Нагорно-Карабах

Горен Карабах или Нагорно-Карабах, (ерменски: Լեռնային Ղարաբաղ Հանրապետություն, Lernayin Gharabaghi Hanrapetut’yun) (руски: Нагорный Карабах) познат и како Република Арцах - поранешна де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 км западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија.

Поради Азербејџанската Офанзива, Нагорно-Карабах официјално прекинува да постои на 01.01.2024 со потпишувањето на указот од страна на претседателот на Нагорно-Карабах.

Нагорно-Карабах
Լեռնային Ղարաբաղ  (ерменски)

Нагорный Карабах  (руски)

Нагорно-Карабах Нагорно-Карабах
Знаме Грб
Химна
„Слободен и независен Арцах“

територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена) територии контролирани од Азербејџан (светлозелена)

територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена)

територии контролирани од Азербејџан (светлозелена)

територии контролирани од Нагорно-Карабах (темнозелена)

територии контролирани од Азербејџан (светлозелена)

Главен град
(и најголем)
Степанакерт
39°52′N 46°43′E / 39.867° СГШ; 46.717° ИГД / 39.867; 46.717
Службен јазик ерменски, руски
Народности  над 99,7% Ерменци

0,2% Руси

0,1% други
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Самвел Шахраманајан
 •  Државен министер Артур Харутјуњан
Независност од Азербејџан 
 •  Референдум 10 декември 1991 
 •  Прогласена 6 јануари 1992 
 •  Признавање непризната 
Површина
 •  Вкупна 4,400 км2 
Население
 •  проценка за март 2021 г. 120,000 
 •  Попис 2015 150,932 
БДП (ПКМ) проценка за  г.
 •  Вкупен 713 млн. долари 
 •  По жител 4,803 долари 
Валута Арцахски драм, Ерменски драм (AMD)
Часовен појас AMT (UTC+4)
Се вози на десно
НДД .am
Повик. бр. +374 47

Потекло на поимот

Регионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабах (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското бах = градина).

Историја

Во 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорнокарабашка Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорнокарабашка Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија.

Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.

Население, јазик и религија

Население

Во Нагорно-Карабах живеат околу 120,000 жители од кои околу 99,7% се Ерменци. Околу 0,2% се Руси и околу 0,1% други.

Јазик

Поради тоа што регионот е претежно населен со Ерменци, во Нагорно-Карабах воглавно се говори ерменски. Официјални јазици се ерменски и руски. Азербејџанскиот пак, ретко се зборува.

Религија

Верници во Нагорно Карабах
Ерменска Православна Црква
  
94,5 %
Методисти
  
0,37 %
Јеховни Сведоци
  
0,23 %
Руска православна црква
  
0,13 %
Атеисти
  
4,13 %
Без религија
  
0,41 %
Други
  
1,08 %

Популацијата на Нагорно-Карабах главно има христијанска вера (околу 94,18% од населението). Околу 0,37% се Методисти, додека пак 0,23% се Јеховни Сведоци. Остатокот главно се без религија. Околу 94,5% се застапници на ерменската православна црква, додека пак 0,13% се застапници на руската православна црква во Нагорно-Карабах.

Наводи

Tags:

Нагорно-Карабах Потекло на поимотНагорно-Карабах ИсторијаНагорно-Карабах Население, јазик и религијаНагорно-Карабах НаводиНагорно-КарабахЈужен КавказАзербејџанБакуДе фактоЕрменијаЕрменски јазикРуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОдбојкаРевматоиден артритисГемиџииЗвукПретседателОпштина ПрилепИлинка МитреваБлагој ДавковДесет Божји заповедиАтрибут во македонскиот јазикИлинденско востаниеКрешник БектешиКандидСвети Наум (манастир)Партија за целосна еманципација на РомитеОпштина ИлинденВладимир ГлигоровЃорге ИвановМустафа Кемал АтатуркГолемата вода (роман)Граѓанска опција за МакедонијаОпштествено уредувањеМакедонски месециНационален парк ГаличицаМакедонски претседателски избори, 2004Ана ФранкЛила СтојановскаМозокСвети Кирил и МетодијКрива ПаланкаВтора светска војнаМакедонска радио-телевизијаИндонезијаРак на желудникШтипЗагадување на водатаМагнетна резонанцијаЖивотниОпштина АеродромМасакр во СребреницаСписок на градови во МакедонијаАтинаПечалбариПролетХороскопски знациОпштина Маврово и РостушеБели мугриКатастарски општини во МакедонијаВилма ТрајковскаТоше ПроескиСрпска странка во МакедонијаРепродуктивен системСтојан АндовТеодосиј СинаитскиОвчи сипанициРециклирањеОбласти во КазахстанАндреј ЖерновскиДемохристијанствоХристо УзуновПресметување на датумот на ВелигденМакедонско востаниеАлтернатива (политичка партија)Крсте Петков МисирковБекир ХалимиПодметХераклеја ЛинкестисЉупчо ЈордановскиХајди (роман)Список на градоначалници на Општина СтрумицаКрушевска РепубликаМеѓународен ден на трудотДУИОпштина ЖелиноЕрих КестнерРистиќева палата🡆 More