Корејци

Корејци (хангул: 한민족; ханча: 韓民族; ПР: Hanminjok; или хангул: 조선민족; ханча: 朝鮮民族; ПР: Joseonminjok) – источноазиска етничка група и нација по потекло од целиот Корејски Полуостров и југоисточна Манџурија.

Корејци
한국인 (韓國人) или 조선인 (朝鮮人)
Вкупен број
ок. 84 million
Подрачја со значајно население
Корејци Јужна Кореја      50.423.955 (процена 2014)
Корејци Северна Кореја      25.300.000 (процена 2014)

Дијаспора од 2015


ок. 7–7,42 million
Корејци Кина2.585.993
Корејци САД2.238.989
Корејци Јапонија855.725
Корејци Канада224.054
Корејци Узбекистан186.186
Корејци Русија166.956
Корејци Австралија153.653
Корејци Виетнам108.850
Корејци Казахстан107.613
Корејци Филипини89.037
Корејци Бразил50.418
Корејци Индонезија40.741
Корејци Обединето Кралство40.263
Корејци Германија39.047
Корејци Нов Зеланд30.174
Арапска лига24.000
Корејци Аргентина22.730
Корејци Тајланд19.700
Корејци Сингапур19.450
Корејци Киргистан18.709
Корејци Франција15.000
Корејци Украина13.103
Корејци Малезија12.690
Корејци Мексико11.800
Корејци Индија10.178
Корејци Камбоџа8.445
Корејци Шведска8.000
Корејци Саудиска Арабија5.189
Корејци Гватемала5.162
Корејци Парагвај5.090
Корејци Тајван4.828
Јазици
корејски
Вероисповед
Примарно христијанство, корејски будизам, корејски шаманизам и чеондизам

Корејците главно живеат во двете корејски национални држави, Јужна Кореја и Северна Кореја, но исто така официјално се признаени како малцинство во Кина, Виетнам, Јапонија и Филипини, плус во одредени поранешни советски републики, како Русија и Узбекистан. Во текот на XX век значителни корејски заедници се појавиле во Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави и во помала мера во други држави.

Бројот на етнички Корејци во дијаспора во 2013 година е проценет на 7,4 милиони.

Историја

Корејци
Традиционална корејска облека

Од праисторијата Корејскиот Полуостров го населувале главно манџурски, монголски и тунгуски племиња со север кои и ја правата основата на етногенезата на денешните Корејци со можни малајски групи од југ, како и повремени јапонски упади. Митолошкиот владетел Тангун ја основал првата корејска држава уште во 2333 г.п.н.е., откога почнува старокорејското сметање на времето. Корејската стара цивилизација тесно е поврзана со соседната кинеска. Расцепканоста и војните меѓу поедини рани државички се смируваат со воспоставувањето на кралството Сила кое во VII век го обединува полуостровот и воспоставува единствена управа и јазик (старокорејски). И оваа, како и подоцнежните држави, се потпираат на кинеските културни и политички влијанија. Од X до XIV век доминантно е кралството Кори (под династијата Ванг), по кое и во Европа останува познато името на земјата. Кореја тогаш ја признава врховната власт на монголските ханови. Тогаш се зацврстува будизмот. Со помош на Кина, во 1392 година власта ја презема династијата Ји. Нивната нова држава Чозон, што е денешното корејско име на земјата, трае сè до XX век, иако во разни периоди ја признава јапонската и манџурската врховна власт. Од XIV век под кинеско влијание државна религија станува конфуцијанството. Традиционалната култура на Корејците е селска, но раниот племенски шаманизам се испреплетува со високоразвиените културни влијанија на будизмот и конфуцијанството. Првите книжевни и историски записи се јавуваат од XII век. Во средниот век книжевното и останатото културно творештво по вид и тематика ги опфаќа сите подрачја на културниот живо на високо рамниште, па Кореја е важна како изворен посредник меѓу кинеската култура и Јапонија. Современата корејска култура, како модерното стопанство, ги досегаат високите светски стандарди во сите подрачја, притоа чувајќи ја сопствената тематика, изразни форми и средства како и облиците на сопствениот идентитет заснован на силни историски извори.

Наводи

Корејци

Корејци (хангул: 한민족; ханча: 韓民族; ПР: Hanminjok; или хангул: 조선민족; ханча: 朝鮮民族; ПР: Joseonminjok) – источноазиска етничка група и нација по потекло од целиот Корејски Полуостров и југоисточна Манџурија.

Tags:

Етничка групаКорејски ПолуостровМанџуријаНацијаХангул

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИлијадаМеѓународен аеродром СкопјеБорис ТрајковскиСвети ИлијаОдбивање (физика)Слепче (Демирхисарско)ТурновоТоше ПроескиБродец (Скопско)Кралица ВикторијаСлепченски манастир (Демирхисарско)Прва македонска фудбалска лигаСкопско-велешки дијалектХераклеја ЛинкестисКанадаБиблијаОтоманска МакедонијаЦрн дробБик (хороскопски знак)Втора светска војнаАлександар ШехтанскиКиро ДоневСписок на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиРепублика СрпскаАнксиозностГликемијаОпштина Македонски БродСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСамовилското коњчеТодор АлександровМозокФудбалска репрезентација на МакедонијаГрцијаОхридКаролина ГочеваВикипедија на македонски јазикЖелезоАнтибиотикСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваСоединети Американски ДржавиКајмак (филм)ПневмонијаСписок на езера во МакедонијаГабаПоградецАлександар III МакедонскиВоденРак (болест)Чорбаџи ТеодосРак на желудникПрохор Пчински (манастир)КарпошНикола Димитров (дипломат)Игор КостескиМозочен ударХороскопски знациГрадови во ШвајцаријаСистемски лупус еритематозусГостиварСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Ана ФранкАли АхметиГригор ПрличевАлое вераТројанска војнаДивљеВооружена престрелка во Куманово (2015)Човечки папиломен вирусАдам и ЕваМечкин лукФудбалОпштина БутелПискавицаСтара скопска чаршија🡆 More