Клима

Клима или поднебје — повеќегодишен режим на времето над некое место или на делови на Земјината површина.

До нејзиното определување се доаѓа врз основа на долгогодишни набљудувања и проучувања на метеоролошките елементи и појави.

Клима
Кепенова класификација на климата

Климатски фактори

Образувањето на климата над некое место зависи од бројни и разновидни фактори, кои со заедничко име се нарекуваат климатски фактори. Меѓу нив најголемо значење имаат сончевото зрачење и циркулацијата или смената на воздушните маси. Но, климата многу зависи и од физичко - географските фактори и услови на одредено место или територија:

  • Географската ширина е еден од најважните климатски фактори. Нејзиното влијание е големо врз температурата и влажноста на воздухот. Тоа се должи на различното количество на сончева топлина што ја примаат пределите со различна географска ширина. Најмногу топлина примаат местата во екваторскиот појас, а најмалку во поларните области. Значи, со порастот на географската ширина, температурата на воздухот по правило опаѓа, а со тоа климата станува поладна.
  • Копнените и морските површини имаат различно влијание на климата. Во летната половина од годината, морињата и океаните акумулираат многу повеќе топлина отколку копното. Затоа преку зимата, воздухот над морските површини е потопол, а над копнените постуден. Овие одлики се одразуваат и над климата. Во оние предели каде преовладуваат океанските воздушни маси, летото е посвежо, а зимата потопла, а во пределите под влијание на континентални воздушни маси е обратно. Освена тоа, областите кои се поблиску до море примаат поголеми количества на врнежи.
  • Морските струи највеќе влијаат врз температурата на воздухот. Ладните морски струи ги разладуваат крајбрежните области, а топлите ги загреваат.
  • Релјефот влијае на климата преку надморската височина, со правецот на протегање на планинските вериги и широките речни долини, со разместеноста на превоите, отвореноста на низините и со котлинскиот релјеф.
  • Растителниот свет, а особено шумите, имаат доста големо влијание врз климата. Оголеното земјиште во текот на денот побрзо се загрева и побрзо се лади отколку земјиштето што е покриено со растенија. Затоа растенијата влијаат на смалувањето на дневното и годишното колебање на температурата. Шумите влијаат врз зголемување на испарувањето и на влажноста на воздухот, како и на правецот и брзината на ветровите. Во шумските предели паѓаат поголеми количества врнежи.
  • Човекот влијае на климата со своите активности: непланското сечење на шумите, загадувањето на воздухот итн.

Видови на клима

Климатските зони се поголеми области на Земјата кои имаат еднакви услови, различни од оние во соседните области. За да се класифицираат климите се земаат предвид најразлични фактори, а воглавно температурата (според која постојат топли, умерени, студени и поларни клими) и количеството на врнежите (според кое постојат суви или влажни клими). Но, во овие основни групи се прават додатни подкласификации.

Екваторска дождлива клима

Оваа клима создава појас од двете страни на екваторот, меѓу 10° северна географска широчина и 5° јужна географска широчина. Се одликува со речиси иста должина на денот во текот на целата година, така што не може да се разликуваат годишни времиња. Средната температура изнесува 25 °C, иако може да има и разлики од 15 степени меѓу денот и ноќта. Воздухот има висока содржина на влага поради постојаните и обилни дождови кои врнат во текот на целата година, со просек од околу 2000 мм. Типична растителност е дождовната шума, како онаа во Амазонија и Екваторска Африка.

Тропска клима

Создава два појаси, од двете страни на екваторот, меѓу 10 и 20° С.Г.Ш. и 5 и 10° Ј.Г.Ш. Кај деновите има мали варијации во текот на годината, а и обилноста на дождовите се намалува како што се оди подалеку од екваторот, додека просечната температура е околу 23 °C. Сето ова придонесува да има едно суво и друго повлажно годишно време. Растителноста е како во саваните, со повеќе или помалку дрвја.

Полусува клима

Клима 
Степа во западен Казахстан во рана пролет. Степите се одликуваат со полусува клима

Овој вид на клима постои како во умерените, така и во тропските области и во зоните каде има малку дождови (околу 200 мм годишно). Температурите можат да бидат ниски или високи, но секогаш има големи дневни осцилации (топли денови и студени ноќи) и годишни, во случај на ниските. Растителноста во овие области е тревна или грмушеста.

Пустинска клима

Пустинскиот климатски тип се протега околу повратниците.За него се карактеристични малите врнежи на дожд сопросек околу 200 мм годишно. Дење температурата досигнува до 70 °С, а ноќе до -0 °С.Поради тоа пустините се суви места со мала растителност. Исто така, пустините се сиромашни со флора и фауна бидејќи има многу мало колиличество на врнежи. Сепак, тука се среќаваат ретки растенија со иглести лисја како што е кактусот.

Средоземна клима

Клима 
Распространетост на средоземната клима

Оваа клима е типична за областите околу Средоземното Море, но е застапена и на крајниот југ на Африка, во централно Чиле и во Калифорнија. Се одликува со тоа што дождовите најмногу врнат во есен и зима, а пролетта, и особено летото се многу сушни. Врнежите изнесуваат меѓу 400 и 700 мм годишно, зимите се топли, а летата жешки. Карактеристична растителност се грмушките и дрвја со секогаш зелени лисја. Постојат варијации на овој вид на клима, па така таа е посвежа и повлажна на северниот брег на Средоземјето, отколку на јужниот, кој е подложен на директно влијание на Сахара. Подалеку од брегот, оваа клима добива континентални обележја и станува постудена.

Пампска клима

Слична е на средоземната, но со малку повисоки средни температури и помала разлика меѓу одделните годишни времиња. Врнежите се присутни низ целата година, но со помал интензитет во текот на летото, а просечните вредности им осцилираат меѓу 600 и 800 мм годишно. Оваа клима се јавува само во јужната полутопка и нејзиното име потекнува од најкарактеристичното место во Аргентина - Пампас, иако ја има и во некои делови на Австралија и на југот на Африка. Растителноста е треви, а дрвјата се ретки.

Океанска клима

Основна одлика на оваа клима е големото влијание што го имаат западните ветрови врз областите кај кои се јавува.

Наводи

Tags:

Клима тски факториКлима Видови на климаКлима НаводиКлимаВремеЗемјаМетеорологија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2002МедОпштина ОхридГевгелијаЗагрозен видЛихтенштајнПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаПридавкаВиртуелна машинаГласањеХари КостовЕтанолАвстралијаКиро ГлигоровТумор на мозокКлеопатраПопис на населението во Македонија (2021)РастенијаБременостЛокални избори во Македонија (2009)Дискус хернијаБалканска приказна (ТВ-серија)Социјалистичка Република МакедонијаФлебитисОбединети нацииНимфа (птица)Руса треваМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаГлаголицаБлерим РекаНикола ВеличкиГордана СилјановскаБоров моделМалиот принцМакедонски парламентарни избори, 2016ДубаиФашизамОперативен системСвети Наум (манастир)Изборна единица 1СиријаЈосип Броз-ТитоКомунизамБлаже КонескиСписок на хемиски елементиСузан АкбелгеTrackBackБисера Костадиновска-СтојчевскаТурска кујнаА1-телевизијаКатица ЈаневаГоце НиколовскиГерманијаОтоманска МакедонијаЈордан Поп Јорданов - ОрцетоРак на усна празнинаГолеми и мали (роман)Рамнокрак триаголникСулфметоксазол/триметопримБојан ЈовановскиОтоманско ЦарствоСончев СистемАкутен панкреатитБроеви во македонскиот јазикКисел дождЗаменки во македонскиот јазикИзборна единица 8Општини во МакедонијаКомуњарБугаријаКирил ПејчиновиќИстанбулМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаРисГраматички категории на именките во македонскиот јазикСмрдлива Вода🡆 More