Татарски Јазик: туркиски јазик

Татарски јазик (tatar tele, tatarça, татар теле, татарча) — туркиски јазик од алтајската група на јазици.

Јазикот е службен јазик во руската република Татарстан и мајчин јазик на Татарите.

Татарски јазик
татарча / tatarça / تاتارچا
Застапен воРусија
Говорници8 милиони  
Јазично семејство
алтајски
Статус
Службен воТатарстан
Јазични кодови
ISO 639-1tt
ISO 639-2tat
ISO 639-3tat
Татарски Јазик: Географска распространетост, службен стгатус, Потекло
Знак на метрото на татарски (горе) и руски

Географска распространетост

Татарскиот јазик се зборува во Татарстан, Русија, но и во делови од Кина, Турција, Полска, Украина, Финска и Средна Азија. Покрај тоа што татарскиот јазик е мајчин јазик на Татарите, тој е мајчин јазик на неколку илјади Маријци, Мордовци и Каратаи. Околу 94 % од Татарите изјавиле дека знаат татарски јазик за време на пописот во Русија во 2002.

службен стгатус

Татарскиот, заедно со рускиот, е службен јазик во Република Татарстан. Официјалното писмо на татарскиот јазик е кирилското татарско писмо, кое ги има основните кирилски букви и некои додатни букви кои се вовеле за потребите на татарската фонологија. Покрај кирилското писмо, јазикот понекогаш користи латинско и арапско писмо. Сите официјални документи во Татарстан се на кирилица, како и мрежните места. Сепак, во различни места каде татарскиот не е службен јазик, секој поединец може да користи и друго писмо, во зависност од неговата одлика.

Татарскиот јазик бил де факто службен јазик во 1917 година во Татарската Автономна Советска Социјалистичка Република. Исто така, се смета дека татарскиот јазик бил службен јазик во краткотрајната држава Идел-Урал, која била создадена нешто по Руската граѓанска војна. Сепак важно е да се напомене дека Болшевичка Русија не признавала службени јазици, но сепак имало дозволи за користење на некои јазици во одредени сегменти на јавната администрација.

Употребата на татарскиот јазик опаднала од 1930 па навака. Во 1980-те јазикот не се користел во училиштата, дури не и од татарските деца. Јазикот останал да се користи на разговорно ниво и најчесто во руралните области. Денес, сè уште, јазикот го нема статусот на престижен меѓу Татарите, но истиот не е ни загрозен јазик. Високо образование на татарски јазик може да се сретне само во Татарстан и тоа само кај универзитетите за хуманистички науки. Во целата република татарскиот е средство за секојдневна комуникација. Како прв службен јазик тој се користи во руралните окрузи на републиката, а рускиот е сè уште доминантен и најкористен јазик во целата република.

Потекло

Татарскиот јазик потекнува од т.н. кипчачко-прабугарска подгрупа на кипчачката група туркиски јазици.

Примери

  • äye - да
  • yuq - не
  • isänme(sez)/sawmı(sız) - здраво
  • sälâm - здраво
  • saw bul(ığız)/xuş(ığız) - до видување
  • zínhar öçen - молам
  • min - јас
  • sin - ти
  • ul - тој / таа / тоа
  • bez - ние
  • sez - вие
  • alar - тие
  • millät - народ

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Татарски Јазик Географска распространетостТатарски Јазик службен стгатусТатарски Јазик ПотеклоТатарски Јазик ПримериТатарски Јазик НаводиТатарски Јазик Надворешни врскиТатарски ЈазикЈазично семејствоАлтајски јазициТатариТатарстанТуркиски јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ААМакедонски парламентарни избори (2016)Атентат врз Киро ГлигоровХарфаОбласти во КазахстанНационален парк МавровоАутизамЦрнила (драма)Оче нашВиолинаВМРО ДПМНЕМакедонски КонцептГласањеЉубчо ГеоргиевскиПартија за движење на Турците во МакедонијаСлуз-цедење во грлотоНова либерална партијаСтефан БогоевСкржавецот (Плавт)Григор ПрличевБујар ОсманиДржавни празници во МакедонијаГитараОпштина ДебарЉупчо ГеоргиевскиГлаголицаСоцијалистичка партија на МакедонијаГолем ГрадЃорге ИвановПолитички спектарМакедонски парламентарни избори, 1990Ослободителна војска на КосовоМакедонија во Втората светска војнаКанцониеротСипанициНационализамОпштина НовациДемократски сојузБубрегЈордан КамчевВелигденВилма ТрајковскаСтрујно колоНародна Република КинаИнтеграПретседател на Собранието на МакедонијаДПАОкеанографијаСтрептококен фарингитисИзборни единици во МакедонијаМакедонски РомиПретседателЦентар ЖупаРак на усна празнинаПсоријазаТамбура (македонска)Борис СарафовОпштина ДебрцаЛавМала РечицаДеменцијаМакедонска револуционерна организацијаДел-реченицаДимитар КовачевскиПечалбариПоткастЛатвијаДарко КаевскиСинонимТоме АрсовскиПиперЦрвена Вода (Скопско)Мендух ТачиИзет МеџитиСписок на архаични зборови во македонскиот јазикПутурус🡆 More