Марс Олимп: вулкан на планетата Марс

Олимп (латински: Olympus Mons = „Планина Олимп“) — голем вулкан на планетата Марс, со висина од речиси 22 км.

Со тоа е највисока планина во целиот Сончевиот Систем (со исклучок на Рејасилвија на астероидот 4 Веста). Олимп е речиси трипати повисок од Монт Еверест и е најмлад од поголемите вулкани на Марс, образуван во периодот наречен амазон. Планината им е позната на астрономите уште од доцниот XIX век како албедна образба „Олимпски Снегови“ (лат. Nix Olympica), што значи дека истата се сметала за планина долго пред тоа да се потврди со вселенски сонди.

Олимп
Olympus Mons
Марс Олимп: Особености, Галерија, Поврзано
Поглед на планината Олимп
Местоположба18.4° СГШ 226° ИГД
Врв21 км над појдовното ниво
22 км околен релјеф
26 км над рамнината
Откривач„Маринер 9“
ЕпонимОлимп

Вулканот се наоѓа на западната полутопка на Марс, на местоположба од 18,4° СГШ 226° ИГД, крај северозападниот раб на испакнатината Тарсида. Западниот дел од вулканот спаѓа во Амазонскиот четириаголник (MC-8), а средишниот и источниот дел влегуваат во Тарсидскиот четириаголник (MC-9). Именувани се два ударни кратера: Карзок (преч. 15,6 км) на 18°25′ СГШ 131°55′ ИГД и Пангбош (преч. 10,4 км) на 17°10′ СГШ 133°35′ ЗГД. Се смета дека овие два кратера се извори на шерготити, најизобилната класа на марсовски метеорити.

Особености

Олимп е штитест вулкан, морфолошки сличен на големите вулкани што ги сочинуваат Хавајските Острови. Широк е околу 600 км. Бидејќи планината е толку голема и со сложени образби околу рабовите, нејзината висина е тешка да се одреди. Се издига 21 км над глобалното појдовно ниво на Марс и околниот релјеф. Од подножјето на гребенот што ја обрабува, па сè до северозападниот дел на врвот, висината изнесува речиси 22 км Вкупната висинска промена од Амазонската Рамнина, повеќе од 1000 км на северозапад, па до врвот изнесува скоро 26 км. На врвот на планината се сместени шест вгнездени калдери (пропаднати кратери) што образуваат неправилна котлина со димензии од 60 × 80 км и длабочина од 3,2 км. Надворешните граници на вулканот се состојат од падина или карпест гребен висок до 8 км, што е единствена образба од овој вид на планетата. Планината зафаќа површина колку сојузната држава Аризона.

Бидејќи е штитест вулкан, Олимп има многу низок профил. Просечниот наклон на падините изнесува само 5°. Највисоки се во средниот дел, а пониски се при основата, што им дава испапчен нагорен профил. Самата планина има карантеристично несиметричен профил. Краците се пониски и се протегаат подалеку во северозападен правец отколку на југоисток. Профилот може да се опише и како циркуски шатор со еден јарбол поместен понастрана од центарот.

Поради големината на Олимп и неговите благи падини, набљудувачот што стои на Марс не може да го види целиот профил на планината, дури и од огромно растојание поради закривеноста на планетата и на самиот вулкан. Ако абљудувачот се искачи на врвот на планината, тој нема да може да забележи дека стои на висока планина бидејќи падините се протегаат подалеку од хоризонтот, што е оддалечен само 3 километри од точката на набњудување.

Типичниот атмосферски притисок на врвот на планината изнесува 72 паскали, што е околу 12% од просечниот површински притисок на Марс (600 паскали). Обата се многу ниски притисоци по земски стандарди. За споредба, атмосферскиот притисок на врвот на Монт Еверест изнесува 32.000 паскали, или 32% од притисокот на морското ниво на Земјата. И покрај ова, честопати над врвот на Олимп можат да се забележат високи орографски облаци и издигната марсовска прашина. Иако просечниот атмосферски притисок на Марс изнесува помалку од 1% од оној на Земјата, многу послабата гравитација на Марс ја зголемува размерната големина на атмосферата. Со други зборови, атосферата е пувкаста, и густината не ѝ се разликува така нагло при промена на висината како Земјината.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Марс Олимп ОсобеностиМарс Олимп ГалеријаМарс Олимп ПоврзаноМарс Олимп НаводиМарс Олимп Надворешни врскиМарс Олимп4 ВестаАлбедоАстрономијаВселенска сондаВулканКмЛатински јазикМарс (планета)Монт ЕверестОлимпСончев Систем

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АнасонВласинско езероСвети Климент ОхридскиВлатко СтефановскиКрал МаркоРобинзон КрусоЖељко РажнатовиќОпштина ЧаирStaphylococcus aureusРепублика КосовоБошко Најдовски30 априлОпштина СтругаОхридска пастрмкаПретседател на МакедонијаВиолинаМетодија Андонов-ЧентоБиблијаДуховденГрадови во ШвајцаријаОхридска архиепископијаЈордан Поп Јорданов - ОрцетоБременостКратовоСлавко ЈаневскиСкопско калеКарлес ПуџдемонЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридЗаздравување на ранаГерман (Кривопаланечко)КарпошСкопски земјотрес (1963)ВелигденВасил ШишковВикторија ЛобаКожлеРадишаниМозамбикКошаркаБраќа МиладиновциМето Јовановски (глумец)Роднински односиКоле КанинскиЖељко СамарџиќИнфективна мононуклеозаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ИндијаВлада на МакедонијаАнтички МакедонциДоста ДимовскаАнтибиотикАлшарХристијан Настески - ПајакБели дробовиАна ФранкБилјанини ИзвориРак (болест)Список на птици во МакедонијаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанВаландовоПетре М. АндреевскиСмрчкаА1-телевизијаОтоманско ЦарствоПростатаДекарМакедонски народни носииФлебитисБлагоја ПетровГлаголицаБабуна (река)ЖелезоВевчаниФК БарселонаЈеховини сведоциДиазепамИгор ЈаневБистра вода (серија)🡆 More