Wayback Machine: дигитален семрежен архив

Wayback Machine (изг.

Им овозможува на корисниците да се „вратат во времето“ за да видат како изгледале мрежните места во минатото. Неговите творци, Брустер Кејл и Брус Гилијат, го разработиле проекот со намера да овозможат „сеопшт пристап до сето знаење“ запазувајќи архивирани примероци на стари верзии или веќе непостоечки страници.

Wayback Machine
Wayback Machine: Историја, Технички поединости, Поврзано
Екранска снимка
Wayback Machine: Историја, Технички поединости, Поврзано
Почетна страница на Wayback Machine во ноември 2015 г.
Вид место
архив
Опслужувано подрачјецел свет (освен Кина и Русија)
СопственикСемрежен архив
Адресаweb.archive.org Уредете го ова на Википодатоците
Место на Алекса 167 (јануари 2020)
Зачленувањенезадолжително
Пуштено24 октомври 2001
Тековна состојбаактивно
Програмски јазикЈава, Пајтон

Сметајќи од неговото пуштање во 2001 г. во архивот се ставени 452 милијарди страници. Ова покренало и прашања во врска со тоа дали чувањето на примероци од страници без одобрение од сопственикот претставува нарушување на авторските права во извесни држави.

Историја

Основачите на Семрежниот архив го пуштиле Wayback Machine во 2001 г. со намера да го решат проблемот на содржините кои исчезнуваат секогаш кога некоја страница ќе се измени или затвори. Службата им овозможува на корисниците да гледаат архивирани верзии на мрежни страници со текот на времето, кои архивот ги нарекува „тридимензионален индекс“. Кејл и Гилијат работеле со надеж да го архивираат сето семрежје, и со тоа секому да му овозможат пристап до сето знаење содржано во сите страници објавени во неговата историја

Името Wayback Machine потекнува од „WABAC“ (изг. вејбек) — времепловна направа која ја користат ликовите Г-дин Пибоди и Шерман во цртаниот филм Шоуто на Роки и Булвинкл со цел да учествуваат во настани во минатото и да влијаат врз важни историски настани.

Wayback Machine почнала со архивирање на меѓускладирани (кеширани) мрежни страници во 1996 г., со намера услугата да стане достапна за јавноста пет години подоцна. Од 1996 до 2001 г. информациите се чувале на дигитална лента. Кејл повремено им дозволувал на истражувачите да ја користат оваа гломазна база на податоци. На својата петгодишнина во 2001 г. архивата е отворена за јавноста на свеченост приредена во Калифорнискиот универзитет во Беркли. Во времето на нејзиното пуштање, архивата веќе содржела 10 милијарди архивирани страници.

Денес податоците се сместени во големиот грст јазли на Линукс во Семрежниот архив. Повремено се навраќа во архивите и прави нови верзии на мрежните места. Примероците можат да се прават и рачно со внесување на URL-адресата на страницата во пребарувачот, под услов мрежното место да му допушта на ползачот на Wayback Machine да ги зачувува неговите податоци.

Технички поединости

Програмската опрема е предвидена да „ползи“ по семрежјето и да ги презема сите јавно достапни страници од светската пајажина, чиноследот на Гофер, билтенот на Нетњуз (Јузнет) и преземливата програмска опрема. Насобраното од ползачите не ги опфаќаат сите информации што постојат на семрежјето, бидејќи многу од нив се заштитени од издавачите или се складирани во недостапни бази. За да надминат недоследностите во делумно меѓускладирани страници, во 2005 г. организацијата го разработила Archive-It.org како начин да им се дозволи на установите и творците на содржини доброволно да собираат и запазуваат збирки од дигитални содржини, и со тоа да создаваат дигитални архиви.

Зачуваните верзии доаѓаат како придонес од разни извори, некои преземени од трети лица, а други создадени внатре во самата архива. На пример, оние доставени од Слоуновата задолжбина и Алекса се собираат со ползачи кои работат во име на Националната управа за архиви и записи (NARA) и Задолжбината за семрежно помнење (Internet Memory Foundation), што се одразени од Комон крол (Common Crawl). The "Worldwide Web Crawls" have been running since 2010 and capture the global Web.

Честотата на зачувување на примероци зависи од мрежното место. и степенот на неговото учество. Ползењето може трае со месеци, па дури и со години, зависно од големината. Меѓутоа, напати се користат повеќе ползачи истовремено, а некои страници се водат на повеќе од еден список за ползење, поради што честотата на ползење во голема мера се разликува од едно до друго место.

Од октомври 2019 г. корисниците се ограничени на 5 архивски побарувања во минута.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Wayback Machine ИсторијаWayback Machine Технички поединостиWayback Machine ПоврзаноWayback Machine НаводиWayback Machine Надворешни врскиWayback MachineАрхивИзговорМакедонски јазикМрежно местоСан ФранцискоСветска пајажина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Владимир ГлигоровХристо ТатарчевЉубомир ФрчкоскиСДСМКамен мост (Скопје)Демократска партија на Србите во МакедонијаБеровоРамиз МеркоОпштина СарајБолести и аномалии на очитеПартија на обединети демократи на МакедонијаСвети Кирил и МетодијБисера Костадиновска-СтојчевскаМарк ТвенДемократска алтернативаБелградДонтов методАрбер АдемиРадовишСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Македонски АлбанциЉупчо ЈордановскиМакедонски парламентарни избори, 2002Стојан АндовСтара скопска чаршијаПанкреасСителСојуз на комунистите на МакедонијаКарлес ПуџдемонВиолинаЕлизабета ЃоргиевскаАзијаОдбојкаКаролина Ристова - АстерудШар ПланинаРајко ЖинзифовСоцијалистичка партија на МакедонијаРадождаМакедонска азбукаШвајцаријаНикола ТеслаСписок на градоначалници во МакедонијаИзраелЈосип Броз-ТитоОпштина КарпошДимитар МиладиновМакедонски претседателски избори (2014)Тристан и ИзолдаУругвајСреден векКостадин КостадиновБорис СарафовМиле ЗечевиќОпштина КичевоОпштина ЧаирБитка во АрачиновоДијаспораОбединето КралствоКрал МаркоНовациТрајно македонско радикално обединувањеАтрибут во македонскиот јазикРастенијаСтрујно колоДемократски сојузСлавко ЈаневскиАвантурите на Хаклбери ФинТунисМатка (кањон)СтругаЛасерЛеукемијаАутизамОслободителна Народна АрмијаМоскваНационални паркови во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеОпштина Ново Село🡆 More