17 Век: век

17 век — век што траел од 1 јануари 1601 до 31 декември 1700 година, според грегоријанскиот календар.

< 16 век 17 век 18 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

Тој спаѓа во раниот модерен период во Европа и на тој континент (чие влијание врз светот започнало да се зголемува) се одликува со барокното културно движење, Холандската Златна Доба, владеењето на Луј XIV, Научната револуција, а според некои историчари, и Општата криза. Најголеми воени конфликти биле Триесетгодишната војна, Големата турска војна и Холандско-португалската војна. Во текот на овој период, исто така започнала интензивната европската колонизација на Америка, вклучително и експлоатацијата на сребрените депозити, што резултирало со зголемување на инфлацијата.

17 Век: Настани, Личности, Наводи
Основан е градот Нов Амстердам во 1664 година. Под британска управа, градот бил преименуван како Њујорк.
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Мијамото Мусаши, јапонски самурајски воин
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Сцена од лед, Холандска Република, прва половина на 17 век
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Персискиот амбасадор за време на неговото влегување во Краков за свадбените церемонии на кралот Сигизмунд III во 1605 година
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Католичкиот генерал Албрехт Валенштајн
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Рене Декарт со кралицата Кристина Шведска.
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Јаков I од Англија и VI од Шкотска
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Михаил Романов
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Битката кај Нердлинген резултира со католичка победа
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Карта на Европа во 1648 година
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Мехмед IV
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Жил Мазарен
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Богдан Хмелницки (лево) со Тугај-беј (десно)
17 Век: Настани, Личности, Наводи
Кримски Татари против силите на Полска

Во исламскиот свет, силата на Османлиите, Сефевидите и Могулите се зголемила. Во Индија Маратите доминирале на политичката сцена од средината од 17 век до почетокот на XIX век. Во Јапонија, Токугава Ијејасу го основал Шогунат Токугава на почетокот на векот, започнувајќи го периодот Едо. Во Кина, династијата Минг на колапсот била оспорена од серија освојувања предводени од манџурискиот војвода Нурхаки.

Во европската политика доминирало Кралство Франција од Луј XIV, каде што кралската власт била зацврстена. Полуфеодалниот територијален француски благородник бил ослабен и потчинет на моќта на апсолутна монархија преку реинвенција на Версајската палата. Луј XIV ги проширил границите на Франција. Во текот на овој век англискиот монарх станал симболична фигура, а Парламентот бил доминантна сила во владата.

Настани

1600-ти

  • 1600: На 17 февруари Џордано Бруно е изгорен на клада од инквизицијата.
  • 1600: Михаил Храбриот ги обединува трите романски земји: Валашка, Молдавија и Трансилванија по Битката кај Шелимбар од 1599 година.
  • 1601: Битка кај Кинсејл, Англија ги поразува ирските и шпанските сили во градот Кинсејл.
  • 1601: Михаил Храбриот (прв обединувач на Романија), војводата на Влашка, Молдавија и Трансилванија, е убиен по наредба на хабсбуршкиот генералот Џорџо Баста.
  • 1601 - 1603: Гладот во Русија убива една третина од населението на Русија.
  • 1601: Сенопати, првиот крал на Матарам, умира и владеењето поминува по правило на неговиот син Панемахан.
  • 1601: Матео Ричи добива дозвола да живее во Пекинг.
  • 1602: Матео Ричи изработува карта на светот, што ќе се користи во Источна Азија со векови.
  • 1602: Португалците испраќаат големи (и последни) експедитивни сили од Малака, кои успеваат повторно да воспостават одреден степен на португалска контрола.
  • 1602: Холандска источноиндиска компанија (VOC) е основана со спојување на конкурентните холандски трговски друштва. Започнува Холандската Златна Доба.
  • 1602: Јуни, прво патување до Британската источноиндиска компанија, под команда на Сер Џејмс Ланкастер, кој пристигнува во Ачех и плови до Бантам, каде што му б ило дозволено да се изгради трговска станица која станува центар на британската трговија во Индонезија до 1682 година.
  • 1602: Двајца емисари од Ачех ја посетуваат Холандската република.
  • 1603: Елизабета I умира и е наследена од нејзиниот братучед Јаков VI Шкотски, обединувајќи ги круните на Шкотска и Англија.
  • 1603 - 1623: По модернизирањето на својата војска, Абас I г о проширува Сефевидското Царство со зафаќање на територијата од Отоманското Царство до Португалското Царство.
  • 1603: Прво постојано холандско трговско место е основано во Бантен.
  • 1604: Вториот англиски патувачки поход во Источните Инди под команда на Хенри Мидлтон достигнува до Тернате, Тидоре, Амбон и Банда. Жестоко непријателство се среќава во Банда со што започнува англо-холандската конкуренција за пристап до зачини
  • 1605: Барутски заговор не успеа во Англија.
  • 1605: Тврдините на Веспрем и Вишеград повторно се заземени од Османлиите.
  • 1606: Долгата војна во Унгарија, помеѓу Османлиите и Австрија е завршена со Договор од Житваторок
  • 1606: Виенскиот договор го завршува анти-хабсбургското востание во Унгарија.
  • 1606: Атентат врз Стефан Бочкај
  • 1606: Време на проблеми: Василиј IV станува цар на Русија.

1606: Холандска источноиндиска компанија влегува во сојуз со Џохорскиот султанат.

1606: Шпанската флота ги освпјува Тернате и Тидоре.

1610-ти

1620-ти

1630-ти

  • 1630: Холандската западноиндиска компанија ја напаѓа португалската колонија на Пернамбуко и го основа Холандски Бразил.
  • 1631: Ерупција на Везув
  • 1632: Битката кај Лицен завршува со смрт на шведскиот крал Густав II Адолф.
  • 1632: Започнува да се гради Таџ Махал.
  • 1633: Галилео Галилеј пристигнува во Рим за неговото судење пред инквизицијата.
  • 1633 - 1639: Јапонија се преобразува во заклучена земја.
  • 1634: Битката кај Нердлинген резултира со католичка победа.
  • 1634: Етиопскиот цар Фасилидас го протерува католичкиот патријарх Афонсо Мендес и неколку Језуитски мисионери од Етиопија.
  • 1636: Етиопскиот цар Фасилидас го основа градот Гондар, кој станува главен град на Етиопија во следните два века.
  • 1636: Основан е универзитетот Харвард во Кембриџ.
  • 1636: Португалците се повторно протерани од нивната тврдина Солор од страна на Холанѓаните.
  • 1637: Рене Декарт ја објавува „Discourse de la Médode“ на француски јазик.
  • 1637: Првата оперска куќа, Театро Сан Касијано, се отвора во Венеција.
  • 1639: Битка кај Даунс: холандската флота ја поразува шпанската.
  • 1639: Несогласувањата меѓу семејство Фарнезе и семејство Барберини папа Урбан VIII ескалираат. Започнува т.н. Војна на Папаската држава со Кастро и трае до 1649 година.
  • 1639 - 1651: Војни на трите кралства, граѓански војни низ Шкотска, Ирска и Англија.

1640-ти

1650-ти

1660-ти

17 Век: Настани, Личности, Наводи 
Поглед кон Кантон во Холандската источноиндиска компанија, 1665

1670-ти

17 Век: Настани, Личности, Наводи 
Француската инвазија на Холандија
17 Век: Настани, Личности, Наводи 
Опсада на Виена (1683).
17 Век: Настани, Личности, Наводи 
Смртта на Карпош

1680-ти

1690-ти

Личности

Родени

Починале

Наводи

Tags:

17 Век Настани17 Век Личности17 Век Наводи17 Век1 јануари1601170031 декемвриАмерикаБарокГолема турска војнаГрегоријански календарЕвропаЛуј XIVРан нов векТриесетгодишна војна

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИнтеграМендух ТачиГ’зим ОстрениСифилисПовикот на дивинатаСписок на македонски зборови од турско потеклоЅвезда од КутлешСтрумицаСкопјеНикола ПопоскиЈосип Броз-ТитоГевгелијаВаландовоАфионМакедонски парламентарни избори, 2014Хрватски месециЗајакВенко ФилипчеДаут ХарадинајАјфелова кулаПовикувачки броеви во МакедонијаСвети ГеоргиСписок на градови во ГерманијаМакедонски јазикМакедонски претседателски избори (1999)ФранцијаСтоле ПоповДемографија на МакедонијаШармери од осмоОдбојкаИлинка МитреваОслободителна Народна АрмијаРодина МакедонијаОпштина СтуденичаниМакедонски претседателски избори, 2004Борис ПисториусКарлес ПуџдемонВтора светска војнаВили БрантБлагој ДавковЉубомир ФрчкоскиЛила СтојановскаГаличникСеверна АмерикаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиОпштина ОхридСписок на повикувачки броеви на земјитеСкопски земјотрес (1963)РадовишМакедонски претседателски избори, 2014Жичени инструментиВтора влада на Зоран ЗаевЈоаким КрчовскиУрологијаРисВелигденски јајцаБујар ОсманиОхридАвтоимуна болестМарокоБедија БеговскаМакедонски БродЗаконодавна властАртрозаЛокални избори во Македонија (2005)HTMLХајди (роман)ФилипиниГрупа МаестроЗлосторство и казнаМалиот принцВилсонова болестВлада на Талат ЏафериСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаБогородицаЦрна Гора🡆 More