Зачин Сол

Сол — минерал составен првенствено од натриум хлорид (), хемиско соединение кое припаѓа на поголемата класа на соли.

Солта во својот природен облик, како кристален минерал, е позната како камена сол или халит. Солта е присутна во огромни количини во морската вода, каде што е главна минерална компонента. Отворениот океан има околу 35 грама сол на литар вода, соленост од 3,5‰.

Зачин Сол
Наслаги на сол покрај Мртвото Море
Зачин Сол
Црвена камена сол од рудник за сол во Пакистан

Во принцип, солта е од суштинско значење за животот, а соленоста е еден од основните човечки вкусови. Солта е еден од најстарите и најзастапени зачини за храна, а солењето е важен начин конзервирање.

Некои од најстарите докази за преработка на сол датираат од пред околу 8.000 години, кога луѓето што живееле во денешна Романија вареле изворска вода за да извлечат сол. Солта во Кина датира приближно од истото раздобје. Солта ја ценеле и старите Евреи, Грци, Римјани, Византијци, Хетити, Египќани и Индијци. Солта станала важна трговска ставка и била превезувана со брод преку Средоземното Море, по специјално изградени солени патишта, а преку Сахара со каравани со камили. Недостигот и глобалната потреба за сол ги натерало народите да војуваат поради неа и да ја искористат за зголемување даночните приходи. Солта се користи во верски церемонии, а има и други културни и традиционални значења.

Солта се добива од рудници за сол и со испарување на морска вода (морска сол) или изворска вода богата со минерали во плитки базени. Нејзини главни индустриски производи се каустична сода и хлор. Солта се користи во многу индустриски процеси, како што се производството на поливинил хлорид, пластика, граѓа и многу други производи. Од светското годишно производство од околу двесте милиони тони сол, само околу 6% се користат за човечка исхрана. Други употреби вклучуваат процеси на уредување на водата, одмрзнување на автопатишта и земјоделска употреба. Солта за јадење се продава како морска сол и готварска сол, која обично содржи средство против стврднување, а исто така може да се јодира за да се спречи недостаток на јод. Освен што се користи во готвењето и на трпезата, солта е присутна и во многу преработени намирници.

Натриумот е суштински нутриент за човековото здравје преку својата улога како електролит и осмотски раствор. Прекумерната употреба на сол може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, како хипертензија кај деца и возрасни. Ваквите здравствени ефекти на солта проучувани се од поодамна. Затоа, многу светски здравствени здруженија и експерти од развиените земји препорачуваат да се намали потрошувачката на популарна солена храна. Светската здравствена организација препорачува возрасните да консумираат помалку од 2.000 натриум, што е еднакво на 5 грама сол дневно.

Историја

Низ историјата, достапноста на сол била клучна за цивилизацијата. Засега, се верува дека првиот град во Европа бил Солницата, во Бугарија, кој бил рудник за сол, обезбедувајќи ја областа позната како Балкан со сол 5400. години пр.н.е. Дури и името Солницата значи „солана“.

Последните сто години луѓето користеле конзервирање и вештачко ладење за зачувување на храната, а илјадници години пред тоа солта била најпознатиот конзерванс за храна, особено за месото. Многу стара солана била откриена на археолошкото наоѓалиште Полана Слатинеј покрај изворите на сол во Лунка, во округот Њамц, Романија. Доказите покажуваат дека неолитските луѓе од преттриполиската култура ја вареле изворската вода богата со сол преку процес на брикетирање за да ја извлечат солта уште во 6050 година пр.н.е. Солта добиена на овој начин можеби имала директна корелација со брзиот раст на населението на ова општество набргу по неговото почетно производство. Собирањето сол од површината на езерото Сјечи во близина на Јунченг во Шанси, Кина датира од 6000 пр.н.е., што го прави една од најстарите проверливи солани.

Употребата на сол го елиминирала проблемот со достапноста на храната во зависност од годишното време и овозможила храната да се превезува на подолги растојанија. Бидејќи во тоа време солта била едвај достапна, таа станала исклучително вредна стока. До почетокот на 20 век, солта била причина за многу војни и освојувања.

Трговијата со сол често била предмет на оданочување и се претпоставува дека тоа започнало уште во 2000 година пр.н.е. во Кина. Римјаните многу ја ценеле солта и дел од платите на војниците биле исплаќани во сол. Зборот што на латински значи сол е коренот на зборот плата во многу европски јазици (англиски: salary).

Солта била особено скапа во средниот век на запад од пустината Сахара. Во Царството Мали во текот на 12 век, солта била толку ценета што во пустината јужно од ова царство вредела колку злато со иста тежина.

Хемија

Зачин Сол 
SEM слика на зрно кујнска сол

Солта е главно натриум хлорид, јонско соединение со формулата, кое содржи еднакви количини на натриум и хлор. Морската сол и свежо ископаната сол (од кои повеќето е сол од праисториските мориња) исто така содржат мали количини на елементи во трагови (кои во тие мали количини генерално се добри за здравјето на растенијата и животните). Рудната сол обично се пречистува при производството на кујнска сол. Се раствора во вода, се прочистува со таложење на други минерали од растворот и повторно испарува. За време на истиот процес на рафинирање (пречистување), често се врши јодирање. Кристалите на сол се делумно проѕирни и со кубен облик. Обично изгледаат бели, иако нечистотиите може да им дадат сина или виолетова боја. Моларната маса на солта е 58,443, нејзината точка на топење е 801 °C (1.474 °F) и неговата точка на вриење е 1.465 °C (2669 °F). Густината на солта е 2,17 грама на кубен сантиметар и лесно се раствора во вода. Кога се раствора во вода, се дели на + и јони, а растворливоста е 359 грама на литар. Од ладните раствори, солта се кристализира како дихидрат. Растворите на натриум хлорид имаат многу различни својства од чистата вода; точката на мрзнење е −21,12 °C (−6,02 °F) за 23,31 wt% сол, а точката на вриење на заситен раствор на сол е околу 108,7 °C (227,7 °F).

Поделба на солта

Солта се дели на природна, рафинирана и јодирана. Секој посебен вид сол има единствена содржина на минерали што му дава единствен вкус.

Природна сол

Зачин Сол 
Рудник за сол

Камена сол (понекогаш и минерална сол) е сол добиена од рудниците за сол. Овие „рудници“ се подземни локации на наталожена сол и се наоѓаат во подрачја каде порано имало море или исклучително солено езеро. Камената сол има сива боја.

Морската сол се добива од морската вода. Солта се извлекува од морската вода во солани така што на пролет се пушта морската вода во специјално дизајнирани базени во пролет. Во текот на пролетта и летото, таа вода испарува, а морската сол останува на дното. На есен, таа сол се собира во процес наречен берба на сол.

Зачин Сол 
Солана во Франција

Морската сол се смета за највкусен и најздрав вид сол. Многу е здрав бидејќи е богат со минерали и јод, кои му се неопходни на човечкото тело.

Се смета за највкусна од сите соли ( француски: Fleur de sel). Оваа сол е прилично скапа бидејќи се создава со рачно отстранување само на површинскиот слој од морската сол што се населил во солената тава, пред да се бере солта. Ова е профитабилно само во тави за сол со највисок квалитет на сол, па затоа неговата употреба се смета за екстремен луксуз. Вкусот на оваа сол е уникатен за секој регион каде што е направена. Французите први почнаа да произведуваат ваква сол, а и денес нивната ја држи репутацијата на најдобрата сол во светот.

Рафинирана сол

Рафинираната сол е најчесто употребуваната сол денес и содржи најмногу натриум хлорид. Најчесто се добива со одвојување на натриум хлорид од камена сол која не е доволно чиста за да може да се користи како храна. Во текот на овој процес се отстранува целата несакана содржина, така што рафинираната сол е една од најчистите, но има и најмалку минерали кои исто така се отстрануваат во текот на процесот. Нејзината боја е претежно бела.

Иако обично ја нарекуваме „готварска сол“ или „кујнска сол“, оваа сол се користи почесто и е поважна за индустријата. Се користи во производството и преработката на хартија, како додаток на бои кои се користат за боење ткаенина и платно и во производството на сапуни и детергенти.

Јодирана сол

Јодирана сол е сол, обично рафинирана, на која ѝ е додаден јод. Некои ја сметаат за најздрава сол бидејќи содржи повеќе јод од кој било друг вид сол.

Здравје

Зачин Сол 
Содржина на морска сол: хлор 55%, натриум 30,6%, сулфати 7,7%, магнезиум 3,7%, калциум 1,2%

Натриумот и хлорот, основните состојки на солта, се неопходни за сите живи организми. Може да се најдат во растенијата, рибата и месото, но солта, поради високата концентрација на натриум хлорид, е најдобар извор на натриум и хлор.

Солта игра важна улога во регулирањето на количината на вода во телото. Прекумерното внесување сол во организмот е нездраво и може да доведе до зголемен крвен притисок.

Некои цивилизации како Јаномамо, домородци од Бразил и Венецуела, не користат сол во нивната исхрана.

Галерија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Tags:

Зачин Сол ИсторијаЗачин Сол ХемијаЗачин Сол Поделба на солтаЗачин Сол ЗдравјеЗачин Сол ГалеријаЗачин Сол НаводиЗачин Сол ЛитератураЗачин Сол Надворешни врскиЗачин СолГотварска солМинералМорска водаСоленостСолиХемиско соединение

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВекторСтарословенска азбукаЈудаизамОпштина СопиштеЗаздравување на ранаПертусисЈосип Броз-ТитоРак на грло на маткаМакедонски парламентарни избори, 2011Еврејски празнициМакедонски парламентарни избори, 2008Драгана МирковиќОдбивање (физика)Јане СанданскиАхилФридрих НичеЕнергијаПанкреасМагнетна резонанцијаОпштина ЧаирЛасерМакедонија во Првата светска војнаБаснаОпштина Демир ХисарЧорбаџи ТеодосTrackBackГордана Силјановска-ДавковаАдаптација (биологија)Жичени инструментиЃурѓовденПартија за движење на Турците во МакедонијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаМакедонски јазикКирил ЛазаровРак на дојкаРимСписок на држави во светотЧовечки скелетМакедонска крвава свадбаСтрумицаХристијанизација на Киевска РусијаХидроксидЗемја (планета)ВласиКанадаГлигор ПоповскиТројанска војнаТетанусИзет МеџитиХороскопски знациДишен системВелигденЕлектронска цевкаСлезинаПреспански договорЗаграчаниОпштина КумановоМакедонски народни приказни (ТВ-серија)БактерииКрсте Петков МисирковМРП вакцинаНационален парк МавровоБедија БеговскаДенес над МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеЈордан Хаџи Константинов-ЏинотВелесДен на шегатаЕлектрична енергијаМесечинаСолиОпштина КичевоАвантурите на ПинокиоСелциЦветнициМеѓународни празнициПридавки во македонскиот јазик🡆 More