Јеховини Сведоци

Јеховини сведоци се милениумска  обновителна христијанска деноминација со нетринитаријарни верувања за разлика од главното христијанство.

Според годишникот од 2016 на Јеховините сведоци, од август 2019 година, организацијата известува за целиот свет членство од над 8,6 милиони следбеници кои се вклучени во евангелизирање, присуство на над 12 милиони, и на годишниот меморијал присуство од над 20.919.041. Тие се управувани од страна на водечко  тело на Јеховините сведоци, група на старешини во Бруклин, Њујорк, кој ги воспоставува сите доктрини. Верувањата на Јеховините сведоци "се засновани на нивните толкувања на Библијата и тие предпочитаат да го користат својот превод, Новиот Свет Превод на Светото Писмо. Тие веруваат дека уништувањето на денешниот свет систем на Армагедон е неизбежно и дека воспоставувањето на Божјото царство на земјата е единствено решение за сите проблеми со кои се соочува човештвото.

Јеховини Сведоци
Христијански собир во Сала на Царството на Јеховините сведоци.
Јеховини Сведоци
Јеховини сведоци проповедаат од куќа на куќа во Софија, Бугарија.

Групата се појавила од библиското студентско движење основано во доцните 1870-тите од страна на Чарлс Тејз Расел со формирањето на здружението сионска стражарска кула,со значителни организациски и доктринални промени под раководство на Јосиф Франкин Ратерфорд. Името Јеховини сведоци, е врз основа на Исаија 43:10-12, кое било усвоено во 1931 година за да се разликуваат од другите библиски студентски групи и да симболизира прекин од наследството од Раселовите традиции.

Религијата се развила како одговор на она што го виделе како компромис и корупција во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Името „Јеховини сведоци“ е земено од Исаија 43:10 во 1931 година. Горенаведената организација издава религиозни материјали од крајот на 19 век; најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.

Јеховини Сведоци
Јеховини сведоци проповедаат низ улиците на Лавов, Украина

Во 2019 имале околу 20,92 милиони луѓе што редовно или повремено ги посетуваат нивните собири. Сепак, како членови ги вбројуваат само оние што се јавуваат како објавители секој месец. За 2019 службена година, (од септември 2018 до август 2019) најголем број на објавители бил 8.683.117.

Главната тема на нивното учење е прославување на Божјето име и оправдување на Неговиот суверенитет, преку Неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто пришествие или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.

Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското Господово име, Јехова (или Јахве) коешто се сретнува повеќе од 7 000 пати во изворните библиски списи, обично преведено како „ЈХВХ“ или Јахве и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а преживеаните, покрај милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее небесна влада, со Спасителот Исус Христос како Цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.

Позицијата на религијата во врска со приговорот на совеста на воената обврска и одбивањето да ги поздрават националните знамиња ја донеле во конфликт со некои влади. Како резултат на тоа, некои Јеховините сведоци биле прогонувани и нивните активности се забранети или ограничени во некои земји. Постојаните правни предизвици од страна на Јеховините сведоци имаат влијание законодавство поврзано со човековите права во неколку земји.

Информации Број (2019)
Области во кои има Јеховини сведоци: 240
Највисок број на Јеховини сведоци за 2019: 8.683.117
Просечен број на Јеховини сведоци за 2019: 8.471.008
Собранија: 119.712
Број на бесплатни библиски курсеви што се водат: 9.618.182
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 20.919.041
    Јеховини сведоци во Македонија

Во Македонија првите припадници на оваа религиска група се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година.

Информации Број (2019)
Јеховини сведоци во Македонија: 1.287
Собранија во Македонија: 23
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт во Македонија: 2.752
Пораст 0,5%

Критика

Слобода на говорот и мисла

Доктрините на Јеховините сведоци се воспоставуваат од страна на водечкото тело, без консултација со другите членови. Религијата не толерира дисидентство за доктрините и практиките . Членовите кои отворено не се согласуваат со учењата на религијата се избегнувани. Публикациите на здружението Стражарска кула силно ги обесхрабруваат следбениците од преиспитување на своите доктрините, со расудување дека на Друштвото е да му се верува како "Божја организација". Таа, исто така, предупредува членовите да "се избегнува  независно размислување", тврдејќи дека ваквото размислување "било воведено од страна на Сатана ѓаволот" и "ќе предизвика поделби" .. Тие кои отворено не се согласуваат со официјалните учења се осудени како "отпадници".

Одбивање на трансфузија на крв

Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв, кои ги сметаат за кршење на Божјиот закон, врз основа на нивната интерпретација на Дела 15:28, 29 и некои други стихови. Од 1961 година свесното прифаќање на трансфузија на крв од страна на непокајнички член е основа за екскомуникација од религијата. Литературата на "Општество стражарска кула" ги насочува Сведоците да одбиваат трансфузија на крв, дури и во "живот или смрт ситуација". Јеховините сведоци прифаќаат безкрвни алтернативи и други медицински процедури наместо на трансфузија на крв, и "Општество стражарска кула" обезбедува информации за сегашните безкрвни медицински процедури.

Иако Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв , тие може да прифатаат некои фракции на крвна плазма на нивна сопствена совест. "Општество стражарска кула" нуди пред-форматирани трајни полномошни документи за забрана на големи крвни компоненти , во кој членовите можат да се определат за кои дозволени фракции и третмани тие лично ќе ги прифатат. Јеховините сведоци имаат воспоставено врски со болничките комитети како договор за соработка меѓу поединечни Јеховините сведоци и медицински професионалци и болниците.

Пропаднати предвидувања

Публикациите на Јеховините сведоци тврдат дека Бог ги користи Јеховините сведоци (претходно, Меѓународните Библиски студенти) да се разгласи неговата волја и дека им обезбедил посебно предвидување за Армагедон и за формирањето на Божјото царство. Некои нивни публикации, исто така, тврдат дека Бог го користи Јеховините сведоци и Меѓународниот Библијата студенти, како денешен пророк. Нивните публикации направиле различни предвидувања за светските настани кои веруваат дека биле пророчени во Библијата. Пропаднатите предвидувања доведоа до промена или напуштање на некои доктрини. Некои пропаднати предвидувања од Стражарска Кула беа беа претставени како "несомнени" или "одобрени од страна на Бог".

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Tags:

Јеховини Сведоци КритикаЈеховини Сведоци НаводиЈеховини Сведоци Надворешни врскиЈеховини Сведоци ПоврзаноЈеховини Сведоци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Шишман АнгеловскиЦар Едип (драма од Софокле)Македонски парламентарни избори, 2008Општина БрвеницаИстанбулКриптовалутаАнална фисураЈапонијаСтале ПоповКрал МаркоДвижење БесаЗемји членки на Европската УнијаЦрнила (драма)Упад во Собранието на Македонија (2017)БиблијаИзборна единица 2Вилма ТрајковскаОпштина ДолнениИлинденско востаниеМаксим ДимитриевскиЕдинствена МакедонијаНАТОИсторија на македонскиот народКрушевоХари КостовОтворени листиМакедонски претседателски избори (2024)Уд (македонски)Озонска обвивкаСистемски лупус еритематозусНеологизамРеферендум во Македонија (1991)Ристиќева палатаБајрамАлијанса за АлбанцитеВласиВикипедијаДаниел ДефоЅвезда од КутлешKлиндамицинМијациКаролина Ристова - АстерудОНАБерлински конгресПросветителствоТунисКалеш АнѓаУставен суд на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2014Македонски БродСамоилово ЦарствоАдаптација (биологија)Бубрежна слабостКомуњарПреспанско ЕзероОпштина ГостиварВтора влада на Зоран ЗаевРамнокрак триаголникМакедонија (регион)Ванчо НиколескиОпштина Шуто ОризариХристијанствоСтрептококен фарингитисКирил ПејчиновиќРеферендум во Македонија (2018)Глаголи во македонскиот јазикАфрикаАнгинаЛевица (политика)Советски СојузМала РечицаДонтов методХемороидМакедонски парламентарни избори (2024)Доктор Офболи🡆 More