Летни Олимписки Игри 1992

25.

Летни олимписки игри се одржале во 1992 во Барселона.

XVI Зимски олимписки игри
Град домаќин Албертвил, франција
Бр. на држави 169
Бр. на спортисти 9,356 (6,652 мажи, 2,704 жени)
Натпревари 286 од 32 спортови
Отворени 8 февруари
Затворени 23 февруари
Официјално отворени од: Хуан Карлос I
Спортска заклетва Луис Доресте Бланко
Олимписка заклетва Евгени Асенсио
Олимписки оган Антонио Реболо
Стадион Театар на Церемониите

Изборот на град-домаќин

Барселона, родниот град на тогашниот претседател на МОК Хуан Антонио Самаранч бил избран за град-домаќион на игрите со победата на противкандидатските градови: Амстердам, Белград, Бирмингем, Бризбејн и Париз на 91. сесија на МОК одржана во Лозана на 17 октомври 1986. Резултатие од гласањето се дадени во следната табела (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).

Реултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1992
Град Име на НОК Прв круг Втор круг Трет круг
Барселона Летни Олимписки Игри 1992  Шпанија 29 37 47
Париз Летни Олимписки Игри 1992  Франција 19 20 23
Белград Летни Олимписки Игри 1992  СФР Југославија 13 11 5
Бризбен Летни Олимписки Игри 1992  Австралија 11 9 10
Бирмингем Летни Олимписки Игри 1992  Обединето Кралство 8 8 -
Амстердам Летни Олимписки Игри 1992  Холандија 5 - -

Ретроспектива

Параолимпискиот натпреварувач во стреличарство Антонио Реболо истрелал стрела со што го запалил Олимпискиот оган.

  • Во кошарка, репрезентацијата на САД предводена од Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли и Лари Б'рд го освоила златниопт медал.
  • Јужноафриканската Република се вратила на игрите по 28 годишна пауза. Натпреварувачката од оваа земја Елана Меер водела голема борба со Етиопјанката Дерарту Тулу во трката на 10,000m, но сепак не успеала да победи и го освоила сребрениот медал.
  • Германија настапувала како една нација што за последен пат било случај на Летните олимписки игри - 1960 одржани во Рим.
  • Со распадот на Советскиот Сојуз, Латвија, Литванија и Естонија настапиле како смаостојни учеснички по пауза од 56 години, а останатите нации од „големата држава“ настапиле како Заедница на независни држави (ЗНД).
  • Распадот на СФР Југославија довел Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина да настапат самостојно на игрите, додека на спортистите од СФР Југославија им било забрането да настапат за својата репрезентација, па настапиле под Олимпиското знаме како независни олимписки учесници. Македонија не учествувала на игрите.
  • Виталиј Шчербо од Белорусија освоил 6 златни медали во гимнастика од кои 5 биле вои поединечна конкуренција со што го изедначил рекордот по број на освоени медали во поединечна конкуренција Ерик Хелден.
  • Во гимнастика во женска конкуренција, Татјана Гуцу освоила злато во комбинација.
  • Во скокови во вода Фу Мингксиа од Кина освоила златен медал во највисоката дисциплина на возраст од само 13 години.
  • Пливачите од Русија Александар Попов и Евгениј Садовиј доминирале во пливање во слободен стил. И двајцата освоиле по 2 златни медали, а Садовиј освоил и трет како дел од штафетата на Русија.
  • Елевин Ешфорд го освоила својот четврти златен, а трет златен во штафетата 4x100m во атлетика на Олимписките игри.
  • Кристина Егерсеги од Унгарија освоила 3 златни медали во пливање во поединечна конкуренција.
  • По демонстрацијата како спорт на 7 Олимиски игри, конечно бејзболот станал Олимписки спорт. Првиот комплет на медали го освоиле: Куба (злато), Кинески Тајпеј (сребро) и Јапонија (бронза).
  • Спортот хокеј на ролерки или попознат како Квад бил демонстративен спорт на игрите во Барселона. Репрезентациите настапиле поделени во две групи А и В. Во А групата биле Португалија, Аргентина, Италија, САД, Швајцарија и Јапонија додека во В групата настапиле Холандиоја, Бразил, Шпанија, Германија, Ангола и Австралија.
  • Спортот бадминтон станал дел од Олимписките игри. Исто така за првпат и спортистките настапиле во спортот џудо, а дисциплината кајак на диви води се вратила во натпреварувачката програма во спортот кано/кајак по пауза од 20 години.
  • Покрај хокејот на ролерки (Квад) и спортовите баскиска пелота и теквондо биле демонстративни спортови на игрите.
  • Крис Бордман победил на 400m во друмски велосипедизам за Велика Британија.
  • Линфорд Кристи, конечно на 32 години победил во трката на 100m со што станал најстариот победник во оваа атлетска тркачка дисциплина.
  • На 20-годишнината од Минхенскиот масакар и на 500-годишнината од Едиктот Алхамбра, Јаел Арад на својата земја Израел и го донела првиот медал на својата земја со освојувањето на сребрениот медал во џудо. Наредниот ден Орел Смаџа во истиот спорт освоил бронза.
  • Олимпискиот првак во скок со стап од Сеул Сергеј Бубка останал со празни раце.
  • За овие Олимписки игри напишани и изведени биле 2 музички теми. Првата носела наслов „Барселона“ и била напишана 5 години порано од Фреди Меркјури, а втората била „Пријатели за животот“ напишана од Ендрју Лој Вебер и Дон Блек.

Спортови

Демонстративни спортови

  • Баскиска пелота
  • Хокеј на ролерки (Квад)
  • Теквонд
  • Валенсиска пилота

Земји-учеснички

Летни Олимписки Игри 1992 
Земји-учеснички

На игрите во Барселона учество земале спортисти од 169 земји. Со распаѓањето на Советскиот Сијуз, балтичките земји Латвија, Литванија и Естонија учествувале самостојно, а останатите земји од поранешната држава учествувале како Заедница на независни држави. А, со распаѓањето на СФР Југославија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина настапиле самостојно, а на СФРЈ и било забрането да настапи, па нејзините спортисти настапиле како независни олимписки учесници. Македонија не настапила на игрите. На игрите дебитирала Намибија.

  • Независни олимписки учесници (59)

Освојувачи на медали

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Летни Олимписки Игри 1992  Заедница на независни држави 45 38 29 112
2 Летни Олимписки Игри 1992  САД 37 34 37 108
3 Летни Олимписки Игри 1992  Германија 33 21 28 82
4 Летни Олимписки Игри 1992  НР Кина 16 22 16 54
5 Летни Олимписки Игри 1992  Куба 14 6 11 31
6 Летни Олимписки Игри 1992  Шпанија 13 7 2 22
7 Летни Олимписки Игри 1992  Република Кореја 12 5 12 29
8 Летни Олимписки Игри 1992  Унгарија 11 12 7 30
9 Летни Олимписки Игри 1992  Франција 8 5 16 29
10 Летни Олимписки Игри 1992  Австралија 7 9 11 27

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Летни Олимписки Игри 1992 Изборот на град-домаќинЛетни Олимписки Игри 1992 РетроспективаЛетни Олимписки Игри 1992 СпортовиЛетни Олимписки Игри 1992 Земји-учесничкиЛетни Олимписки Игри 1992 Освојувачи на медалиЛетни Олимписки Игри 1992 ПоврзаноЛетни Олимписки Игри 1992 Надворешни врскиЛетни Олимписки Игри 19921992Барселона

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТокиоСписок на државни знамињаИзет МеџитиАвтоимуна болестНаполеон БонапартБошко СмаќоскиМолскавициАнтичка МакедонијаПрочкаЉубе БошкоскиАна ФранкБарешаниОпштина ВиницаКлеопатраКрсте Петков МисирковПодгорциЕрусалимЏек ЛондонСтобиОпштина ОхридЛасерЧовечки скелетЕнергијаИзраелГеографија на МакедонијаХемоглобинОктомвриска револуцијаЕлектромагнетСкопски земјотрес (1963)ТрескавецТранспирацијаМорфологија на македонскиот јазикФизикаГалија (брод)Кипар‘Рбетен столбМаркови Кули (Прилеп)Девојката со бисерна обетка (филм)Општина ВаландовоМенструален циклусЧасовен појасМојот звукКорошиштаЖелудникАквилејаТешкотоОпштина БеровоМоравска мисијаЛожаниПипи Долгиот ЧорапМакедонија во Првата светска војнаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваФотосинтезаГаличка свадбаДабМузикаБескрајна приказнаКалендар на Велигденски датумиМакедонска азбукаМејозаЦрна смртСветлинаСреброПертусисПанонски легендиТрстЧовечки папиломен вирусЗлосторство и казнаЕгипетГлавна страницаЦирозаБрод (пловило)Цар Едип (драма од Софокле)Дијана (принцеза од Велс)КуранДемократска партија на Турците на МакедонијаНаталитет🡆 More