Џакарта

Џакарта (индонезиски: Jakarta) е главен град на Индонезија.

Таа се наоѓа во северозападниот дел на островот Јава, на брегот на Зондско Море. Населението на Џакарта е околу 8 792 000 граѓани (според пописот од 2004 година), кое ја прави како еден од најголемите градови во Југоисточна Азија. Површината на градот изнесува 661.52 км2. Во градот се наоѓа аеродромот Soekarno-Hatta International Airport.

Џакарта
Центарот на Џакарта

Основни податоци

Држава: Индонезија

Географска положба: 6° 10’ 44” сгш

106° 49’ 50” игд

Надморска височина: 8 m

Површина:661.52 км2.

Број на население 8 792 000 км2

Густина: 12.920 жит./км2

Телефонски повик: 021

Историја

Првите населувања на Џакарта датираат од околу 5 век. Во текот на 12 век таа е важен центар на хиндуистичката држава Зонда. Првите европски доселеници кои пристигнале во Џакарта биле португалците, во почетокот на 16 век. На 22 јуни 1527 година, градот бил опседнат и преземен од страна на местниот воен началник Фатахилах, при што градот е преименуван во Џајакарта (од јавански, "победа"). Оваа дата денес се смета за моментот на основување на градот.

Во 1619 година Џакарта е преземена од војската на Обединетата источноиндиска компанија на чело со Јан Питерсен Кун. Името на градот е сменето во Батавија (од батави, племе кое ја населило денешна Холандија при римското завојување на оваа држава). Во времето на Наполеон Бонапарт и неговите подходи, за кратко време градот бил управуван од британските власти (1811-1815). Со нараснувањето на холандската власт во регионот во текот на 19 век, важноста на Батавија исто така се зголемила.

Во време на Втората светска војна градот бил преземен од Јапонците (1942), кои му дале и денешното име Џакарта, сè со цел за да ја добијат подкрепата на местното население. По капитулацијата на Јапонија во 1945 Џакарта се враќа под контрола на Холандија, но зголеменото движење за независност доведува до создавање на независна Индонезија, а во 1949 Џакарта станува нејзин главен град.


Tags:

2004ЈаваЈугоисточна АзијаИндонезиски јазикИндонезија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Орман (Скопско)Марија КириШизофренијаАвантурите на ПинокиоНевзат БејтаИзет МеџитиЗоран ДамјановскиМакедонски претседателски избори, 2004Човечко телоЈагодаСписок на држави по населениеКонстантин МиладиновДемократска обнова на МакедонијаЛиберално-демократска партијаМакедонски парламентарни избори, 2016ВласиИлинденско востаниеБиполарно растројствоДеменцијаГрегоријански календарСрбијаМухамед ХалилиСписок на Влади на МакедонијаЈосип Броз-ТитоСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМртво МореАнтички МакедонциВенко ФилипчеАна ФранкЈордан Поп Јорданов - ОрцетоУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Државна химнаГоран МинчевЗНАМРоберт ПетковскиХазби ЛикаМендух ТачиПодметОпштина СопиштеЛокални избори во Македонија (2021)Методистичка цркваЅвезда од КутлешНина Атанасова-ШкрињариќНова социјалдемократска партијаСпецијално јавно обвинителствоПере ТошевВлада на Македонија од 1992Општина ДебрцаКочаниХераклеја ЛинкестисДвижење БесаЈулијански календарМакедонски парламентарни избори, 1994Македонски парламентарни избори, 2008Општина Маврово и РостушеОпштина ПрилепДропкаОпштина КарбинциАнархизамИталијаИзраелПоделба на властаБлагој ДавковСедум смртни гревовиБубрежна инфекцијаСобрание на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеНорвешкаРесенААНикола КљусевПреспански договорСДСМНикола КаревСписок на македонски зборови од турско потеклоМакедонски парламентарни избори (2016)Национализам🡆 More