Татари

Татари (татарски: Tatarlar/Татарлар)— заедничко име за некои туркојазични народи од Источна Европа и Средна Азија.

Денешниот татарски јазик се однесува кон кипчачката група на туркиските јазици. Денешните Татари се делат на Сибирски Татари, Астрахански Татари, Вазански Татари и Кримски Татари.

Татари
Tatarlar / Татарлар

Татари


Татари
ТатариТатари
Чарлс Бронсон • Муса Џалил
Елвира Набиулина • Ринат Ахеметов • Земфира
Рудолф Нурејев • Марат Сафин • Ринат Дасаев
Вкупен број
6,426,900
Подрачја со значајно население
Татари Русија5,554,601
Татари Узбекистан324,080
Татари Казахстан261,000
Татари Таџикистан97,000
Татари Украина69,000
Татари Туркменистан60,000
Татари Киргистан52,000
Татари Азербејџан30,000
Татари Турција26,000
Татари Романија23,000
Татари Белорусија13,000
Татари САД11,000
Татари Кина7,500
Татари Полска4,900
Татари Грузија3,700
Татари Литванија3,000
Татари Молдавија2,800
Татари Латвија2,689
Татари Естонија2,500
Татари Финска800
Јазици
татарски јазик, руски јазик
Вероисповед
Воглавно ислам со малцинско православно население

Историски, Татарите се едно од монголските племиња и зборуваат на монголски јазик. Покорени од Џингис Хан, подоцна се вклучуваат во монголските напади врз Азија и Европа. Името ,,Татари" средновековните писатели го изведуваат од името на Тартар, грчки бог на подземниот свет, како поврзување со бруталноста на татаро-монголските орди во Европа. Така името ,,Татари" е употребувано за опис на сите народи кои прегазиле делови од Азија и Европа под водство на Монголците во 13 век. Подоцна под истото име се подразбираат речиси сите номадски освојувачи од Азија, независно дали се од Монголија или од крајните западни делови на Азија. До почетокот на 20 век, Русите со името ,,Татари" именуваат бројни народи, почнувајќи од Азерите до сибирските племиња.

Денес Татарите живеат во средишните и јужните делови на Русија, (мнозинството во Татарстан), Узбекистан, Казахстан, Украина, Таџикистан и Киргистан. Нивната бројност е околу 10 милиони. Мнозинството се муслимани.

Денешните Татари потекнуваат од населението на наjзападниот дел на монголската држава — Златна Орда, коjа опфаќа делови од денешна Украина, Русија и Казахстан. Таму Татаро-Монголците биле малуброjни и се измешале со локалното кипчачко (куманско население), како и со други постари народи како Прабугарите. Кипчачкиот туркиски јазик се наложил како доминантен и се зборува во различни дијалекти од денешните Татари. Подоцна Златната Орда се разделила на неколку делови, меѓу кои се и Казањското, Астраханското и Кримското Ханство.

Поврзано

Белешки

Tags:

Волшки ТатариИсточна ЕвропаКипчачки јазициКримски ТатариСибирски ТатариСредна АзијаТатарски јазикТуркиски јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Калеш АнѓаДостоинство (политичка партија)Премиер на МакедонијаМовЉубиша ГеоргиевскиГаличицаЛимфомПанонска НизинаСписок на острови во Средоземното МореВесна БендевскаТурцијаЃурѓовденНикола ПопоскиБегалкаЦрни и жолтиКрвна групаАтрибут во македонскиот јазикСписок на градови во ГерманијаИзборна единица 8Македонски парламентарни избори, 2016АлшарДелчевоМакедонски БродОхридски рамковен договорСашко КедевВодаИлинденско востаниеХрватски месециВоен конфликт во Македонија, 2001Мустафа Кемал АтатуркПетар Поп АрсовГордана СилјановскаАнтарктикСрпска странка во МакедонијаСпоменка (книга)Македонско востаниеСписок на главни градови во ЕвропаРајко ЖинзифовСкопјеМоликаЦрнила (драма)Српска пропаганда во МакедонијаВелко НеделковскиБРИКСОпштина КарбинциГолосеменициОксидационо-редукциона реакцијаОпштина БитолаНационализамБременостХазби ЛикаЦрква „Св. Софија“ — ОхридВолфганг Амадеус МоцартПолскаМарокоКарлес ПуџдемонОпштина Демир ХисарКалендар на Велигденски датумиМагнетна резонанцијаСеверна АмерикаЖолчкаМозокБорислав КрмовРадовишЃокица ЛукаревскиПрва влада на Никола ГруевскиПржински договорОпштина Крива ПаланкаIP-адресаОпштина ПрилепДискус хернијаТромбоцитопенијаГоце ДелчевИзборна единица 9Демократска алтернативаОпштина Струмица🡆 More