Зимбабве

Зимбабве (шона: Zimbabwe; англиски: Zimbabwe) или службено Република Зимбабве (Nyika yeZimbabwe, Republic of Zimbabwe) — држава во Јужна Африка со главен град Хараре.

Зимбабве се наоѓа помеѓу реките Замбези и Лимпопо. Зимбабве нема излез на море, а се граничи со Замбија и Мозамбик на север, со Мозамбик на исток, со Боцвана на запад и со ЈАР на југ. Според проценките на ООН, Зимбабве има население од над 16 милиони луѓе, од кои над 80% се Шони. Државата има 16 службени јазици, од кои најголем е шонски, а се користи и англискиот.

Република Зимбабве
Зимбабве Зимбабве
Знаме Грб
Гесло„Единство, Слобода, Работа“
("Unity, Freedom, Work")
Химна
"Благословена да е земјата Зимбабве"

Местоположбата на  Зимбабве  (темносино) во Африканска Унија  (светлосино)
Местоположбата на  Зимбабве  (темносино)

во Африканска Унија  (светлосино)

Местоположбата на  Зимбабве  (темносино)

во Африканска Унија  (светлосино)

Главен град
(и најголем)
Хараре
Службен јазик 16 службени јазици, види име на Зимбабве погоре
Народности (2012) 80% Шони и Ндебеле, 20 други.
Демоним Зимбабвеец
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Емерсон Мнангагва
 •  1 потпретседател нема
 •  2 потпретседател Пелекезела Мпоко оспорен
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Собрание
Независност од Обединетото Кралство
 •  Објавена 11 ноември 1965 
 •  Призната 18 април 1980 
 •  Сегашен устав 15 мај 2013 
Површина
 •  Вкупна 390,757 км2 (60-та)
 •  Вода (%) 1
Население
 •  проценка за  г. проценка на ОН (73-та)
 •  Попис 2012 12,973,808 
 •  Густина 26 жит/км2 (170-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $33.872 милијарди 
 •  По жител $2,276 
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $17.105 милијарди 
 •  По жител $1,149 
Џиниев коеф. (1995)50.1
висок
ИЧР (2015) 0.516
низок · 154-та
Валута Американски долар (за владини трансакции), Јужноафрикански ранд, и други валутиa, на пр. боцванска пула, евро, индиска рупија, фунта, Австралиски долар.
Часовен појас CAT (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .zw
Повик. бр. +263
а. Зимбабвејски долар е во употреба поради хиперинфлација.

Уште од 11 век денешната територија на Зимбабве била управувана од различни организирани држави и кралства, а исто така областа била значаен трговски пат. Европската колонизација на Зимбабве започнала со британската колонизација на Јужна Африка и основањето на колониите Јужна Родезија (денес Зимбабве) и Северна Родезија (Замбија). Колонијата Јужна Родезија станала самоуправувачка британска колонија во 1923. Во 1965 година, малата конзервативна и контроверзна бела заедница на Зимбабве имала целосна контрола врз државата и прогласила независност на Јужна Родезија под името Родезија, која била потоа именувана како Зимбабвејска Родезија, но за многу краток период. Самопрогласената држава била под меѓународна изолација и 15 години имало герилска војна со мнозинското црнечко националистичко население. Оваа војна завршила со потпишување на мировен договор и во април 1980 официјално Зимбабве била основана како независна држава. Денес државата е многу сиромашна поради лошата политика на водачите, а некогаш била именувана како „скапоцен камен на Африка“ поради просперитетот на земјата.

Роберт Мугабе станал премиер на Зимбабве во 1980 година, кога тогашната (а и денешна) владеачка партија ЗАНУ-ПФ победила на изборите. Со тоа се ставил крајот на доминацијата на малото бело население. Седум години Мугабе бил премиер, а во 1987 станал претседател, функција која ја извршува до денес. Мугабе вовел тоталитарен режим, има доминација во целокупното општество, прекршување на човековите права и силно и успешно деградирање на опозицијата. Мугабе сè уште има социјалистичка реторика од Студената војна и го обвинува западот за лошата економска ситуација на земјата. Државата има голем економски пад кој започнал уште во 1990-те и забележала хиперинфлација во скоро време со што се укинала и домашната валута.

Во ноември 2017 година низ државата се организирале протести против тоталитарниот режим на Мугабе. Како резултат на тоа се организирал еден вид државен удар од страна на воените старешини и Мугабе бил ставен во домашен притвор заедно со неговата сопруга. На 19 ноември 2017 година Мугабе бил, против неговата волја, сменет како водач на владеачката партија и заменет со Емерсон Мнангагва, кој пак се сметал за негов наследник на претседателската функција. Такви апсирации имала и неговата сопруга Грејс Мугабе.

Со стапувањето во водство на партијата, Мнангагва станал наследник на Мугабе на функцијата претседател на Зимбабве.

Потекло на поимот

Името на Зимбабве доаѓа од називот "Dzimba dza mabwe" што значи „голема куќа од камен“ на шона.

Историја

Едни од најстарите народи кои живееле на денешната територија на Зимбабве (тогаш Родезија) биле Пигмејците. Во текот на 8 век, тие се помешиле со типичните земјоделски народи по име Шона, дел од народите Банту, кои започнале да добиваат злато и мед од богатите семејства во регионот. Во текот на 15 век на овие простори била формирана империјата Мономотапа, која била главната територија која што ги контролирала реоните со злато, кое пак главно било продавано на арапите и португалците. Во следниот 16 век, империјата се распаднала на четири дела, по кое следувале многубројни конфликти и граѓански војни. Во меѓувреме дошле и португалските трговци, а со тоа и армијата на Португалската империја. Во почетокот империјата на Португалците не бележиле којзнае какви успеси, за да сепак кон XVIII век испее да ја наложи својата моќ. Во 1911 годфина била основана јужна Родезија а како британска колонија била официјално објавена во 1923 година. Во 1912 година, т.н. бели колонизатори се откажале од намерата да се приклучат кон јужноафриканскиот сојуз. По крајот на Втората светска војна, бројот на белото население драстичо се зголемило. Во периодот од 1953 до 1963 година, Јужна Родезија била дел од федерацијата на Родезија и Њасаленд. По распаѓањето на федерацијата, формално била објавена независноста на земјата, која од 1965 година била преименувана во Родезија. По изгласувањето на републиканскиот устав од 1970 година, врските со Велика Британија биле прекинати. По ова следувала осудата од страна на ООН за расизам|расистичката политика на власта. Земјата ги подобрила односите со Јужна Африка, чиоја цел била да излезе од политичката изолација. Од друга страна пак, црното население започнало да формира политички движења. Следувале повторните економски санкции и избувнување на партизански акции, кое го принудило премиерот да си поднесе оставка. Во 1977 година, за нов премиер на земјата бил избран Музорева, но граѓанските конфликти продолжиле. Во негово време земјата била преименувана во Зимбабве-Родезија. Во 1979 година во Лондон се провела конференција на која било подготвено прогласуувањето на независност на земјата. Следната година била прогласена независноста, а на власт дошле социјалистите. Во 1988 година во земјата бил воведен еднопартиски систем.

Географија

Политички систем

Административна поделба

Зимбабве се дели на 8 покраини и 2 града-покраини. Покраините се поделени на 59 окрузи, а тие пак, на вкупно 1.200 општини.

Покраините се следниве:

  • Булавајо (град)
  • Западен Машоналенд
  • Источен Машоналенд
  • Јужен Матабелеленд
  • Маникаленд
  • Масвинго
  • Мидлендс
  • Северен Матабелеленд
  • Хараре (град)
  • Централен Машоналенд

Стопанство

Демографија

Најголем дел од населението на земјата, своите корени ги има од народот Банту (98%), 71% од кој и припаѓа на етничката група Шона, а 16% на етничкатљ група Ндебеле.

Во минатото во земјата живеело и мал број на бело население, кое кон средината на XX век било 5% од целото население на Зимбабве. По прогласувањето на независноста на земјата, процентот на белото население значително се намалил. Денеска, тој процент изнесува 1%. Ова можеби се должи на дискриминаторската политика која ги води земјата кон белото население.

Според податоците од 2005 година населението е следново:

Верници во Зимбабве
Христијани
  
87,00 %
Муслимани
  
0,90 %
Без Религија
  
7,90 %
Народна Религија
  
3,80 %
Евреи
  
0,08 %
Други
  
0,30 %

Култура

Музика

Спорт

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

    Влада
    Генерално
    Весници
    Останати

Tags:

Зимбабве Потекло на поимотЗимбабве ИсторијаЗимбабве ГеографијаЗимбабве Политички системЗимбабве Административна поделбаЗимбабве СтопанствоЗимбабве ДемографијаЗимбабве КултураЗимбабве МузикаЗимбабве СпортЗимбабве НаводиЗимбабве ПоврзаноЗимбабве Надворешни врскиЗимбабвеЈужна АфрикаЈужна Африка (регион)АнглискиАнглиски јазикБоцванаЗамбезиЗамбијаЛимпопо (река)МозамбикХарареШона (јазик)Шони

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Министерство за животна средина и просторно планирањеОливер СпасовскиМакедонски парламентарни избори, 2016МијациПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеГзим ОстрениААВилијам ШекспирДемократи (политичка партија)МочуриштеСписок на македонски народни поговоркиПетре М. АндреевскиКавадарциПретседател на МакедонијаИзбори во МакедонијаОслободителна народна армијаСредоземно МореХипертензијаЗурла (македонска)ПсоријазаДемократијаДаниела ТемелковскаВесна БендевскаОпштина Маврово и РостушеПутурусСлавко ЈаневскиМарко ЦепенковДенес над МакедонијаСадула ДуракуПласницаАна ФранкПавле ТрајановРоднински односиХераклеја ЛинкестисФуражни културиБелото ЦиганчеМакедонски претседателски избори (2004)Македонски претседателски избори, 2004Алцхајмерова болестСтарословенска азбукаМакедонски претседателски избори, 1994Обединето КралствоТрапезДневникот на Ана ФранкОпштина КрушевоАнтарктикОслободителна војска на КосовоОпштина КончеЛазарова саботаРимско ЦарствоМакедонски претседателски избори, 2019Изет МеџитиБугарски возМагнетна резонанцијаЛиберално-демократска партијаКокосова палмаТуберкулозаДесет Божји заповедиМеѓународен ден на трудотХарфаПретседател на Собранието на МакедонијаЛогистикаМакедонски парламентарни избори (2024)Нина Атанасова-ШкрињариќСреден векВтора светска војнаУпад во Собранието на Македонија (2017)СкопјеДржавни празници во МакедонијаТрговијаВоен конфликт во Македонија, 2001Гордана Силјановска-ДавковаДанте АлигиериГоран МинчевТегавецХоландијаХристо ТатарчевАрбен Џафери🡆 More