Жан Пол Сартр: фанцуски писател и мислител

Жан Пол Сартр (англиски: Jean-Paul Charles Aymard Sartre; Париз, 21 јуни 1905 - Париз, 15 април 1980) — француски филозоф, писател (драматург и романописец) како и критичар од XX век.

Неговото дело ја одбележа средината на векот, а неговиот интелектуален ангажиран живот поттикна разни полемики. Верен на себеси и на своите идеи, секогаш ги одбивал признанијата посебно Нобеловата награда за литература во 1964. Хиперактивна личност, тој е познат по своето дело, особено по неговите филозофски парадигми кои се групираат под името егзистенцијализам, како и по неговиот политички ангажман, радикална левица. Сартр е познат и по неговата долгогодишна врска со Симон де Бовоар.

Жан-Пол Сартр
Жан Пол Сартр: Животопис, Метафизиката на Сартр, Сартр и Втората светска војна
Жан-Пол Сартр во 1950
Роден(а)21 јуни 1905
Париз, Франција
Починал(а)15 април 1980(1980-04-15) (возр. 74)
Париз, Франција
ПериодФилозофија на XX век
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаЕгзистенцијализам, Континентална филозофија, Марксизам
Претежна дејност
Метафизика, Епистемологија, Етика, Литература, Политика, Феноменологија, Онтологија
Значајни идеи
(Постоењето ѝ претходи на суштината - (француски: L'existence précède l'essence), Лоша среќа, Ништожност

Животопис

Жан Пол Сартр е роден на 21 јуни 1905 година во Париз. Откако завршил гимназија, се запишал на престижната Висока школа на норми (1924), каде ја сретнал својата идна сопатничка Симон де Бовоар. По завршување на студиите, едно време работел во Авр како професор по филозофија, а потоа заминал за Берлин, каде ги проучувал Едмунд Хусерл и Мартин Хајдегер. Кога се вратил во Авр, во 1936 година ги објавил филозофските есеи Трансценденција на егото и Имагинација, а потоа во 1939 година и Скица на теоријата на емоциите, со кои во Франција ги внел германската феноменологија и егзистенцијализмот. По патувањата низ Италија во 1936 година, го понудил романот Меланхолија на издавачот „Галимар“, но бил одбиен. Ова дело во 1938 година ќе биде објавено под насловот Тегобност. Од тогаш, па сè до крајот на животот, Сартр настапувал на три фронта: филозофски, книжевен и политички.

Жан Пол Сартр е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите „Тегобност“, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“. Од прозните дела објавил збирка раскази „Ѕид“ во 1939 година, како и автобиографската проза „Зборови“ во 1964 година, последното дело на Сартр е монументалнат студија за Флобер, „Семеен идиот“, објавена во 1971 година.

Бил член на францускиот „Отпор“ и бил заробен за време на Втората светска војна. Во еден период бил близок со комунистите, но во текот на педесеттите години се разишле. Се спротивставувал на советската интервенција во Унгарија, на војните во Виетнам и Алжир, го поддржувал студентското движење во 1968 година, и бил еден од ретките интелектуалци од Западот кои пропатувале низ комунистичките земји: Сојуз на Советските Социјалистички Републики (1954), Народна Република Кина (1956), Југославија (1958) и Куба (1960). За својата работа во 1964 година ја добил Нобеловата награда за литература, но ја одбил велејќи: „писателот мора да одбие да си дозволи да биде преобразен во институција, дури и ако таа е во најчесна форма.“

На 25 јули 1956 година, на пропатувањето низ Југославија, заедно со Симон де Бовоар, Сартр го посетил Скопје.

Метафизиката на Сартр

Основата за Сартровиот егзистенцијализам се родила во неговото дело Трансценденција на Егото. Секоја директна свест за нештата во себе Сартр ја нарекува „предрефлективна свест“. Секој обид да се опише или разбере нештото во себе, Сартр го нарекува „рефлективна свест“. Не постои начин рефлективната свест да ја вклучи предрефлективната, и поради тоа рефлексијата е осудена на тегобност, од што произлегува дека секој кој обид за самоспознавање (самосвест) секогаш ќе биде неуспешен.

Според Сартр, на самосвеста ѝ се потребни „другите“ за да може да го покаже своето постоење. Свеста има „мазохистичка желба“ да биде ограничена т.е. ограничена од рефлективната свест на друг субјект. Ова размислување метафорички го изразил во познатата реченица од делото Без излез - Пеколот, тоа се другите луѓе.

Сартр и Втората светска војна

Жан Пол Сартр: Животопис, Метафизиката на Сартр, Сартр и Втората светска војна 
Француски новинари во посета на Џорџ Маршал, во 1945 година. Сартр стои трет од лево).

Во 1939 година, Сартр бил мобилизиран во француската војска во која служел како метеоролог. Бил заробен од германската војска во 1940 година во градот Паду и девет месеци поминал како воен заробеник, во Паду, Нанси, и на крајот во Трир, каде го напишал своето прво театарско дело Bariona ou le Fils du tonnerre, драма за Божик. Поради слабото здравје, Сартр бил пуштен во април 1941 година, а веќе во мај кога се вработил како учител блиску до Париз, на местото на еврејскиот учител на кого му било забрането да држи настава. Во Париз, Сартр учествувал во основањето на тајното друштво „Социјализам и слобода“ (Socialisme et Liberté) заедно се Симон де Бовоар, Морис Мерло-Понти, Доминик Десантје и други. Во август, Сартр и Бовоар заминале на француската ривиера да се сретнат со Андре Жид и Андре Малро, од кои барале поддршка. Но, Жид и Малро биле нерешителни, што довело до тоа Сартр да се разочара и да се обесхрабри.

Здружението потоа се распаднало, а Сартр решил да се посвети повеќе на книжевноста отколку на отпорот. Во тој период ги напишал книгите Битие и ништожност, Муви и Зад затворени врати. Ниедна од нив не била забранета од Германците. Во тој период, Сартр објавувал текстови во илегални и други книжевни списанија, а по ослободувањето на Париз, активно соработувал со списанието „Комбат“, кое тајно го основал Албер Ками, кој имал слични погледи како и Сартр. Сартр и Бовоар биле блиски пријатели со Ками, сè додека тој се оддалечил од комунизмот. Пријателството пукнало во 1951 година, кога Ками ги објавил есејот Бунтовникот.

По војната, Сартр започнал со издавање на месечното книжевно-политичко списание „Модерни времиња“.

Сартр во политиката

Жан Пол Сартр: Животопис, Метафизиката на Сартр, Сартр и Втората светска војна 
Сартр (средина) со Симон де Бовоар и Че Гевара

По објавување на делото Битие и ништовност во 1943 година, Сартр станал политички активист. Во Валкани раце од 1948 година зборува за политички активен интелектуалец. Сартр го почитувал марксизмот, иако никогаш не станал член на Комунистичката партија на Франција. Тој се залагал за ослободување на Алжир од францускиот колонијализам, и станал еден од најгласните поборници за Алжирската војна за независност. Бил против Виетнамската војна, и во 1967 година заедно со Бертранд Расел и други организирал трибунал на кој требало да се обелоденат американските воени злосторства. Тој трибунал денес е познат како Раселов трибунал. Сепак, ефектите од трибуналот биле ограничени.

Сартр ги нагласувал хуманистичките вредности во првите дела на Карл Маркс, што довело до судир со водечкиот француски комунистички интелектуалец од 1960-те години, Луј Алтисер.

Во текот на 1960-те години, Сартр заминал на Куба во посета на Фидел Кастро и Че Гевара. По смртта на Че Гевара, Сартр изјавил дека тој бил најкомплетнен човек на неговото време. Сепак, застанал против убиствата на хомосексуалците што ги вршел режимот на Кастро, кои ги споредил со погубувањето на Евреите од страна на нацистите.

Во текот на 1974 година, Сартр го посетил во затворот водачот на Фракцијата на црвената армија, Андреас Бадер, а потоа ги критикувал лошите услови во затворот. Кон крајот на својот живот, Сартр станал анархист.

Крајот на животот и смртта

Жан Пол Сартр: Животопис, Метафизиката на Сартр, Сартр и Втората светска војна 
Жан-Пол Сартр во Венеција, 1967 година
Жан Пол Сартр: Животопис, Метафизиката на Сартр, Сартр и Втората светска војна 
Заедничката гробница на Сартр и Симон де Бовоар

Во 1964 година Сартр се повлекол од книжевноста, по објавувањето на автобиографијата Зборови. Книгата била ироничен противнапад на Марсел Пруст. Таа година му е доделена Нобеловата награда за литература која ја одбил, велејќи дека не сака да прима официјални одликувања и не сака да се придружи на институциите. Сартр бил првиот лауреат на Нобелова награда кој своеволно ја одбил наградата.

За време на студентските револуционерни штрајкови во Париз, во 1968 година, Сартр бил уапсен поради граѓанска непослушност, но претседателот Шарл де Гол го помилувал, велејќи дека: не може да го апсите Волтер.

Кага го прашале во 1975 година по што би сакал да биде запаметен, Сартр рекол:

„Би сакал луѓето да ме памтат по „Тегобност“, „Без излез“, „Ѓаволот и Господ Бог“, потоа по моите филозофски дела, посебно „Критика на дијалектичкиот ум“, како и по мојот есеј за Генет ... Ако бидат запаметени овие дела, тоа би било вистинско достигнување, и јас не би можел да побарам повеќе. Како човек, би сакал да ме запамтат по историската ситуација во која живеев, како живеев, во смисла на сите аспирации што се обидов да ги соберам во себе.“

Физичката состојба на Сартр се влошувала, делумно поради бесмилосното темпо на работа, како и поради употребата на амфетамин. Во последните години, Сартр ги пишувал Критика и Идиот, аналитичка биографија на Гистав Флобер, но и двете дела останале недовршени. Пател од хипертензија, а во 1973 година бил речиси слеп. Сартр бил страсен пушач, што можеби било причина за влошувањето на неговото здравје. Жан Пол Сартр починал во Париз, на 15 април 1980 година. На неговиот погреб дошле 50.000 парижани.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Жан Пол Сартр ЖивотописЖан Пол Сартр Метафизиката на СартрЖан Пол Сартр Сартр и Втората светска војнаЖан Пол Сартр Сартр во политикатаЖан Пол Сартр Крајот на животот и смрттаЖан Пол Сартр НаводиЖан Пол Сартр Надворешни врскиЖан Пол Сартр15 април19051964198021 јуниАнглиски јазикДраматургЕгзистенцијализамКритичарНобеловата награда за литератураПаризРоманописецСимон де БовоарФилозоф

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Сложена реченицаНАТОМакедонски претседателски избори (2009)Демократска партија (Македонија)Цар Едип (драма од Софокле)Ослободителна Народна АрмијаНова алтернативаАлександар КирацовскиСолунСтругаАвтобиографија (Григор Прличев)Ревизор (комедија)Јордан КамчевЗевсРодина МакедонијаРеферендум во Македонија (1991)Општина ВрапчиштеШар ПланинаБРИКССтојанче АнгеловМетодија Андонов-ЧентоОпштина Крива ПаланкаРепублика МакедонијаГевгелијаКирил ПејчиновиќПретседателЉупчо ЈордановскиПресметување на датумот на ВелигденХајди (роман)Велко НеделковскиАнтибиотик со широк спектар на дејствоКорозијаВакцина против тетанусМакедонски парламентарни избори, 2006Изборна единица 8Љубиша ГеоргиевскиГрб на МакедонијаПанонска НизинаНафтен танкерЗнаме на МакедонијаСтале ПоповХамлетОбединети за МакедонијаДафина СтојаноскаСтефан БогоевТурцијаПросветителствоАлијанса за АлбанцитеЈане СанданскиЕден на еденРелигија во МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаДекларацијаСредоземно МореСобрание на МакедонијаВевчаниРеферендум во Македонија (2004)ПодметСкопски аквадуктИнфективна мононуклеозаВикипедија на македонски јазикДПАДесет Божји заповедиИзбирачко местоТелефонСписок на македонски народни и староградски песниРак на дојкаМеталХипертензијаРеферендум во Македонија (2018)ДелчевоОпштина Струмица20000 милји под моретоБорис ТрајковскиВештачка интелигенцијаУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Кипар🡆 More