскиот јазик. Двата главни дијалекти се мекиот или јужен дијалект и тврд или северен дијалект. Пактика е грубо кажано границата помеѓу двата дијалекти. Поглавни одлики или разлики помеѓу дијалекти е во изговорот на следните две букви:

Јужен (Кандахар): [ʂ] [ʐ]
Југисточен (Куета): [ʃ] [ʒ]
Централен Ванеци (Тарин): [ʂ] [ʐ]
Централен Вазири (Вана): [ɕ] [ʑ]
Централен Хости (Хост): [x] [g]
Северозападен (Гилзај): [ç] [ʝ]
Северен (Нангархар): [x] [g]
Североисточен (Јусуфзај): [x] [g]

Разликите помеѓу јужните дијалекти и северните дијалекти се воглавно фонолошки и има едноставни разговорни правила. Морфолошките разлики помеѓу нив се многу мали и незначајни. Како и да е, централните дијалекти се лексиколошки поразлични и варираат од дијалект во дијалект. Јужниот дијалект од Кандахар е најконзервативниот дијалект во поглед на фонологијата. Паштунската азбука се заснова на јужниот дијалект. Одредени дијалекти покажуваат многу архаични особини.

Распространетост

Паштунскиот го зборуваат околу 27 милиони луѓе во западните покраини Северозападни предели, Белуџистан во Пакистан со околу 20 % од населението и уште 11 милиони луѓе низ Авганистан, што ги прави околу 35% од населението на Авганистан. Покрај Пакистан и Авганистан, значајно паштунско население има и во Иран.

службен стгатус

Паштунски е национален јазик на Авганистан и службен јазик во државата. Јазикот се користи од авганистанската администрација, образованието, телевизиите и религиозните институции.

Писмо

Паштуанска азбука

Буквите на паштунската азбука се:

ا ب پ ت ټ ث ج ځ چ څ ح خ د ډ ذ ر ړ ز ژ ږ س ش ښ ص ض ط ظ ع غ ف ق ک ګ ل م ن ڼ ه و ى ئ ي ې ۍ

Букви карактеристични за паштунски

Следните букви се карактеристични само за паштунски јазик:

ټ، ځ، څ، ډ، ړ، ږ، ښ، ګ، ڼ، ې ،ۍ

Петте јаса на паштунскиот јазик

Следните се петте јаса:

ی، ي، ې، ۍ، ﺉ

Латинска паштунска азбука

Латинската паштуанска азбука е заснована на следните 41 графеми:

Aa ( َ ), Ââ (ا), Bb (ب), Cc (څ), Çç (چ), Dd (د), Ďď (ډ), DHdh (ذ), Ee (ې), Ëë (ہ), Ff (ف), Gg (ګ), Ģģ (غ), Hh (ه), Ii (ي), Jj (ژ), Kk (ک), Ķķ (خ), Ll (ل), Mm (م), Nn (ن), Ňň (ڼ), Oo (و), Pp (پ), Qq (ق), Rr (ر), Řř (ړ), Ss (س), Šš (ښ), Şş (ش), Tt (ت), Ťť (ټ), THth (ث), Uu ( ُ or و), Vv (ب or و), Ww (و), Xx (ځ), XHxh (ج), Yy (ى), Zz (ز), Žž (ږ)

Граматика

Паштунскиот е јазик што има реченици од типот П-П-Г (подмет-прирок-глагол). Придавките доаѓаат пред именките. За разлика од персиски јазик, именките на паштунски јазик имаат род (машки и женски) како и вообичаениот број на именки. Покрај ова, јазикот има и падежи и тие се: директив, облигатив I, облигатив II и вокатив. Глаголите ги разликуваат следните граматички времиња: сегашно време, субјунктив, минато време, минато продолжено време, сегашен перфект и минат перфект.

Фонологија

Самогласки

Предни Средни Задни
Затворени i u
Средни e ə o
Отворени a ɑ

Покрај овие ги има и дифтонзите /ai/, /əi/, /ae/, /ɑw/, /aw/.

Согласки

Уснени Забни Венечни Свиени Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Ресични Гласилни
Носни m n ɳ
Избувни p b t d ʈ ɖ k g (q) ʔ
Струјни (f) v (θ) (ð) s z ʂ ʐ ʃ ʒ x ɣ h
Слеани ts dz
Приближни l j w
Вевни r ɺ̡

/f/, /θ/, /ð/, /q/ се среќаваат само во странски зборови.

Зборовен фонд

Повеќето од зборовите во паштунскиот јазик се од самиот тој јазик. Зборовите што се преземале низ историјата најчесто се од арапско потекло, а додека во последно време се преземаат и од персиски јазик.

Примери

  • Забелешка- Следната транслитерација го претставува јужниот дијалект.

Примери со зборот "tlël" (оди):

Команда:

  • Wë šawanxi ta xa! (се изговара како 'dza')
  • (ти) Оди на училиште!

Сегашно:

  • (Zë) wë šawanxi ta xëm.
  • Јас одам на училиште.

Сегашен Перфект:

  • Wë šawanxi ta tlëlai yëm.
  • Јас имам отидено на училиште.

Минато:

  • Wë šawanxi ta wlâřëm.
  • Јас бев на улилиште.

Минат Перфект:

  • Wë šawanxi ta tlëlai wëm.
  • Јас имав отидено на училиште.

Минато Продолжено:

  • Wë šawanxi ta tlëm.
  • Јас одев на училиште.

Субвјунктив:

  • Cheh zë wë šawanxi ta tlëlai.
  • Јас би сакал да одам на училиште.

Прашања:

  • Cë nameže? или Stâ num cë dae? (Како се викаш?)
  • Çereh или çerta xe? (Каде одиш?)

Надворешни врски

Паштунски фонтови

Наводи

Tags:

Паштунски Јазик ДијалектиПаштунски Јазик РаспространетостПаштунски Јазик службен стгатусПаштунски Јазик ПисмоПаштунски Јазик ГраматикаПаштунски Јазик ФонологијаПаштунски Јазик Зборовен фондПаштунски Јазик ПримериПаштунски Јазик Надворешни врскиПаштунски Јазик НаводиПаштунски ЈазикАвганистанИндоевропски јазикИндоирански јазициМФАПакистан

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Влада на Македонија од 1992Достоинство (политичка партија)ДајреМакедонски парламентарни избори (2016)Крвна групаВилма ТрајковскаДропкаКрешник БектешиОпштина ЧаирStaphylococcus aureusПоделба на гласовите во македонскиот јазикВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ГостиварЕгипетПоздивиштаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаИзет МеџитиОпштина РанковцеНаселениеРадишаниБубрежна инфекцијаСлавко ЈаневскиЃорѓија СајкоскиПоп-музикаРаковиПирамида (геометрија)Пустина (роман)Панонски легендиМозокОрелЗоран ЗаевУд (македонски)Пресметување на датумот на ВелигденДПАЕнзимМеѓународни празнициПечалбариСловенијаВласиЖирафаМовАдаптација (биологија)Вила ВодноВидови аглиТрапезМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаРак на дојкаМртво МореТристан и ИзолдаЕнциклопедијаИзбирачко местоАвтобиографија (Григор Прличев)Роднински односиНикола ПопоскиОпштина Демир ХисарДекларацијаГоце ДелчевЏо БајденГевгелијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонски парламентарни избори, 1994Атрибут во македонскиот јазикЛокални избори во Македонија (2009)Македонски претседателски избори (1999)БразилЃорѓија ПулевскиОбединети за МакедонијаСолунПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаВиртуелна машинаОпштини во МакедонијаМустафа Кемал АтатуркЕвропаДемократска партија на Турците на МакедонијаВодочки манастирПолитичка партија🡆 More