Карпош

Петар Карпош (с.

Војник, Кумановско, 1655 - Скопје, 1689) попознат само како Карпош — предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиското Царство, познато во историјата како Карпошово востание. Пред востанието Карпош бил долгодишен ајдутин, а подоцна и ајдутски арамбаша. Со востанието бил прогласен за „Крал на Куманово“.

Карпош
Карпош
Роден 1655
с. Војник, Кумановско
Починал 1689
Скопје

Додека корените на востанието лежеле во повеќевековната потчинетост на македонскиот народ, како и неговата незавидна економска и општествена положба, под османлиска власт, непосреден повод била втората опсада на Виена од страна на Османлиското Царство во 1683 година.

Во чест на востанието на Карпош, до 2013 година плоштадот на влезот на Старата скопска чаршија во Скопје го носело името Плоштад „Карпошово востание“. Но по поставувањето на големата фонтана со статуа на Филип II Македонски, плоштадот бил преименуван во името на овој крал на Македонија со одлука на Советот на Град Скопје.

Предвечерие на востанието

Во 1683 година Османлиите по вторпат се нашле пред ѕидините на Виена. Во тој период Австрија била преокупирана со агресивната политика на францускиот крал Луј XIV (1638-1715) и нерешените прашања со унгарските велможи. По двомесечна опсада на градот, напомош пристигнала австриската, како и полската војска предводена од кралот Јан Собјески (1629-1696). Турските сили биле разбиени и биле принудени на масовно и повеќегодишно повлекување. Во март 1684 година, со придружувањето на Венецијанската Република кон Австрија и Полска, формирана е Светата лига. Подоцна во 1686 година кон истата се приклучила и Русија. Во текот на долгата војна, Австриската војска го ослободила Белград, а во истата година, во септември 1689 година, го ослободила и Ниш. Набргу потоа австриските сили предводени од генералот Грофот Силвио Пиколомини придружени од локални доброволци се упатиле на југ кон Косово, освојувајќи ги притоа Прокупле и Грделичка клисура. По неколку дена ја освоиле и Приштина, а оттаму на 22 октомври тргнале кон Качаник , со намера да се освои Скопје. На 25 октомври тие влегле во Скопје, кој бил полн со залихи од животни намирници и трговски стоки, но напуштен од месното население, кое броело околу 60,000 , и турската војска. Поради низа фактори како оддалечувањето од главнината на австриските војски, и непогодните временски услови, а пред сè поради чумата која што беснеела во градот, Пиколомини решил да се повлече од градот и издал наредба истиот да се запали. Пожарот беснеел цели два дена, на 26 и 27 октомври, и го уништил најголемиот дел од градот. По ова, Пиколомини со своите трупи се повлекол во Приштина и на пат кон Призрен, каде што требал да има средба со Патријархот на Пеќската Патријаршија Арсениј III Черноевиќ во врска со преселувањето на дел од месното население во Војводина, се заразил од чумата. Умрел на 9 ноември 1689 година во Призрен.

Почетокот на Карпошовото востание

Според турски документи, месното население во Мариово се побунило уште пред заземањето на Ниш од страна на австриската војска во септември 1689 година. Насекаде ајдуците биле раздвижени и ги здружувале силите со општото востание.Самото востание избувнало кон средината на октомври 1689 година во северноисточниот дел на Македонија, центарот бил на подрачјето на Кратово и Крива Паланка. Селаните биле предводени од занаетчии, свештеници, рудари и ајдуци на чело со ајдутскиот арамбаша Карпош. Востаниците притоа им пружале и логистичка поддршка на австриските сили. Набрзо востаниците ги ослободиле Кратово, Крива Паланка и Качачкиот премин кон Србија. Австрискиот цар Леополд, кога слушнал за востанието, на Карпош му испратил свечена кнежевска капа. Карпош меѓу востаниците се стекнал со слава на „крал на Куманово“.

Карпош, краток животопис

Карпош 
Наредба за убиство на Карпош

Уште пред востанието, кон средината на 1689 година Карпош предводел една ајдутска дружина во Доспат Планина, а кога турските власти распишала потера по него, тој упеал да избега и да ја пренесе својата активност на Нишката, Лесковачката, Врањанската, Призренската и Пиротската каза. Меѓутоа, кон крајот на септември или во почетокот на октомври, Карпош добил амнестија од турските власти и бил назначен за мартолозбашија на мартолозите во казите Ќустендил, Сиришник и Радовиш и за старешина на мартолозбашиите во десет кази на македонска територија. Историчарите се едногласни дека олку големата наклонетост на централната власт кон својот довчерашен непријател имала за цел да го придобие на своја страна и со тоа да се парализира ајдутското движење што во овие краишта зело застрашувачки размери. Но и овој потег останал без успех, зашто веќе кон средината на октомври Карпош се наоѓал на чело на народното востание против турската власт.

Сè на сè, има малку пишан материјал за Карпош,се знае дека е роден во селото Војник, Кумановско но според народните фолклорни преданија, бил син на сиромашен мелничар. Додека името му било Петар, прекарот „Карпош“, по кого и ќе остане запаметен во историјата, го добил од зборот “карпа”, поради наводната голема физичка сила. Исто така според преданијата, Карпош работел како рудар во рудниците во Кратово. По некое време се вратил во родното село, се оженил и имал две деца. Подоцна заминал за Влашко, во потрага по работа. Спечалил пари, но на пат за дома, бил пресретнат од Турци и целата заштеда му била ограбена. Наводно никогаш не се вратил во родното село, туку повторно заминал за рудниците близу Кратово. Кога се слушнало за напредувањето на австриските сили, ги мобилизирал селаните кои работеле во рудниците, постепено ги зголемувал своите сили и набрзо го имал под контрола северноцентралниот и северноисточниот дел на Македонија.

Текот на востанието

Главно упориште на слободната востаничка територија била Крива Паланка, која и пред тоа претставувала најсолидно турско утврдување во областа. Востаниците изградиле и едно сосем ново утврдување крај Куманово. Незадоволувајќи се со здобиените позиции, востаниците имале за цел да ја прошират слободната територија, подготвувајќи се за поход во правец на Ќустендил. Најверојатно тие дејствувале заедно со австриските одреди, особено во времето на нивните акции во Македонија. Исто така веројатно е дека биле преземени извесни чекори и во правец на надворешното признавање и афирмирање на слободната востаничка територија како независна и суверена. Современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како „Крал на Куманово“, титула која подоцна и била призната од царот на Светото Римско Царство Леополд I (1640-1705). Воедно и според австриски документи, кога Пиколомини влегол во Приштина во 1689 година, бил пречекан од 5.000 востаници, меѓу кои најголемата единица била токму таа на Карпош. Според истите извори, во тој момент веќе се прогласил за “Крал на Куманово”. Како чин на признавање од страна на Австрискиот цар, Карпош добил од него калпак, грб, декорација и плус царски патент, т.е. сертификат, со кое му се признава власта врз териториите под негова контрола. Исто така му бил доделен и чинот на генерал

Задушувањето на востанието и смртта на Карпош

Меѓутоа набрзо дошло до пресврт во воено-политичката состојба на Балканот, што крајно негативно се одразило врз понатамошниот тек на востанието. Кон крајот на октомври Османлиите презеле серија мерки со цел консолидацијата на своите воени редови. Прво бил назначен нов голем везир, Мустафа-паша Ќуприли-зеде. Една од првите негови мерки била одлуката за укинување на низа извонредни давачки. Напоредно со овие мерки, започнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди, кои ќе бидат ударна сила во престојните судири со востаниците. Прв на удар била Крива Паланка, во која се наоѓале неколку илјади востаници, кои се спремале за напад на Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќ на непријателот, востаниците ја запалиле и напуштиле Крива Паланка, повлеувајќи се кон Куманово. Веќе следниот ден турските и татарските одреди се појавиле пред градот. Востаниците се решиле да го пречекаат непријателот надвор од новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош со голем број свои борци. Последен отпор востаниците давале од тврдината, која била преземена на јуриш а нејзините бранители биле погубени. Османлиската војска сега се упатила кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Скопје тогаш се наоѓало под контрола на ајдути, веројатно Карпошеви луѓе, но кога чуле за поразот кај Куманово и за приближувањето на османлиските војски, тие се разбегале.

Карпош 
Карпош ја слуша неговата пресуда пред да биде погубен

Во Скопје, крај камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случувало најдоцна во првите денови на декември 1689 година. Трагичната смрт на Карпош воедно го означува и крајот на востанието. По ова османлиската војска тргнала во поход на север против австриската војска и во јануари 1690 година ја поразиле во битката на Косово поле. Во август 1690 година австриската војска го напуштила Ниш и Османлиското Царство во целина.

Спомен обележја

Карпошовото востание било најмасовното востание на територијата на Македонија од самото доаѓање на Турците во Македонија во последната четвртина на XIV век сè до крајот на XIX век.

Карпош 
Плоча на Камен Мост во Скопје, во спомен на Карпош

Во чест на предводникот на востанието, Карпош, општина во градот Скопје го носи неговото име, додека плоштадот на левиот брег од Вардар пред Камениот мост до 2013 година го носеше името “Карпошово востание”. Исто така на средина на Камениот мост е поставена плочa во негов спомен. Плочата го носи следниов текст (испишан на македонски и англиски): „КАРПОШ - Водачот на големото народно востание од 17 век, значајна личност на македонската историја, погубен 1689 година на Камениот мост во Скопје“.

Споменикот на Карпош е поставен на источната страна од Камениот мост, на левиот брег на Вардар.

Карпош како тема во уметноста

  • „Во памјат Карпошова“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.
  • „Буната Карпошова“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Карпош Предвечерие на востаниетоКарпош Почетокот на овото востаниеКарпош , краток животописКарпош Текот на востаниетоКарпош Задушувањето на востанието и смртта на Карпош Спомен обележјаКарпош како тема во уметностаКарпош ПоврзаноКарпош НаводиКарпош Надворешни врскиКарпош16551689АјдутинВојник (село)Карпошово востаниеСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХиџраНепалДенес над МакедонијаСвета ГораНационални паркови во МакедонијаИменкаАвстријаМакедонски парламентарни избори (2014)НорвешкаСвети Климент ОхридскиЃорге ИвановБразилМартинкаСтале ПоповЈане СанданскиМеѓународни празнициГолемите географски откритијаБогородичната црква во ПаризАн-Софи МутерСписок на електрани во МакедонијаГраматички категории на именките во македонскиот јазикДискриминацијаТартифБраќа МиладиновциТриаголникНикола ГруевскиШенген-зонаВоен конфликт во Македонија (2001)Обединето КралствоРасејувањеБашибосЏанлујџи Буфон‘Рбетен столбИсторија на ИранКларенс СедорфДонтов методЈужна АмерикаЖарулкаИменки во македонскиот јазикФранцуска заедницаЕлектрицитетТранслитерација на македонското писмоОбединети нацииСончев СистемВојдан ЧернодринскиЕрман ШабанОвчи сипанициМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Независносложени реченици во македонскиот јазикПрилепРамностран триаголникЈапонски календарПроста реченицаПасхаШенка КолозоваБосна и ХерцеговинаГаличка свадбаTrackBackРимЦар Едип (драма од Софокле)Чернобилска несреќаТоплинаЗаменки во македонскиот јазикДемократска унија за интеграцијаЛуголов растворПравило на десна ракаРамазанДрамаПридавки во македонскиот јазикПланетаГерманијаЛокални избори во Македонија (2013)Вагинален исцедокЗлосторство и казнаЦистична фиброзаАнгелот на Света СофијаДискус хернија🡆 More