Филип Ii Македонски

Филип II Македонски (382 п.н.е.

— октомври 336 п.н.е.) — крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

Филип II Македонски
Крал на Македонија
Филип Ii Македонски
Биста на Филип II Македонски.
На престол359 п.н.е.336 п.н.е.
ПретходникПердика III
НаследникАлександар Македонски
Почивалиште
Жени
  • Аудата
  • Фила
  • Никасиполис
  • Филина
  • Олимпија
  • Меда од Одеса
  • Клеопатра Евридика
ДецаКинана
Филип III
Александар Македонски
Клеопатра
Тесалоника
Птоломеј I Сотер
ДинастијаАргеадска династија
ТаткоАминта III
МајкаЕвридика II
Филип Ii Македонски
Монета со ликот на Филип II Македонски
Филип Ii Македонски
Македонската фаланга во формација „синтагма" од 256 војника по одред

Рани години

Филип е роден во Пела во 382 п.н.е., како најмлад син на царот Аминта III и царицата Евридика. Во младоста (во периодот 368 п.н.е.365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да го запоседне македонскиот престол во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во своите раце.

Реформи и походи

Наскоро по доаѓањето на власт, Филип извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане регионална сила.

Тој водел повеќе успешни војни со соседите. Најпрво, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните македонски племиња и ја проширил својата власт на север до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја зазел атинската колонија Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета, која почнала да се употребува и во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженил со епирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип го освојува градот Кренид, кој го преименува во Филипи. Тој исто така ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. ја освоил атинската колонија Метон, при што во битка го изгубил едното око.

Еден од најпрочуените говори на Демостен е Третиот говор (Филипики) против Филип Втори Македонски во кој ја искажува големата омраза кон власта на Филип Втори Македонски и продорот на македонската војска во хеленските колонии во рамките на Македонското Кралство. Во Tретиот говор против Филип, Демостен за овој поход изјавил:

О мажи Атињани, од она што Филип во тек на нецели тринаесет години, колку што е тој на врвот, им го сторил на Хелените. Она е една петина од ова, не повеќе. Ги оставам на страна Олинт, Метона и Аполонија и триесет и два града во Тракија, кои сите така безмилосно ги уништи, што, ако некој некогаш и би наминал таму, тешко би кажал дека биле населени. Го премолчувам и уништувањето на толкав народ – Фокејците. Но што е со Тесалија? Нели ги уништи и правата на граѓаните и нивните градови, и востанови тетрархии за да му робуваат не само по градовите, туку и по племињата?


Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од страна на Атињаните во Термопили, во 352 п.н.е. Истата година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продрe јужно, туку ќе ги освојува источните региони доаѓајќи до реката Хебрус (словенско име: Марица).

Во 349 п.н.е. Филип ја започнува опсадата над халкидискиот град Олинт, првично негов сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз со Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја, а неговите жители Филип ги продава како робови. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските војски преку Епир навлегле на северозапад сè до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип презел успешен поход и против Скитите на север.

Во 340 п.н.е. Филип ја започнува опсадата на Перинт, а потоа во 339 п.н.е. и на Византион, но и двете опсади завршуваат неуспешно.

Филип Ii Македонски 
Мапа на територијата на Филип II од Македон

Битката кај Херонеја и Коринтската лига

Неуспешните опсади на Перинт и Визант го загрозуваат влијанието на Филип во Грција. Сепак, набрзо Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани во Битката кај Херонеја во 338 п.н.е.

Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, биле приморани да го потпишат Општиот Мир диктиран од Филип II и ја формираат Коринтската лига. Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно, склучување на сојузи, менување на политичкото уредување, стапување на служба во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши Мирот. Иако со овој договор им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска власт тие биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и немањето на надворешна политика. Филип бил избран за водач (хегемон) т.е. за политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената заднина од можни востанија во Грција, тој започнал големи воени подготовки за походот што планирал да го презеде против најголемата тогашна империја Персија.

Филип Ii Македонски 
Споменик на Филип, Скопје

Сепак, Филип не успева да го поведе походот против Персија. Во 336 п.н.е. бил убиен во Ајга за време на свадбата помеѓу Александар I Епирски и Клеопатра, ќерка на Филип од неговиот брак со Олимпија. Убиец бил Павзаниј од Орестида, еден од неговите седум телохранители.

Бракови

Филип Ii Македонски 
статуа на филип во скопје

Поврзано

Надворешни врски


Tags:

Филип Ii Македонски Рани годиниФилип Ii Македонски Реформи и походиФилип Ii Македонски Битката кај Херонеја и Коринтската лигаФилип Ii Македонски БраковиФилип Ii Македонски ПоврзаноФилип Ii Македонски Надворешни врскиФилип Ii Македонски336 п.н.е.359 п.н.е.382 п.н.е.Александар МакедонскиКрал на МакедонијаОлимпијаФилип III Аридеј

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Чир на желудникотТунисПанкреасМакедонски парламентарни избори, 2002Македонски претседателски избори (2004)Македонски парламентарни избори (2002)ХипофизаЕлектрична енергијаВиножитоДенес над МакедонијаСвето ТројствоДемократска партија на АлбанцитеОпштина Гази БабаСтрујно колоКочо РацинХристијан Тодоровски-КарпошСтомакБиланс на успехДимитар Апасиев24 априлСврзникФК Реал МадридКрушевска РепубликаЛазар МојсовБорјан ЈовановскиИдиопатска тромбоцитопенична пурпураПолип на маткатаЃорге ИвановКлиматските промени и сиромаштијатаАјфелова кулаКралство ЈугославијаИталијаРимВанчо МихајловМакедонски парламентарни избори (2008)Македонска обновителна реформска опција - Работничка партијаБлаже КонескиБиљал КасамиПартија за целосна еманципација на РомитеЛудвиг ван БетовенСинонимИменкаОпштини во МакедонијаПанонски легендиЛанец на исхранаВодаЏезПитагорова теоремаЗа наша МакедонијаМладотурска револуцијаИнтервал (музика)Пиреј (роман)ЕјакулацијаБубрежен каменГолосеменициОпштина АеродромДемијанГрегоријански календарЗнаме на МакедонијаУстав на МакедонијаЗагадување на воздухотПрагаСашо ОрдановскиСтојне НиколоваБрадикардијаТетовоОНАРомбДишен системСрцева слабостФуросемидВртоглавицаЖолто МореУНЕСКОМалиот принцПоткастЈугоисточно македонско наречјеПоделба на властаОпштина Центар🡆 More