Кмерски Јазик: главен јазик на Камбоџа

Кмерскиот или камбоџански јазик (ភាសាខ្មែរ) е службен јазик во азиската држава Камбоџа и мајчин јазик на Кмерите.

Овој јазик е втор најмногу зборуван австроазиски јазик, веднаш зад виетнамскиот јазик со вкупно околу 15,7 до 21,6 милиони говорници. Кмерскиот јазик бил под одредено влијание од санскритскиот и палискиот јазик, особено во кралскиот и религискиот домеин прифатени преку хиндуизмот или бидизмот. Исто така, кмерскиот јазик е најраниот запишан мон-кмерски јазик. Поради самата географска положба на јазикот, кмерскиот имал влијание врз и од тајландскиот, лаоскиот, виетнамскиот и чамскиот, кои пак создаваат една лингвистичка група со слични одлики пред сè поради сличниот санскритски зборовен фонд.

Кмерски
ភាសាខ្មែរ
Изговор[pʰiːəsaː kʰmaːe]
Застапен воКамбоџа, Виетнам, Тајланд, САД, Франција, Австралија
Говорници15,7 до 21,6 милиони (2004)
  • Мајчин јазик: 14,7 до 20,6 милиони
    • Камбоџа: 12,1 милиони
    • Виетнам: 1.055.174
    • Тајланд: 1,2 милиони
    • САД: 190.000
    • Франција: околу 50.000
    • Австралија: 22.000
    • Канада: 16.500
  • Втор јазик: 1 милиони во Камбоџа  
Јазично семејство
австроазиско
Статус
Службен воКамбоџа Камбоџа
Јазични кодови
ISO 639-1km
ISO 639-2khm
ISO 639-3или:
khm — централен кмерски јазик
kxm — северен кмерски јазик

Кмерскиот јазик се служи со свое писмо познато како аксарско или кмерско писмо. За разлика од околните јазици во Индокина, кмерскиот јазик не е тонски јазик. Јазикот е составен од пет главни дијалектни групи, а тие се:

  • Батамбанг - се зборува во северна Камбоџа.
  • Пном Пен - дијалект кој се зборува во и околу главниот град.
  • Северен кмерски - се зборува во североисточен Тајланд.
  • Јужен кмерски или кмерски кром - дијалект кој се зборува во делтата на реката Меконг.
  • Кардамомски кмерски - архаична форма која се зборува на планините Кардамом во западна Камбоџа.

Фонологија

Стандардниот Кмерски јазик го има следниот фонолошки систем:

Согласки

Лабијални Корнални Напчани Веларни Глотални
Звучни експлозивни
Незвучни експлозивни p t c k ʔ
Неексплозивни ɓ ɗ
Носни m n ɲ ŋ
Ликвидни r l
Фрикативни s h
Априксимантни ʋ j

Согласките /f/, /ʃ/, /z/ и /ɡ/ можат да се сретнат во странски зборови како на пример од Француски или други јазици. Тие не се напишани во табелата затоа што не се сметаат како Кмерски согласки и гласовите не се сретнуваат во Кмерскиот јазик.

Самогласки

Странски гласови (МФА) Кмерски Кмерска транскрипција (МФА)
/ɡ/ ហ្គ /k/
/ʃ/ ហ្ស /s/
/f/ ហ្វ /h/ or /pʰ/
/z/ ហ្ស /s/

Точниот број и фонетската вредност на самогласките варира од дијалект до дијалект. Кратките и долгите самогласки од ист квалитет се одделени според должината.

Слоговна структура

Кмерските зборови се најчесто од два или три слогови. Има 85 можни структури на две согласки на почетокот на слогот и две- три согласни структури како што е покажано подолу:

p ɓ t ɗ c k ʔ m n ɲ ŋ j l r s h ʋ
p pʰt- - pʰc pʰk- - pʰn- pʰɲ- pʰŋ- pʰj- pʰl- pr- ps-
t tʰp- tʰk- - tʰm- tʰn- tʰŋ- tʰj- tʰl- tr- tʰʋ
c cʰp- cʰk- - cʰm- cʰn- cʰŋ- cʰl- cr- cʰʋ-
k kʰp- kʰt- - kʰc - kʰm- kʰn- kʰɲ- - kʰj- kʰl- kr- ks- kʰʋ-
s sp- st- - sk- - sm- sn- - - sl- sr-
ʔ ʔʋ-
m mt- - mc - mʰn- mʰɲ- ml- mr- ms- mh-
l lp- lk- - lm- - lh- -

Броеви

Броевите се:

0 សូន្យ (son) /soːu̯n/
1 មួយ (muŏy) /muːə̯j/
2 ពីរ (pi) /piː/
3 បី (bei) /ɓəj/
4 បួន (buŏn) /ɓuːə̯n/
5 ប្រាំ (prăm) /pram/
6 ប្រាំមូយ (prăm muŏy) /pram muːə̯j/
7 ប្រាំពីរ (prăm pi) /pram piː/ (also /pram pɨl/)
8 ប្រាំបី (prăm bei) /pram ɓəj/
9 ប្រាំបួន (prăm buŏn) /pram ɓuːə̯n/
10 ១០ ដប់ (dâp) /ɗɑp/
100 ១០០ មួយរយ (muŏy rôy) /muːə̯j rɔj/
1,000 ១០០០ មួយពាន់ (muŏy péan) /muːə̯j piːə̯n/
10,000 ១០០០០ មួយម៉ឺន (muŏy mein) /muːə̯j məɨn/
100,000 ១០០០០០ មួយសែន (muŏy sên) /muːə̯j saːe̯n/
1,000,000 ១០០០០០០ មួយលាន (muŏy léan) /muːə̯j liːə̯n/

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Кмерски Јазик ФонологијаКмерски Јазик БроевиКмерски Јазик НаводиКмерски Јазик Надворешни врскиКмерски ЈазикАвстроазиски јазициАзијаБудизамВиетнамски јазикКамбоџаЛаоски јазикМон-кмерски јазициСанскритСлужбен јазикТајландски јазикХиндуизам

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Сојузни држави на САДФилиз Ахмет20000 милји под моретоХимна на ВМРОРимско ЦарствоГолеми и мали (роман)Меѓународни празнициКрсте Петков МисирковАнтибиотик со широк спектар на дејствоИсламМозокСедум светски чуда на античкиот светАлшарЈохан ТарчуловскиБитолаГласачки системКафеава мечкаЕгејска МакедонијаПрирокВелики четвртокСоединети Американски ДржавиМакедонско востаниеДржавна изборна комисијаНационален парк МавровоГрегоријански календарУпад во Собранието на Македонија (2017)Избори во МакедонијаВМРО-ДПМНЕДемократска партија на Турците на МакедонијаСписок на македонски народни и староградски песниМејозаЧернобилска несреќаПоштенски броеви во МакедонијаМеталБигорски манастирСписок на градови во ГерманијаАбортусМакедонија во Втората светска војнаБроеви во македонскиот јазикАртан ГрубиЖелезоОхридски рамковен договорГраѓанска опција за МакедонијаБели мугриГликемијаБела мечкаРелигија во МакедонијаСтобиСрпска напредна странка во МакедонијаШпанијаДвижење БесаМочуриштеИсторија на македонскиот народКавадарциАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаПетар ПанАнемијаУкраинаПоп-музикаДекамеронБалкански рисХераклеја ЛинкестисГустав ШвабПретседател на МакедонијаНикола ТодоровДен на ослободувањето (Италија)Македонска православна црква - Охридска архиепископијаПрва светска војнаЈулијански календарСвети Наум (манастир)Никола КљусевЕлизабета ЃоргиевскаЛазарова саботаХамлетЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарЛокални избори во Македонија (2021)🡆 More