Календар

Календар е систем за организирање на деновите со општествени, религиозни или административни цели.

Ова се прави со тоа што им се даваат имиња на одредени временски периоди, денови, недели, месеци и години. Месеците и годините најчесто се во склад со движењето на Сонцето и Месечината. Повеќето цивилизации својот календар го направиле со приспособување на постар модел на календар, преземен од друг народ.

Календар
Страница од Хинду календар 1871–1872

Зборот календар доаѓа од латинскиот kalendae, што било назив за првиот ден од секој месец.

Видови на календари

Наједноставниот календар е јулијанскиот календар, кој едноставно ги брои деновите после одреден датум. Други видови на календари се:

  • календар кој ги брои само седмиците - не е во општа употреба.
  • година, месец, ден - најчест вид на календар, меѓу кои спаѓаат грегоријанскиот календар, исламскиот календар и еврејскиот календар.
  • Месечев календар - во склад со движењето на Месечината, пример е Исламскиот календар.
  • Сончев календар - во склад со движењето на Сонцето, односно сезоните, пример е Персискиот календар.
  • Месечево-сончев календар - е комбинација на пресметките за Месечината и Сонцето заедно, пример е традиционалниот календар во Кина и Хинду календарот во Индија.
  • Календар кој е во склад со движењето на Венера, каков што биле календарите во древен Египет.

Најчесто календарите содржат повеќе од еден тип на циклус, каков што е на пример грегоријанскиот календар, кој не зависи од седмиците, но датумот се искажува не само со бројката на денот од месецот, туку и со името на денот од седмицата. Обично, системот на искажување на деновите во бројки, не ги изместува деновите во седмицата, кои си продолжуваат непрекинато.

Најголемиот број на календари содржат поими како ден, месец и година. Сончевиот календар го следи циклусот на сезоните, традиционално користен за планирање на земјоделските активности. Во месечевиот, еден месец е еднаков на еден циклус од мените на Месечината. Бидејќи бројот на денови во една сончева година не е цел број, ова е решено со додавање на денот 29 февруари на секоја четврта односно престапна година. Истото се случува и во месечевиот календар. Ова е познато како интеркалација.

За општите потреби во една држава, заради регулирање на активностите, направени се временските поделби на помали или поголеми периоди, како на пример недела, деценија, век, милениум.

Календарот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Календар“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.
  • „Календарите на господинот Когито“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • „Календари и часовници“ (англиски: Calendars And Clocks) — песна на британската рок-група Корал (The Coral) од 2002 година.

Поврзано

За понатамошно читање

  • Fraser, Julius Thomas (1987), Time, the Familiar Stranger (illustrated. изд.), Amherst: Univ of Massachusetts Press, ISBN 0870235761, OCLC 15790499
  • Whitrow, Gerald James (2003), What is Time?, Oxford: Oxford University Press, ISBN 0198607814, OCLC 265440481

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Календар Видови на календариКалендар от како тема во уметноста и во популарната култураКалендар ПоврзаноКалендар За понатамошно читањеКалендар Надворешни врскиКалендар НаводиКалендарВремеГодинаДенМесецМесечинаНеделаСонце

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДропкаНационален парк МавровоИнтеграСеверна АмерикаНеологизамОпштина СопиштеМинистерство за животна средина и просторно планирањеРационализамОпштина КривогаштаниРимско ЦарствоВоен конфликт во Македонија, 2001Кирил ПејчиновиќКавадарциСписок на острови во Средоземното МореМозокЈугославијаДојранско ЕзероМејозаОпштествено уредувањеТрапезРахим БекириЛокални избори во Македонија (2005)Македонски ВласиРак на желудникВиртуелна машинаВанчо НиколескиОпштина ЧаирОпштина РанковцеНаселениеЖолчкаВанчо ШехтанскиВелигденски јајцаМакедонски парламентарни избори (2011)Галебот Џонатан ЛивингстонКошаркаКрсте Петков МисирковЛокални избори во Македонија (1996)Анте ПоповскиСтево ЦрвенковскиНина Атанасова-ШкрињариќОпштина СтругаЃорѓија СајкоскиДемографија на МакедонијаХепатит ЦХајди (роман)ЛасерПанонска НизинаОче нашАлжирСписок на повикувачки броеви на земјитеБедија БеговскаМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаОдбивање (физика)ВиолинаЗвукМакедонски претседателски избори, 2014Општина ДојранКанадаДржавна изборна комисијаДемократска партија на АлбанцитеПолжавиПреспанско ЕзероВртоглавицаПетар Поп АрсовАбортусХолокаустСаво КлимовскиДоктор ОфболиПартија за движење на Турците во МакедонијаБерлински конгресЃорче ПетровБорис ТрајковскиОбединети за МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаОНАНафтен танкерСтароегипетска митологија🡆 More