Сочи

Сочи (руски: Со́чи) — град во Краснодарскиот крај, Русија, сместен на брегот на Црното Море близу границата помеѓу Грузија/Абхазија и Русија.

Поголемата област на Сочи, која вклучува територии и области подредени на градот Сочи, има вкупна површина од 3.526 км2 и се протега 145 километри долж брегот на Црното Море близу Кавказот. Површината на самиот град изнесува 176,77 км2. Според пописот во 2010, градот имал постојано население од 343.334 жители, додека во 2002 имал 328.809 жители, со што е најголемо руско одморалиште. Тоа е едно од малкуте места во Русија со суптропска клима, со топли до жешки лета и свежни зими.

Сочи
Сочи
Град
Зимски театар во Сочи
Зимски театар во Сочи
Знаме на СочиГрб на Сочи
ДржаваРусија
Федерален субјектКраснодарски Крај
Основан во1838
Управа
 • ОрганГрадско собрание
 • ПретседателАнатолиј Пахомов
Површина
 • Вкупна176,77 км2 (6,825 ми2)
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (попис 2010)
 • Вкупно343.334
 • проц. од (2018)424.281 (+23,6%)
 • Ранг52. во 2010
 • Густина19/км2 (50/ми2)
 • Подреден наГрад Сочи
 • Седиште наГрад Сочи
 • Градски округУрбан округ Сочи
 • Седиште наУрбан округ Сочи
Часовен појасмосковско време Уреди википодатоци (UTC+3)
Поштенски бр.354000, 354002–354004, 354008–354010, 354013, 354014, 354018, 354019, 354022, 354024, 354025, 354030, 354031, 354033, 354036, 354037, 354039, 354053–354055, 354057, 354059, 354061, 354065–354068, 354071, 354073, 354084, 354099, 354200, 354202–354214, 354216–354218, 354220, 354226, 354231, 354233, 354299, 354340, 354346, 354348, 354349, 354354, 354355, 354364, 354380, 354382, 354383, 354399, 993501
Повик. број.+7 8622
Мреж. местоsochiru.ru

Сочи ќе биде домаќин на XXII Зимските олимписки игри и XI Зимски параолимписки игри во 2014, иако алпските и нордиските настани ќе се одржуваат во блискиот скијачки центар Роза Хутор во Краснаја Полјана. Сочи ќе биде домаќин на Големата награда на Русија во Формула 1 од 2014 и најмалку до 2010. Исто така ќе биде еден од градовите домаќини за Светското првенство во фудбал 2018.

Географија

Областа Сочи е распослана долж брегот на Црното Море со вкупна должина од 145 километри. Во зависност од изборот на границата помеѓу Европа и Азија, некои извори тврдат дека Сочи е во Европа, но доколку се користат Кавкаските Планини како граница, тогаш Сочи е во Југозападна Азија, припаѓајќи на јужната (азиска) страна на Големиот Кавказ. Гледано административно, Сочи припаѓа на Краснодарскиот крај, кој географски целосно припаѓа на Европска Русија, како што вообичаено се смета за сите територии на Русија западно од планината Урал и од реката Урал. Сочи се наоѓа на 1.603 километри од Москва.

Градот Сочи се граничи со округот Туапсински на северозапад, со округот Апшеронски и со округот Мајкопски на Републиката Адигеја на север, со округот Мостовски на северозапад и со Абхазија на југоисток. На југозапад се граничи со Црното Море.

Карта на Црното Море и местоположбата на Сочи
Сочи погледнат од Црното Море

Големо мнозинство на населението на Сочи живее во тесниот појас долж брегот и е организирано во независни микроокрузи (порано населби). Најголем од овие окрузи, од северозапад на југоисток, се Лазаревскоје, Ло, Дагомис, Сочи (Централен градски округ), Хоста, Мацеста и Адлер. Целиот град е сместен на падините на Западна Кавказ, кој се спушта до Црното Море и е преселен од реките. Најголеми реки во Сочи се Мзимта, која е всушност најголема притока на Црното Море во Русија и Шахе. Други реки се Аше, Псезуапсе, Сочи, Хоста и Мацеста. Реката Псоу ја определува границата со Абхазија.

Североисточниот дел на градот припаѓа на Кавказ Заповедник, што претставува светско природно наследство, покривајќи огромни области во Краснодарски крај и Адигеја. Скоро целата област во Поголемиот Сочи, со исклучок на брегот и на областа што припаѓа Кавказ Заповедник, се вклучени во Националниот парк Сочи.

Демографија

Градот има мнозинство на етнички Руси (~70%) и значајно ерменско малцинство (~20%), особено во градскиот округ Адлерски.

Година Вк. население Урбан Руси Ерменци Украинци Грузијци
1887 98 н.п.
1891 460 н.п.
1897 1.352 н.п 37,9% 6,0% 19,9% 17,1%
1904 8.163 н.п.
1916 13.254 н.п.
1926 13.000 н.п.
1939 72.597 49.813
1959 127.000 81.912
1970 245.300 203.100
1979 292.300 245.600
1989 385.851 339.814
1992 369.900 322.400 68,7% 14,2% 5,9% 1,5%
1994 378.300 н.п.
1997 388.200 н.п.
2002 397.103 332.778 67,5% 20,2% 3,7% 2,3%
2006 395.012 329.481
2007 402.043 331.059
2008 406.800 334.282
2009 410.987 337.947
2010 420.589 347.932 69,92% 20,09% 2,29% 2,03%
Извор, ако не е поинаку обележано:

Религија

Сочи 
Црквата на Св. Мандалион

Пред 1864, Сочи бил мало село. На север, неколку стотици сунити со адигејско потекло, живееле околу Тхагапш, близу Лазаревскоје. Адигејците преминале од Ислам во Христијанство во XVII век.

Моментално, Сочи е преовладувачки христијански град, иако се претпоставува дека има околу 20.000 муслимани (5% од населението), мнозинството од нив се Адигејци, како и други групи.

Била изградена џамија во 2008 од ОАЕ во средишниот дел на Битха, како надополнување на старата џамија, која се наоѓала 40 километри северно од центарот на градот.

Постојат околу триесет православни цркви, а најголема помеѓу нив е онаа на Св. Михаил и два манастири, плус две католички цркви, една во центарот на Сочи и другата во Лазаревскоје. Ерменската заедница, која е важна во Сочи, поседува околу десет цркви.

Клима

Сочи има влажна суптропска клима (Кепенова класификација на климата Cfa), на пониските височини. Просечна дневна температура во градот е 18,4 °C, додека ноќе паѓа на 11 °C. Во најладните месеци, јануари и февруари, просечната температура изнесува околу 10 °C преку ден и над 3 °C ноќе, додека просечната морска температура е околу 9 °C. Во најтоплите месеци, јули и август, температурата вообичаено се движи од 25 °C до 29 °C во текот на денот, околу 20 °C ноќе, а просечната температура на морето се движи од 23 °C до 24 °C. Градот има околу 2.200 сончеви часови во текот на годината. Обично, летната сезона трае шест месеци, од мај до октомври. Два месеци, април и ноември, се преодни; понекогаш температурите достигнуваат 20 °C, со просечна температура од околу 16 °C по ден и 9 °C ноќе. Декември, јануари, февруари и март се најладни месеци, со просечни температури (од овие четири месеци) 11 °C во текот на денот и 4 °C ноќе. Просечно има околу 1700 мм врнежи во текот на годината. Сочи се наоѓа на истата должина како Ница, но силните студени ветришта од Азија ги прават зимите помалку топли. Всушност, температурите паѓаат под нулата секоја зима на еден или два дена. Највисока забележана температура била 39,4 °C на 30 јули 2000, а најниска забележана температура била -13,4 °C на 25 јануари 1892.

Клима на Сочи
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 21,2 23,8 30,0 31,6 34,3 35,5 39,4 36,3 36,0 32,1 29,1 23,1 39,4
Просечна максимална (°C) 10,3 10,4 12,8 16,3 20,5 24,8 28,0 28,8 25,5 21,0 16,1 12,3 18,9
Просечна температура (°C) 5,9 6,0 8,4 11,7 16,0 20,5 23,8 24,4 20,5 16,0 10,7 7,5 14,3
Просечна минимална (°C) 2,5 2,5 4,7 7,8 11,8 16,5 19,8 20,5 16,5 12,3 7,0 4,0 10,5
Апсолутна минимална (°C) −13,4 −12,6 −6,9 −5 3,0 7,1 12,6 10,4 2,7 −3,2 −5,4 −8,3 −13,4
Просечно кол. врнежи (мм) 184 135 121 120 110 104 128 121 127 167 201 185 1.703
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 19 18 18 18 16 14 11 10 13 15 17 20 189
Снежни денови (≥ 2,0 см) 6 6 3 0,3 0 0 0 0 0 0 1 4 20
Влага (%) 73 72 72 75 79 79 79 78 76 76 74 72 75
Сончеви часови (месечно) 96,1 107,4 145,7 162,0 220,1 258,0 279,0 282,1 225,0 195,3 120,0 86,8 2.177,5
Просечни температури на морето (1977–2006).
Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Год
9,6 °C 8,7 °C 9,6 °C 11,2 °C 15,2 °C 19,6 °C 24,0 °C 25,3 °C 23,1 °C 19,5 °C 14,9 °C 11,5 °C 16,0 °C

Познати луѓе

  • Јуриј Денисјук — физичар
  • Андреј Гејм — физичар, истражувач на графенот и добитник на Нобелова награда за 2010
  • Јевгениј Кафелников — тенисер
  • Дарија Кондакова — ритмичка гимнастичарка
  • Григориј Лепс — пејач, текстописец, музичар
  • Слава Метревели — фудбалер
  • Владимир Немшилов — олимписки пливач
  • Борис Немцов — политичар
  • Мордехај Шпиглер — руско-израелски фудбалер и менаџер
  • Владимир Ткаченко — кошаркар
  • Елена Веснина — тенисерка
  • Алексеј Војевода — боб-санкач
  • Харис Јуничев — советски пливач
  • Марија Шарапова — тенисерка

Збратимени градови

Сочи е збратимен со следниве градови:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Сочи ГеографијаСочи ДемографијаСочи КлимаСочи Познати луѓеСочи Збратимени градовиСочи ГалеријаСочи НаводиСочи Надворешни врскиСочиАбхазијаГрузијаКавказ (планински венец)Краснодарски крајРусијаРуски јазикСуптропски појасЦрно Море

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Дневникот на Ана ФранкАлцхајмерова болестОпштина Крива ПаланкаМакедонска крвава свадбаТито ПетковскиМакедонски парламентарни избори (2014)ТунисБиблијаКафеСписок на држави во светотВтора влада на Никола ГруевскиБели мугриПопис на населението во Македонија (2021)ОНАПолип на маткатаРомски јазикПрометејДемократска партија на АлбанцитеДемократски сојузУстав на МакедонијаКичевоКрушевска РепубликаДиво месо (драма)Водочки манастирВенко ФилипчеЦирозаХемороидМуса ЏафериКалендар на Велигденски датумиМарокоПолитичка партијаМакедонска граматикаДомашно говедоМустафа Кемал АтатуркАвтобиографија (Григор Прличев)АнтибиотикКорупцијаДемократска алтернативаСлавко ЈаневскиАнтибиотик со широк спектар на дејствоМакедонска азбукаРодина МакедонијаМртво МореТамбура (македонска)РусијаБерлински конгресРоднински односиЕкологијаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаЕгејска МакедонијаАвантурите на ПинокиоИндијаИнтернетРаковиМакедонски парламентарни избори (2006)Движење БесаГордана Силјановска-ДавковаВелесГеографија на МакедонијаГордана ЈанкулоскаОпштина ВрапчиштеАдаптација (биологија)Арбен ЏафериИзборна единица 2Скржавецот (Плавт)Општина СтругаБилјана ВанковскаГлаголТеута АрифиПоп-музикаМајка ТерезаЃокица ЛукаревскиЗвукБелото ЦиганчеРеферендум во Македонија (1991)Општина Чашка🡆 More