Процент

Во математиката, процент (симб.

%, од лат. pro centum = „насто“) или отсто — стоти дел од некое количество или од некој број што се зема за единица. На пример 56 % е еднакво на 56100 или 0,56 и се искажува „педесет и шест проценти“, „педесет и шест насто“ или „педесет и шест отсто“. Честа грешка во Македонија е кога ќе се каже „посто“.

Процент

Процентот се користи за изразување на големината на некоја величина во однос на друга величина. Првата изразува дел или промена од, втората величина, која треба да е поголема од нула. На пример, ако цена од 250 ден. ја зголемиме за 15 ден., тоа ќе биде пораст од 15/250 = 0,06. Процентуално изразено, ова е пораст од 6 %.

Иако процентот обично изразува стапка на умножување помеѓу нула и еден, ова може да важи за секоја бездимензионална пропорционалност. На пример, 111 % е 1,11, а −0,35 % е −0,0035.

Пресметка

При вршење на процентуални пресметки, треба да се запомни основното правило дека симболот за процент може да се смета за истоветен на чистобројната константа Процент . На пример, 35 % од 300 може да се запише како (35/100) · 300 = 105.

За да го најдеме процентот што го претставува една единица од поголема целина од N единици, тогаш делиме 100 % со N. На пример, ако имаме 1250 јаболка, и сакаме да дознаеме колкав процент од тоа е едно јаболко, пресметуваме: 100 %/1250 = (100/1250) %, што дава 0,08 %. Значи, ако тргнеме настрана едно јаболко, сме тргнале 0,08 % од јаболката. Ако тргнеме 100 јаболка, сме тргнале 100 · 0,08 % = 8 % од тие 1250 јаболка.

За да пресметаме процент на процент, ги претвораме двата во дропки врз 100 (или во децимали), па ги множиме. На пример, 50 % од 40 % изнесува:

    (50/100) · (40/100) = 0,50 · 0,40 = 0,20 = 20/100 = 20 %.

Погрешно е да се користи знак за делење или дробна црта заедно со знакот за процент (на пр. 25 % = 25/100 = 0,25, а не 25 % / 100, што всушност изнесува (25/100) / 100 = 0,0025.)

Лесен начин на собирање проценти (попуст 10 % + 5 %):

    Процент 

На пример, ако некоја продавница има „попуст 10 %+5 %“, тогаш вкупниот попуст не изнесува 15 %, туку:

    Процент 

Пример за проблем

Кога работиме со проценти, треба да се има на ум прашањето „во однос на што?“, т.е. што ја сочинува целината од 100 %. Ова се гледа од следниов проблем.

    На некој факултет, 60 % од студентите се женски, а 10 % од сите студенти студираат информатика. Ако 5 % од студентките студираат информатика, тогаш колкав процент од студентите по информатика се женски?

Ако сакаме да го пресметаме соодносот помеѓу женските информатичари и сите информатичари: знаме дека 60 % од сите студенти се женски, а од нив 5 % студираат информатика, па заклучуваме дека (60:100) · (5:100) = 3:100 или 3 % од стидентите се информатичарки. Ова го делиме со 10 % од студентите по информатика, па го добиваме одговорот: 3 %/10 % = 30/100 или 30 % од сите информатичари се женски.

Овој пример е потесно поврзан со условната веројатност.

Еве други примери:

  1. Колку е Процент  од Процент ?
      Решение: Процент 
  2. Колку е Процент  од Процент ?
      Решение: Процент 
  3. Процент  од студентите на факултетот студентки. Има Процент  студентки. Колку вкупно студенти има на факултетот?
      Решение: Процент , затоа Процент .
  4. Има Процент  мачки во селото, а Процент  се црни. Колку проценти од мачките во селото се црни?
      Решение: Процент , значи Процент , па затоа Процент .
  5. Бројот на студентите на факултетот се накачил на Процент , во споредба со ланските Процент , што значи апсолутен пораст од Процент  студенти. Колкав е порастот во проценти?
      Решение: Процент , значи Процент , па затоа Процент .

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Процент ПресметкаПроцент ПоврзаноПроцент НаводиПроцент Надворешни врскиПроцентДецималаДропкаЛат.МакедонијаМатематикаСимбол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Армија на МакедонијаОпштина Центар ЖупаИсламГуглВилијам ШекспирАлександар КирацовскиПролетЛимфомТоме АрсовскиГрадинарствоПарадоксот на ДиогенХристо УзуновВелко НеделковскиЛокални избори во Македонија (2021)ВодаОпштина ЦентарМуса ЏафериДајреОпштина Крива ПаланкаДрогаitqmaЦрква „Св. Софија“ — ОхридСолунски атентатиПремиер на МакедонијаБраќа МиладиновциХајди (роман)ХолокаустДемократски сили на РомитеВлада на Македонија од 1992ЗаушкиОвчи сипанициМакедонски претседателски избори, 2004Општина ПласницаОпштина КривогаштаниСрбијаМакедонски претседателски избори (2014)Бубрежен каменДимитар МиладиновОче нашРак на грлоОпштина СтуденичаниПридавки во македонскиот јазикПере ТошевСкратеници во македонскиот јазикКичевоВлада на Љубчо ГеоргиевскиТарабукаМакедонски БродМалиот принцДемографија на МакедонијаХоландијаДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаАрбен ТаравариЌемане (македонско)АутизамВооружена престрелка во Куманово (2015)Мајка ТерезаСтара скопска чаршијаРационализамАтентат врз Киро ГлигоровОпштина ЖелиноМакедонски парламентарни избори, 2016Садула ДуракуДаме ГруевЧернобилска несреќаДневникот на Ана ФранкОзонска обвивкаМакедонски јазикМакедонциМалтаМакедонски претседателски избори (1994)Народноослободителна борба во Вардарска МакедонијаСкопјеДекларацијаЗлосторство и казнаК-15Гордана Јанкулоска🡆 More