Бакла: вид растение

Бакла (Vicia faba) – градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав.

Таа е едногодишно растение од фамилијата бобови (Fabaceae), со крупно семе кое се користи во исхраната како и гравот. Позната е и како фава грав.

Бакла
Бакла: Опис, Живеалиште, Распространетост
Илустрација на бакла во цвет
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Глушина
Вид: Бакла
Научен назив
Vicia faba
L.
Синоними

Faba sativa Moench.

Опис

Баклата е едногодишно растение со неразгранети, шупливи, четвртести исправени стебла, висока до 1 м. Листовите се меснати, синкавозелени со лисната дршка која продолжува во зашилен врв на кој има 2–3 пара седечки јајчести ливчиња. Залисците се крупни и срцести. Соцветијата се состојат од 2 до 4 крупни пеперужести бели и миризливи цвета. Мешунките во почетокот се исправени, а подоцна висечки. Попречниот пресек им е кружен, долги се од 8 до 12 см и околу 1–2 см широки. Младите се зелени и зелјести, а зрелите темномрки, кожести. Внатре мешунката е преградена со попречни ѕидови, содржи 2–5 грашести семки големи до 3 см.

Живеалиште

Баклата е редок посев кој се одгледува на влажни места, на богато земјиште. Се сее во втората половина на март. Се бере кога повеќето мешунки се созреани - поцрнат.

Распространетост

Преко 100 вида бакла се одгледуваат Стариот Свет. Во Северна Америка и во Канада, баклата релативно малку се одгледува.

Употреба

Баклата се користи како зеленчук. Во исхраната се користат млади мешунки или семе, богати со хранливи материи. 100 грама зрело сирово семе содржи 25 грама белковини, јаглехидрати, влакна и минерали.

Историја

Оваа мешунка била одгледувана уште во доцниот неолит, веројатно прво во Алжир или во југозападна Азија, подоцна, во железното врем веќе била раширена ширум Европа. Баклата била една од најважните намирници на средоземните цивилизации, особено кај Старите Грци и Римјани. Пред гравот да биде донесен од Америка во Европа, (пред XVI, XVII век) вариваta (слични на оние кои денес се прават од грав), биле подготвувани од бакла. Денес баклата најмногу се одгледува во Кина и Етиопија.

Здравствен аспект

Поленот и сировото семе од бакла содржат алкалоиди (вицин) кои може да предизвикаат хемолитичка анемија кај лицата кои имаат наследно нарушување на метаболизмот на еритроцита – недостаток на ензимот гликозо - 6 фосфат дехидрогеназ. Оваа состојба е позната како фавизам и често се јавува во подрачја зафатени од маларија. Хемолизата на еритроцити индуцирани од фавизам делува неповолно на развојот на предизвикувачот на маларија Plasmodium falcipacrum, па во извесна смисла претставува заштита од оваа болест.

Баклата е богата со аминокиселина Л-доп, која е претходник на допаминот, па им се препорачува на оболените од Паркинсоновата болест, бидејќи нивниот организам слабо произведува допамин.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Бакла ОписБакла ЖивеалиштеБакла РаспространетостБакла УпотребаБакла ИсторијаБакла Здравствен аспектБакла ГалеријаБакла НаводиБакла Надворешни врскиБаклаFabaceaeБобовиГравПлодРастениеСемеЦвет

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВенецијаОхридска пастрмкаЛинуксДолни ДисанМакедонско ракописно писмоРумена ВојводаРепублика КосовоТахикардијаШар ПланинаЈордан Поп Јорданов - ОрцетоДоста ДимовскаШишевски манастирНастинкаТестостеронЈана СтојановскаКрал МаркоХемоглобинМакедонски месециМасакр кај ВејцеРоманијаСписок на градови во Македонија по населениеСписок на птици во МакедонијаМаксим ДимитриевскиТумор на мозокМали сипанициФК ИнтерСписок на државни знамињаМенструален циклусФК ТетексНемања ГудељБроеви во македонскиот јазикМечкин лукМесечинаМариовциЕвропаБастион (музичка група)АнемијаПеперугиФудбалФК Шкендија ТетовоСписок на повикувачки броеви на земјитеОпштина ДолнениОпштина РесенЦрн дробЛазар КолишевскиБудизамКамењанеБалкански ПолуостровЦрква „Св. Недела“ - РанченциСпоменка (книга)Власинско езероПанкреасСител-телевизијаПеколот (Божествена комедија)Список на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Робинзон КрусоА1-телевизијаБилјана ТанескиОтоманско ЦарствоЗа македонцките работиВагинален исцедокЃорги ЈармовКожлеГоран СтефановскиМРП вакцинаКристијано РоналдоЧенто (населба)Општина СарајФарски ОстровиСирма ВојводаСвети ИлијаДијалекти на македонскиот јазикНационален парк ГаличицаПремиер лига на АнглијаДрачевоСпецијална антитерористичка единица „Тигар“СтругаБудваБаба Ванѓа🡆 More