HTML (HyperText Markup Language, Јазик за означување на хипертекст) — јазик за означување кој се користи за создавање на мрежни места.
Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со обвиткување (маркирање) на одредени делови од текстот при што означениот текст се форматира или се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. Целта на прелистувачот е да ги толкува овие ознаки во аудиовизуелен документ, а тие да не се прикжуваат на самиот документ. Јазикот бил измислен од Тим Бернерс-Ли во 1990 година со цел научниците од различни универзитети да добијат полесен пристап кон документи од научни истражувања . Стандардите на HTML се создадени и одржувани од W3C . Најновата спецификација на HTML е HTML5, а спецификацијата целосно поддржана од сите модерни пребарувачи е HTML 4.01 .
HTML се пишува со помош на HTML елементи наречени ознаки. Тие се пишуваат во аглести загради („<“ и „>“) во формат
и најчесто стојат во парови. Постојат и празни елементи кои не стојат во пар и немаат ознака за затворање. Пример:
Ова е еден параграф
Со цел прелистувачот одредени карактери да не ги препознава како дел од кодот туку само како карактери во HTML е воведена посебна синтакса. На пример карактерот „<“ обично означува почеток на ознаката но ако сакаме да напишеме 2<3
ние мораме да ја искористиме специјалната синтакса 2<3
. Целосна список на специјални карактери можете да најдете тука [1]
Глава на HTML документот. Овде се пишуваат поставките на документот како енкодирање, надворешни дадотеки, наслов, клучни зборови итн. Обично во главата стои код кој не прави никакви директни визуелни промени на мрежната страница.Html: Синтакса, Пример за целосен HTML код, HTML едитори - Wiki Македонски (Macedonian) Во делот „“ се наоѓа делот од мрежната страница кој ќе се прикаже на екранот.
CSS или каскадни стилски страници е јазик за стилски страници за опишување на изгледот на едно мрежно место. Тој може да биде користен во комбинација со HTML со цел мрежната страница да биде визуелно изменета. CSS може да се пишува дирекно во HTML кодот со помош на ознаката или може да биде вгнезден од друг .css податотека со
. CSS функционира на начин што со помош на селектори го одбира соодветниот HTML елемент на кој модифицира одредени визуелни параметри. Пример за CSS код во HTML код:
Ова е параграф со бела боја на фонт сина позадинска боја и тенка црна рамка
HTML едиторите го забрзуваат пишувањето на HTML код, ја обележуваат синтаксата со различни бои, ги вовлекуваат вгнездените елементи и автоматски ги затвораат ознаките. Најпознати едитори на HTML код се Notepad++, Adobe Dreamweaver, BlueFish, Microsoft WebMatrix и други.
„HTML“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article HTML, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.