Апостол Петар: апостол и прв папа

Свети Петар, исто така познат и како Апостол Петар — еден од првите Евреи кои станале ученици - апостоли на Исус Христос и новата вера.

Неговиот живот е опишан во Новиот завет.

Свети Петар
Апостол Петар: апостол и прв папа
Роден(а) Витсаида
Починал(а) 64, Рим
Главно светилиште Базилика „Св. Петар“, Рим
Слава Петровден

Живот

Апостол Петар е роден во Витсаида, северно од Галилејското Езеро, во семејство на рибарот Јона. Првото име му било Симон. Името Петар (Petrus, од грчкиот збор πετρος - скала, карпа) му го дал Исус Христос. Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен. Петар бил оженет и заедно со својот брат Андреј, првиот Исусов апостол, работел како рибар. Андреј бил оној кој го повикал Петар да се приклучи да го следи Исус. Пред сите други, тој е посочен како водач (или карпа) на Христијанството од страна на Господ - улога што нашироко му била признаена во раноцрковниот период.

Петар бил еден од најомилените апостоли на Исус Христос. Кога дошле во Гетсиманската градина да го уапсат Исус Христос римјаните, тој жестоко се спротивставил на тоа. Но, подоцна и трипати се откажал од делото на Христос, за кое подоцна се покајал. Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пример Преображението, при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото од Јуда кој по предавството се обесил.

Затоа што бил голем поборник на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да се пресметаат со него. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим.Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожнок и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зошто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули во 61 година светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и апостолот Павле. Затоа светата Христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го слави во ист ден.

Апостол Петар го ширел и проповедал христијанството во различни држави, а најпрвин во Палестина и Мала Азија, Илирија и Италија пред да стане римски папа од 43 до 68 година. Во 42 година, Петар бил уапсен од страна на Ирод Агрипа I во Ерусалим, каде по само неколку денови успеал да побегне во Антиохија, денешна Сирија. По неговата триесетта година заминал за Рим. Тогаш на чело на империјата владеел Нерон, голем безбожнок и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови.

Апостол Петар: апостол и прв папа 
Слика на Карваџо за распетието на Апостол Петар.

Апокрифот “Петровите Писма“ кажуваат дека Свети Петар бил распнат на крст поставен наопаку, бидејќи никој не заслужувал да умре на истиот начин како што умрел Исус Христос. Според друга легенда, Свети Петар пробал да побегне од Рим, а по патот го сретнал самиот Исус Христос, на кој го прашал: “Каде ќе одиш, Господару?“, а на тоа Исус му одговорил: “Одам во Рим за повторно да ме распнат“. На тоа самиот Петар се предомислил и веднаш се вратил во Рим прифакајќи да стане маченик.

Шиитските муслимани веруваат дека тој е вистинскиот наследник на Исус Христос (за нив, пророк).

Свети Петар како тема во уметноста

  • „Песокот и свети Петар“ (Пијесак и свети Петар) - српска народна приказна.
  • Свети Петар и неговата мајка“ - македонска народна песна.
  • „Ми киниса свети Петар“ — македонска народна песна.
  • „Солзите на св. Петар“ – поема на италијанскиот поет Лујџи Тансило од 1585 година.

Наводи

Tags:

АпостолЕвреиИсус ХристосНов заветХристијанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јосип Броз-ТитоОтоманска МакедонијаСредоземно МореМонакоВелигденКоронарна артериска болестИсторија на ЕгипетЗлатан ИбрахимовиќИсламот во ЕстонијаБукурешки договор (1913)Прохор Пчински (манастир)Исус ХристосСтево ПендаровскиИталијаУзбекистанДванаесет големи празнициВелики четвртокЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ОхридБазилика на Светиот гробВладо БучковскиГамеланФлебитисТиквеш (винарија)Македонски крстВојо СтојановскиЛокални избори во Македонија (2017)КожуфВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЛимфомЛатвијаПовикувачки броеви во МакедонијаДесница (политика)ЗНАМБранко ЦрвенковскиСнегПируника КиселичкиЛокални избори во Македонија (2013)МарковденБанкнотаЛазарополеСтојна КостовскаЛав (хороскопски знак)Список на македонски народни поговоркиДимче МешковскиОхридПимен ЕвропскиАлександар III МакедонскиСоцијалистичка Република МакедонијаЕврејски празнициЃорге ИвановОслободителна војска на КосовоВлада на МакедонијаЦрква „Св. Благовештение“ - ПрилепВтора македонска фудбалска лигаПетровденАдријана АлачкиДаме ГруевТемплариИзборна единица 1TikTokСлезинаДанскаВанчо МихајловМендух ТачиСписок на градови во МакедонијаСтарословенски јазикМакедонски претседателски избори, 2009Слобода на говоротМарков манастирПере ТошевСДСМОпштина Чучер-СандевоОслободителна народна армијаМолдавијаСазДен на македонскиот јазик🡆 More