Агол Степен: единица за агол

Степенот (поточно лачен степен, симбол: °) — единица мерка за агол, и претставува 1⁄360 од полн вртеж.

    Во оваа статија се зборува за единица за агол. Други значења ќе најдете на Степен (појаснување).

Еден степен е еднаков на π/180 радијани. Оваа единица не е дел од системот SI (таму се користи радијанот), но се споменува во нивните брошури како прифатена единица. Кога тој агол се однесува на упатен меридијан, ова означува местоположба долж голема кружница на сфера, како да речеме Земјата.

Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици
Еден степен (црвено) и
деведесет степени (сино)

Историја

Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици 
Кружница со рамнострана тетива (црвено). Степенот е една шеесеттина од овој лак. Шест тетиви сочинуваат кружница.

Првичниот мотив за измислувањето на степенот како единица за вртежи и агли е непознат. Според една теорија, причината за ова е бројот на деновите во годината - приближно 360. Древните астрономи забележале дека ѕвездите на небото што секојдневно кружат околу небесниот пол се поместуваат со стапка од 360-ти дел од кружницата дневно, т.е. еден степен. Некои стари календари како персискиот имале 360 дена во годината. Употребата на ваквиот календар можеби е врзана со употребата на шеесетеречниот броен систем (сексагезимален систем).

Друга теорија вели дека ова се должи на тоа што степенот е една шеесеттина од аголот на рамностраниот триаголник. Најстарите тригонометриски пресметки на вавилонските астрономи и Старите Грци по нив, се вршеле со тетиви на кружницата. Како основа се земала тетива еднаква на полупречникот на кружницата. Бидејќи се користел шеесетеречниот систем, една шеесеттина од тетивата изнесувала еден степен.

Хипарх бил првиот што систематски ги приучувал вавилонските астрономски сознанија и методи. Со исклучок на Тимохарис и Аристил, тој бил првиот старогрчки мислител што ја делел кружницата на 360 степени од по 60 лачни минути (неговиот претходник Ератостен користел поедноставен шеесетеречен систем, делејќи ја кружницата на 60 дела).

Кружницата се делела на 360 дела и во древна Индија, како што е запишано во Ригведата.

Постои можност бројот 360 да е избран поради неговата лесна деливост: 360 има 24 делители, вклучувајќи го секој број од 1 до 10 освен 7. Ова својство наоѓа мноштво важни примени - светот се дели на 24 часовни појаси, секоја номинално по 15° од географската должина, и вака се совпаѓа со утврденото 24-часовно деноноќие.

Поделба

Честопати степенот е доволно мал агол за да се задоволи бараната прецизност. Меѓутоа во астрономијата и географијата, каде треба да се изрази географска ширина и географска должина на Земјата, координатите може да се изразат во децимали, но најчесто се среќава традиционалната шеесетеречна поделба. Степенот се дели на 60 „(лачни) минути“, а минутата на 60 „(лачни) секунди“. Овие единици, наречени лачна минута и лачна секунда, се претставуваат со единечен односно двоен прим, или пак со единечен и двоен наводник: 40,1875° = 40° 11′ 15″ (или 40° 11' 15").

За уште поголема прецизност денес се употребуваат децимални делчиња од секундата. Порано делчињата од степенот се претставувале како третини, четвртини итн, со што се продолжува шеесетеречната поделба на единицата, но денес ваквата поделба не е во употреба. Делчињата (шеесеттинките) се пишувале со римски бројки во горен индекс: 1I = „прим“ (лачна минута), 1II = секунда, 1III = третина, 1IV = четвртина итн. Оттука потекнуваат современите симболи за лачна минута и секунда.

Други единици

Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици 
Споредба на степени и радијани

Во сите математички операции (освен практичната геометрија), аглите се изразуваат во радијани. Ова се должи на повеќе причини: на пример, тригонометриските функции имаат поедноставни и „поприродни“ својства кога аргументите им се изразени во радијани. Еден полн вртеж (360°) е еднаков на 2π радијани, па затоа 180° се еднакви на π радијани. Во склад на тоа, степенот е математичка константа: 1° = π180.

Во техниката и науката се користи вртежот (свртување, полн круг). 1 вртеж = 360°. Оттаму имаме вртежи во минута.

Со воведувањето на метричкиот систем (на основа 10) постел обид да се зацврсти употребата на „децимален степен“ (град), така што еден прав агол би имал 100 града, а целата кружница би имала 400. Иако оваа идеја е напуштена уште во времето на Наполеон, некои групи продолжиле да го употребуват градот, дотолку што многу научни дигитрони и денес нудат сметање во градови.

Единицата „илјадити“ наоѓа примена во војувањето, поточно за употреба со „артилериски триаголник“. Во САД се користи 16400, а во Русија поедноставното 16000 - обете приближно еднакви на еден милирадијан

Претворање на аголни единици

Единица Вредности
Вртежи   0 Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици 
Степени   30° 45° 60° 90° 180° 270° 360°
Радијани 0 Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици  Агол Степен: Историја, Поделба, Други единици 
Градови 0g 33⅓g 50g 66⅔g 100g 200g 300g 400g

Поврзано

Белешки

Надворешни врски

Tags:

Агол Степен ИсторијаАгол Степен ПоделбаАгол Степен Други единициАгол Степен ПоврзаноАгол Степен БелешкиАгол Степен Надворешни врскиАгол СтепенАголГолема кружницаЕдиница меркаМеридијанРадијанСистемот SIСфера

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ЧаирБалкански рисЃорге ИвановСредоземно МореДомашно говедоМасакр во СребреницаИзбори во МакедонијаОпштина Демир ХисарЧернобилска несреќаГордана СилјановскаИзборна единица 9Македонски народни приказни (ТВ-серија)ХоландијаПечалбариГордана Силјановска-ДавковаСузана СпасовскаКостадин КостадиновТриаголникПере ТошевСписок на градови во ГерманијаНародна Република КинаМетодија Андонов-ЧентоАдаптација (биологија)ДекларацијаРусијаДиво месо (драма)ИсламГРОМДелчевоИнтернетСвети Наум Охридски ЧудотворецУДБАГевгелијаПопулизамПравоаголникМонакоДржавна изборна комисијаДемократи (политичка партија)Општина СтуденичаниИзборна единица 6Водочки манастирПрва влада на Никола ГруевскиВтора влада на Бранко ЦрвенковскиНикола ТодоровБосна и ХерцеговинаОВКЃурѓовденГордана ЈанкулоскаРелигијаПретседателВлада на Димитар КовачевскиКамилаКомунизамОпштини во МакедонијаОпштина НовациИзбори во Република МакедонијаХристо УзуновРобинзон КрусоМакедонски претседателски избори (2004)Томе АрсовскиМакедонска азбукаРепродуктивен системОпштина ВрапчиштеВтора светска војнаМултипла склерозаАлопецијаИнфективна мононуклеозаБитолаИлијадаЃорѓија ПулевскиЦар СамоилХромозомАвстралијаХипотироидизамБобан Трајковски🡆 More