Слон

Слон (лат.

Слонови
Слон
Африкански слон.
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Рилчари
Натсемејство: Elephantoidea
Семејство: Elephantidae
Греј, 1821
Потсемејство

Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето. Слоновите, исто така се единствените цицачи кои не можат да скокаат.

Историска распространетост

Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.

Во изминатите 40 милиони години, повеќе од 600 видови на слонови живееле на Земјата. Денес останале само три вида - саванскиот слон, шумскиот африкански слон и азискиот слон. Климатските флуктуации низ милениумите и смената на растителноста биле причина за изумирањето на многу видови слонови, но човечкото влијание исто така имало свој удел. Во XX век, бројот на слоновите на Земјата бил меѓу 5 и 10 милиони, но со ловот и уништувањето на живеалиштата, нивниот број се намалил на 400.000 до 500.000 при крајот на векот. Денешните напори да се спасат слоновите може да се неадекватни и биолозите не се сигурни дали слонот како вид ќе преживее.

Физички опис

Слон 
Азиски слон.

Трите видови слонови се слични по изглед, но меѓу нив постојат и помали разлики во големината, бојата и други физички одлики. Саванскиот слон е поголем од шумскиот и азискиот. Мажјаците може да достигнат и до 4 m во височина и да тежат околу 7000 кг. Женките се покуси, со височина од околу 2,8 m и тежина од околу 3600 кг. Саванските слонови се светлосиви по боја, иако можат да се сретнат и темносиви, црвени или кафеави од калта во која се бањаат. Имаат ниско, рамно чело и малку свиткан грб. Нивните масивни уши висат врз нивните рамења. Ушите на слоновите од саваните се долги 1,5 m и широки 1,2 m. И машките и женските единки имаат долги, тенки и извиени сурли.

Шумските слонови се помали од саванските. Мажјаците достигнуваат околу 2,5 m во височина и тежат околу 900 кг. Женките се само малку помали. Шумските слонови исто така имаат големи уши, но тие се целосно тркалезни. Овие слонови имаат темносива боја. И машките и женските форми имаат долги, тесни и прави сурли, а бојата на слоновата коска е виолетово.

Азиските слонови се пократки и потенки од нивните африкански роднини, со уши што не ги достигнуваат рамењата. Азискиот мажјак е висок од 2 до 3,5 m и тежок од 2000 до 5000 кг. Женките достигнуваат просечна височина од 2,4 m и просечна тежина од 3000 кг. Азиските слонови имаат темносива кожа, топчесто чело и тркалезен грб. Големината на ушите се движи од 0,75 m должина и 0,6 m широчина. Сурлата кај женките може да ја нема или да не е развиена.

Слонот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Како се родила морската ѕвезда“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.
  • „Слонова приспивна песна“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „Чудно чудо“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.
  • „Што шепоти тревата“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.
  • „Слон“ — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Мав?“ — краток расказ на македонскиот писател Бранко Прља.
  • Патувањето на еден слон“ (португалски: A Viagem do Elefante) — роман на португалскиот писател Жозе Сарамаго од 2008 година.
  • „Гробишта на слонови“ — збирка раскази на бразилскиот писател Далтон Тревизан од 1964 година.
  • „Слон“ — песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • Човекот-слон“ (англиски: The Elephant Man) — американско-британски филм од 1980 година, во режија на Дејвид Линч.
  • „Слон“ (англиски: Elephant) — музички албум на американското рок-дуо Вајт страјпс (The White Stripes).
  • „Слон“ (англиски: Elephant) — песна на австралиската рок-група Tame Impala од 2012 година.
  • „Слонот Нели“ (англиски: Nellie The Elephant) — песна на британската панк-рок група Тој долс (The Toy Dolls).

Наводи

Tags:

Слон Историска распространетостСлон Физички описСлон от како тема во уметноста и во популарната култураСлон НаводиСлонАрхаизамЖивотниЛатински јазикЛуѓеМускулСлонова коскаЦицач

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Солунски патрдии (ТВ-серија)Зрзески манастирАрхангел МихаилСписок на македонски народни и староградски песниВардарВладимир ПутинКилаРодина МакедонијаМакедонски претседателски избори (2014)Гудачки инструментиГрегоријански календарЖарко ДимитриоскиВакцина против тетанусРелигијаОпштина ЧаирКога тргнав ЦветоПодвис (Кичевско)МРП вакцинаКубаДржавни празници во МакедонијаПонтиј ПилатБитка кај Мечкин КаменНаташа ПетровиќСписок на команданти на ОНАСоколиМеморија (музичка група)СонцеКарлес ПуџдемонЗлатан ИбрахимовиќИлинденско востаниеЛевица (политичка партија)АтанасовденРужица Милошеска БрчиоскаСписок на главни градови во светотСтар заветХристово распнувањеЃорѓи КолозовПсоријазаВрба‘Рбетен столбСрпски јазикЕвровизија 2024ГевгелијаДејвид БекамМакедонска азбукаЦрква „Св. Благовештение“ - ПрилепДрачевоТемплариХристијанствоЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридЃокица ЛукаревскиКратовоБлагоја ЧоревскиМакедонска радио-телевизијаЗадушницаСлепо цревоКавадарциГеографија на МакедонијаМедијанаСвети Наум Охридски ЧудотворецРуса треваГолем ГрадГеометриска срединаТанец (ансамбл)Ристо ШишковБожиќВелики петокАнтибиотик со широк спектар на дејствоФотосинтезаЈугославијаГаличникМеѓународен ден на трудотМакедонска граматикаБлагој Давков🡆 More