Пречник

Пречник (или дијаметар) на една кружница — отсечка чии крајни точки лежат на кружницата, а која врви низ центарот на кружницата.

Пречникот на една кружница е должината на таква отсечка. Полупречникот (полупречник) претставува половина од пречникот. Пречник на сфера се дефинира на истиот начин, а пречник на круг или топка е пречник на соодветната кружница или сфера (соодветната кружница на еден круг е работ на самиот круг; соодветната сфера на една топка е работ на самата топка).

  • Една кружница или сфера има безброј многу отсечки-пречници, но сите ја имаат истата должина!
  • Таа должина се вика пречникот, а по правило отсечка-пречник се вика само пречник.
  • Физичка величина за пречникот е должина.
  • Во математика, пречникот на една кружница или сфера најчесто се означува со буквата D или d (или самото растојание).
Пречник
Кружница со
  пречник D
  полупречник R
  центар на почеток O

Соодносот помеѓу пречникот D и полупречникот R на една кружница е

    или     

Соодносот помеѓу пречникот D и периметарот L на една кружница е

  или    

Соодносот помеѓу пречникот D и плоштината P на една кружница е

  или    

Други особини и формули со пречник

  • Тетива која врви низ центар е пречник.
  • Должината на најголема тетива на една кружница е пречник.
  • Талесова теорема: Нека крајните точки на еден пречник се А и В, а С нека е друга точка на таа кружница. Тогаш триаголникот ΔABC е правоаголен триаголник, а хипотенузата на истиот е пречникот АВ.

Означување на пречник во инженерството

Пречник 
Ознака за пречник во техничко цртање
Пречник 
Sign од AutoCAD® цртеж

Ознаката за пречникот во техника е која е слична по големина и дизајн со ø, односно мала буква о вкрстен со коса црта на напред /. За овој симбол уникод бројот е 8960, а во (хексадецималниот број е 2300 така што на веб-страна, односно во ХТМЛ се внесува или . Ознаката може да се внеси во обичен текст во Microsoft Windows држејќи го тастерот Alt и внесете ги тастерите8960 на бројченот дел од тастатурата.

Честопати овој карактер нема да се прикажи правилно, па затоа во повеќе случаи може да се користи буквата ø, односно уникод: 0248 (хекс: 00F8).

Во LaTeX, ознаката се добива со командата \diameter која е дел од пакетот wasysym.

Ознаката се разликува од симболот за празно множество , од големата грчка буква Φ, и од нордичката самогласка Ø.

Обопштување

Дефинициите дадени во погорното важат само за кружници и сфери (плус кругови и топки).

  • За испакната фигура во рамнина, т.е. во 2-димензионален простор, пречник се дефинира како најголемото растојание помеѓу две паралелни прави кои се тангентни на работ на фигурата.
  • Уште поопшто, било кој n-димензионален конвексен или не-конвексен објект А во Евклидски простор, како хиперкоцка или множество расфрлани точки, пречникот на А се дефинира како сумпремумот на множеството растојанијата помеѓу сите парови на точки во објектот, т.е. DA=sup { δ(x, y) | x, yA } каде што δ(x, y) е растојанието помеѓу точките x и y. Ова се совпаѓа со пречникот на конвексната обвивка на А.
  • Во планиметријата, пречникот на конусен пресек е било која тетива која минува низ центарот на конечниот пресек. Вакви пречници имаат една единствена должина само кога конечниот пресек е кружница (која има ексцентричност  = 0).
  • Во диференцијална геометрија, пречникот е важен глобален Риманов инваријант.
  • Во медицина, пречник на лезија (повреда) е најдолгата отсечка чии крајни точки лежат во самата лезија.

Литература

Поврзани теми

Надворешни врски

Tags:

Пречник Други особини и формули со пречникПречник Означување на пречник во инженерствотоПречник ОбопштувањеПречник ЛитератураПречник Поврзани темиПречник Надворешни врскиПречникКружницаОтсечкаПолупречникСфера

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БајкаГраѓанска опција за МакедонијаСедум светски чуда на античкиот светСојуз на комунистите на МакедонијаТрансверзала (геометрија)Македонски парламентарни избори, 1998Прва влада на Зоран ЗаевОпштина СтрумицаВикипедија на македонски јазикКалеш АнѓаПингвинДен на независноста на МакедонијаЛазарова саботаЧернобилска несреќаБигорски манастирГемиџииЉупчо ЈордановскиМедузаМакедонски претседателски избори, 2019Тимчо МуцунскиВтора влада на Никола ГруевскиХари КостовМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Кисел дождГликемијаОпштина НовациОхридАнемијаОпштина РанковцеКрвна групаОпштини во МакедонијаПоделба на властаПридавкаСписок на птици во МакедонијаЕден на еденРазловечко востаниеМакедонски претседателски избори (2004)Зијадин СелаПрва светска војнаПеколот (Божествена комедија)БојаДелчевоМала РечицаРоднински односиИндијаВардарТигарЕволуција на човекотМарко ЦепенковБосна и ХерцеговинаЗНАМПролетМетодија Андонов-ЧентоОхридско ЕзероБолести и аномалии на очитеВлада на Димитар КовачевскиМалиот принцКомунизамМаксим ДимитриевскиОпштина Маврово и РостушеДискус хернијаМалтаХераклеја ЛинкестисГолосеменициПетар Поп АрсовАвангардаЃорче ПетровМакедонски денарСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаТартифЕкологијаВагинален исцедокСипанициВакцина против тетанусМојот звукСписок на главни градови во светот🡆 More