Кавказ

Кавказ — област во Евроазија коjа на север граничи со Русија, на југоисток со Турција, на запад со Црно Море, на исток со Касписко Море и на југ со Иран.

Во Кавказ спаѓа и планинскиот венец Кавказ (Кавкаски Пл.) и околните низини.

Кавказ
Топографска карта на Кавказот.
Кавказ
Политичка карта на Кавказот.

Кавказ се граница помеѓу Европа и Азија, а за териториите во тој регион различно се смета дека му припаѓаат на еден или и на двата континента. Највисок врв на Кавказ е Елбрус (5.642 м) кој се смета и за највисок врв во Европа.

Кавказ е еден од лингвистички и културно најразновидните региони во светот. Денешните национални држави на Кавказ се пост-советските држави: Грузија, Ерменија, Азербејџан и делови од Русија. Руските делови се Ставрополски крај, Краснодарски крај а исто така и автономните републики Адигеја, Калмикија, Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија, Северна Осетија-Аланија, Ингушетија, Чеченија и Дагестан. Три територии во регионот тврдат дека се независни, но не се меѓународно признати: Абхазија, Нагорно-Карабах и Јужна Осетија.

Кавказ има огромно еколошко значење. На Кавказ има повеќе од 6400 видови растенија од кои 1300 се ендемски во регионот. Меѓу кавкаските животни спаѓаат леопардот, кафеавата мечка, волци, европскиот бизон, планински кози и златниот орел. Во кавкаскиот пејзаж преовладува мешана шума и значајни површини од карпеста површина над шумскиот појас.

Поврзано

Наводи

Tags:

ЕвроазијаИранКавказ (планински венец)Касписко МореРусијаТурцијаЦрно Море

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СопиштеСоцијализамГоце ДелчевНина Атанасова-ШкрињариќМакедонски парламентарни избори (2014)Борис ТрајковскиАвантурите на Том СоерТрансверзала (геометрија)СоцијалдемократијаСтојан АндовТамбура (македонска)Македонски парламентарни избори, 1990Грегоријански календарИзборна единица 5МоликаНационален парк Шар ПланинаЈужна АмерикаЛДПОслободителна народна армијаБиљал КасамиАрбер АдемиСвети ГеоргиМртво МореПролетМаксим ДимитриевскиОвчи сипанициОпштина ДебарИменкаНовациХристо УзуновБременостИзборни единици во МакедонијаСписок на градови во МакедонијаКалиопиИмер СелманиОпштина ЦентарСписок на реки во МакедонијаДанела АрсовскаЗагрозен видДијалекти на македонскиот јазикСипанициНационална демократска преродбаСрпска странка во МакедонијаДаниел ДефоБеровоСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Марк ТвенБаронМуса ЏафериТриаголникКарлес ПуџдемонЕгипетРеферендум во Македонија (1991)СардинијаПовикувачки броеви во МакедонијаАна ФранкПартија за движење на Турците во МакедонијаПретседател на Собранието на МакедонијаПрирокВтора светска војнаМакедонски претседателски избори (2019)Поделба на гласовите во македонскиот јазикЗаконодавна властААСтара скопска чаршијаБелградТунисПирамида (геометрија)Жолто МореГлавна страницаПриродаНационални паркови во МакедонијаТом СоерМакедонски парламентарни избори (1986)Изборна единица 6Претседател🡆 More