Малајски Јазик

Малајски jazik (самонар.

Bahasa Melayu) — важен јазик во рамките на австронезиското јазично семејство. Тој е државен јазик на Малезија (како малезиски), Индонезија (како индонезиски) и Брунеј, како и еден од четирите службени јазици на Сингапур. Како мајчин го говорат 40 милиони луѓе преку Малачкиот Проток, вклучувајќи ги крајбрежните делови на Малајскиот Полуостров во Малезија, источниот брег на Суматра и островската група Риау во Индонезија, но и на зпадниот брег на Саравак и Западен Калимантан на Борнео. Во јужен Тајланд се говори сродниот „патански малајски“.

Малајски
Bahasa Melayu
بهاس ملايو
Застапен воИндонезија (како индонезиски)

Малезија
Брунеј
Сингапур
Источен Тимор (како индонезиски)
Божиќен Остров

Кокосови Острови (де јуре)
Говорници40 милиони како мачин, вклуч. 23 милиони индонезиски  
~ 180 милиони (вкупно), 90% индонезиски
Јазично семејство
Стандардни облици
Дијалекти
теренгански
келантански
саравачки
патански
други малајски дијалекти
Писмомалајска азбука (латинична; службена во Малезија, Сингапур и Индонезија и кослужбена во Брунеј)
џави (арабица, кослужбена во Брунеј и Малезија).
Статус
Службен воИндонезија
Малезија
Брунеј
Сингапур
Кокосови Острови (де јуре)
Признаен како малцински воИндонезија (локалниот малајски има статус на регионален јазик во Суматра)
Регулативен органСовет за јазик и книжевност
Јазичен совет на Малезија, Индонезија и Брунеј
Јазични кодови
ISO 639-1ms
ISO 639-2may (B)
msa (T)
ISO 639-3zlm — опсежен код
Поединечни кодови:
zsm — малезиски
ind — индонезиски
lrt — ларантучки ?
kxd — брунејски ?
meo — кедански ?
zmi — негерисембилански ?
dup — дуано ?
jak — џакунски ?
orn — оранг канак ?
ors — оранг селетар ?
tmw — темуански ?
{{{mapalt}}}

Според Ethnologue јазикот има 16 дијалекти, а неколку од нив се сметаат за посебни јазици, како на пример говорите на немалезиското население (погоре во наведени со прашалник до името). Постојат и неколку креолски јазици врз основа на класичниот малајски, како и отмакасарски малајски, кој претставува мешан јазик.

Потекло

Постојат разни претпоставки за потеклото на малајскиот јазик. Некои сметаат дека произлегол од островот Суматра поради тоа што во негова близина се најдени најастарите малајски написи (VII век). Старото кралство Малају се наоѓало во денешната покраина Џамби во источна Суматра и се споменува во разни древни текстови.

Со проширувањето на трговските односи и наблегувањето на исламот, муслимнанските кралства доживеале подем, и така малајскиот станал лингва франка ширум Малајскиот Архипелаг. Малачкиот султанат го воспоставил првиот книжевен малајски јазик. По поразот од Португалија во 1511, првенство во книжевноста добил Џохорскиот султанат (Џохор-Риау), чија варијанта е основа за денешниот стандард. Со поделбата на султанатот помеѓу на Британска Малаја (Џохор) и Холандските Источни Инди (Риау), варијантата станала службена во обете територии и како таков се има задржано до денес со негово изгласување за уставен јазик.

Индонезискиот и малезискиот зборовен фонд ги делат повеќе векови посебен развој, делумно поради влијанијата на колонијалните јазици; холандскиот во Индонезија, а англискиот во Малезија, Сингапур и Брунеј. Во 1972, Индонезија и Малезија го усогласиле правописот, и заедно со Брунеј, имаат основано заедничка јазична установа за меѓусебно ускладувањ и развој на научно-технички поими.

Некои малајски дијалекти се само делумно разбирливи за литературните говорници. На пример, келантанскиот и саравачкиот изговор е тешко разбирлив за Малезијците, додека пак индонезискиот содржи многу зборови што не им се познати на малезиските говорници, поради влијанија од јаванскиот, сундскиот и другите локални јазици, како и поради локализми.

Фонологија

За разлика од многу околни јазици како тајскиот и виетнамскиот, малајскиот јазик нема тонови.

Согласки

Во јазикот има неколку фонеми што се присутни само во заемки (подолу во загради), главно од арапскиот, холандскиот и англискиот. Не сите говорници знаат да ги различат сите овие гласови.

  • Немалајските согласки се напишани во „()“, а дијалектичките се напишани во „/\“.
Согласни фонеми
Двоуснени Уснено-
забни
Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни Уснено-
заднонеп.
Носни       m       n       ɲ       ŋ
Избувни p   b t   d k   ɡ (ʔ)      
Слеани tʃ   dʒ
Струјни (f)   (v) s  (z) (ʃ)       (x)       h      
Приближни      j       w
Странични       l
Трепетни       r

Правописна белешка: Буквите од азбуката ги имаат истите звучни вредности како горенаведените фонетски симболи, освен следниве гласови:

  • /ɲ/ е претставен со „ny“
  • /ŋ/ е претставен со „ng“
  • гласилната избувна /ʔ/ е претставеа со завршно „k“ или апостроф '
  • /tʃ/ е претставен со „c“
  • /dʒ/ е претставен со „j“
  • /ʃ/ е претставен со „sy“
  • /x/ е претставен со „kh“
  • /j/ е претставен со „y“

Фонемите што се јавуваат само во арапски заемки обично се едначат по звучност со малајските фонеми, но се изговораат и изворно од лицата што знаат арапски.

Согласки позајмени од арапскиот
Изворно Изедначено Пример
/x/ /k/, /h/ khabar, kabar „вест“ (букв. „абер“)
/ð/ /d/, /l/ redha, rela „добра волја“
// /l/, /z/ lohor, zuhur „пладне“ (молитва)
/ɣ/ /ɡ/, /r/ ghaib, raib „скриен“
/ʕ/ /ʔ/ saat, sa'at „време“ (букв. „саат“)

Самогласки

Малајскиот изворно имал четири самогласки, но денес многу наречја имаат по шест. Самогласката /ə/ е обично епентетична, но во некои зборови не може да се предвиди (како на пр. enam „шест“). /e, o/ се разликуваат во англиски заемки и многу индонезиски дијалекти. Во некои говори /ai, au/ се изговараат како /e, o/.

Самогласни фонеми
Предни Средни Задни
Затворени i u
Средни e ə o
Отворени a

Правописна белешка: со буквата „e“ се претставуваат гласовите /e/ и /ə/. Ова значи дека постојат извесни хомографи, па така perang може да биде /peraŋ/ („русокос“) или /pəraŋ/ („војна“).

Кај автохтоните малајски зборови, [i, u] и [e, o] се алофони. Може да се разликуваат од место до место, како во случајот на bugil „слечен“ (Индонезија и северна Малаја) наспроти bogel (јужна Малаја).

Кај корените со затворен последен слог, самогласката ⟨i⟩ се изговара како /e/, а ⟨u⟩ како /o/. Отворениот последен слог со самогласка ⟨a⟩ се изговара како /ə/, но се подразбира и во претходниот слог доколку првата буква во последниот слог е ⟨h⟩. Буквата е ⟨e⟩ во голем број на афикси и функционални зборови секогаш се изговара како /ə/.

Низите ai, au, и oi се дифтонзи во отворени слогови. Меѓутоа кај затворените слогови, како air (вода), двете самогласни се изговараат во зев. Со други зборови, pulau „остров“ и laut „море“ имаат секој по два слога. Други самогласни низи како daerah „подрачје“ и siul „свирка“ секогаш се во зев. Во некои индонезиски дијалекти, дифтонзите /ai/ и /au/ се судираат со /e, o/.

Пишаните дифтонзи ⟨ei⟩ и ⟨ey⟩ впрочем се изговараат како /e/, а истото важи и за ⟨ou⟩, што се изговара како /o/

Дифтонзи
Пиш. МФА
ai [ai̯, e]
au [au̯, o]
oi [oi̯, ui̯]

Граматика

Малајскиот е аглутинативен јазик, што значи дека новите зборови се создаваат на еден од три начина: со придодавање на афикси на коренот, образување на сложенки, или со повторување на зборови или нивни делови (редупликација). Основни корени можат да бидат именките и глаголите, но честопати тие се образуваат од други зборови по пат на претставки и наставки.

Во јазикот нема граматички род, а само неколку збора имаат природен род; еден ист збор важи за тој и таа или негов и нејзин. Исто така не постои множина; така, orang може да значи и „човек“ и „луѓе“. Глаголите не се менуваат во склад со лицето и бројот, и нема означување за време. Времето се изразува со прилози (на пр. „вчера“) или со други показатели како sudah („веќе“) и belum „сè уште не“. Од друга страна, јазикот има сложен систем на глаголски афикси за изразување на нијанси во значењето и претставување на залог или намерен/случаен глаголски начин.

Во малајскиот исто така не постои подмет како во македонскиот. Кај непреодните исажувања, именката стои пред глаголот. Кога има и вршител и предмет, тие се одделуваат со глагол (ПГВ или ВГП), а разликата се содржи во залогот на глаголот. Најчест распоред е ПГВ.

Заемки

Малајскиот има голем број на заемки од повеќе јазици како арапскиот (претежно верски поими), санскрит, тамилскиот, персискиот, португалскиот, холандскиот, извесни кинески дијалекти, а во поново време и од англискиот (особено научни и технички поими).

Основни реченици

Малајски Јазик 
Предна страница од „Малајскиот летопис“ (XVII век) напишан на писмото џави

Во Малезија и Индонезија речениците „Selamat pagi“ или „Selamat sejahtera“ би биле преформални како поздрав, па затоа познаниците и пријателите се поздравуваат со англиската заемка „Хај“ и се збогуваат со „Бај-бај“. Муслиманите се поздравуваат со изразот „Асаламуалајкум“. За разлика од Индонезија, во Малезија, Сингапур и Брунеј Муслиманите меѓу себе ретко ги користат изразите Selamat Pagi (Добро утро), Selamat Siang (Добро попладне), Selamat Petang/Sore (Добрa приквечерина), Selamat Malam (Добра вечер) и Selamat Tinggal/Jalan (Довидување).

Малајски МФА Македонски
Selamat datang /səlamat dataŋ/ Добредојде
Selamat jalan /səlamat dʒalan/ Среќен пат (како „довидување“ кон оние што си одат)
Selamat tinggal /səlamat tiŋɡal/ Среќен останок (како „довидување“ кон оние што остануваат)
Terima kasih /tərima kasih/ Благодарам
Sama-sama /sama sama/ Нема на што
Selamat pagi /səlamat paɡi/ Добро утро
Selamat petang /səlamat pətaŋ/ Добро попладне/вечер
Selamat sejahtera /səlamat sədʒahtəra/ Здраво (формално). Ова е редок поздрав, практично нечуен во Малезија и Индонезија.
Selamat malam /səlamat malam/ Добра ноќ
Jumpa lagi Се гледаме пак
Siapakah nama awak/kamu?/Nama kamu siapa? Како се викаш?
Nama saya ... Се викам ...
Apa khabar/kabar? Како е? (букв. „Каков абер“)
Khabar/kabar baik Добро (букв. „Добар абер“)
Saya sakit Болен сум
Ya /ja/ Да
Tidak (разг. „tak“) Не
Ibu (Saya) sayang engkau/kamu (awak) Те сакам (семејно)
Aku (Saya) cinta pada mu (awak) Те сакам (романтично)
Saya benci awak/kamu Те мразам
Saya tidak faham/paham (разговорно: „tak faham“) Не разбирам
Saya tidak tahu (разговорно: „tak tau“ или „sik tau“ на саравачки) Не знам
(Minta) maaf Прости (извинување)
Tumpang/numpang tanya „Може ли да Ве прашам...?“
(Minta) tolong Можете ли да ми помогнете (Tolong! е „Помош!“)
Apa Што
Tiada/tidak ada Ништо

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Малајски Јазик ПотеклоМалајски Јазик ФонологијаМалајски Јазик ГраматикаМалајски Јазик ЗаемкиМалајски Јазик Основни реченициМалајски Јазик ПоврзаноМалајски Јазик НаводиМалајски Јазик Надворешни врскиМалајски ЈазикАвстронезиски јазициБорнеоБрунејЗападен КалимантанИндонезиски јазикИндонезијаМалачки ПротокМалајски ПолуостровМалезијаСаравакСингапурСуматраТајланд

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СловенијаГордана ЈанкулоскаХрватскаГоран МинчевПреспанско ЕзероВоен конфликт во Македонија (2001)Социјалистичка Република МакедонијаЦрнила (драма)Никола ТеслаМетодистичка цркваРобинзон КрусоСветлана МојсовПланетаКрал МаркоРеферендум во Македонија (2018)Демократска алтернативаЗаушкиРесенХороскопски знациПартија за демократски просперитетЛокални избори во Македонија (2009)Масакр кај ВејцеЈордан Хаџи Константинов-ЏинотХари КостовМерсиха СмаиловиќСтефан БогоевДПАОрман (Скопско)Питагорова теоремаКочаниПере ТошевМакедонски претседателски избори, 1994ВртоглавицаОпштина КавадарциЃурѓовденЛокални избори во Македонија (2021)Охридска пастрмкаХипертензијаАрбен ТаравариСписок на планини во МакедонијаЕмил ДимитриевЈане СанданскиМакедонски претседателски избори (2024)Специјална антитерористичка единица „Тигар“Стојан ТарапузаПравоаголникХемороидДождПласницаКолинда Грабар-КитаровиќХајди (роман)ПутурусЈани МакрадулиИзборна единица 6Лазар Поп-ТрајковГорјан ПетревскиНалеј, налејПирамида (геометрија)ПодметДаме ГруевЗатемнување на СонцетоОпштини во МакедонијаПретседател на Собранието на МакедонијаОслободителна народна армијаПартија на обединети демократи на МакедонијаТрапезДвижење БесаВагинален исцедокПроизвод (математика)Влада на Македонија од 1992Чорбаџи ТеодосВоен конфликт во Македонија, 2001Никола Димитров (дипломат)Демократска партија (Македонија)Христо УзуновБлагој ДавковДемократска обнова на Македонија🡆 More