2 август — 214 ден во годината според грегоријанскиот календар (215 во престапна година).
Остануваат 151 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
Настани:
338 п.н.е. | Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над здружените сили на Атина и Теба. |
219 п.н.е. | Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска војска. |
1903 | Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаниште, Мариовско. |
1941 | Месниот комитет на КПЈ за Битола во градот организира демонстрации во кои членовите на извикуваат „Да живее слобдна Македонија“. Со тоа е оневозможено окупаторот да го искористи празникот на македонскиот народ за сопствени цели. |
1941 | На бугарско-италијанската демаркациона линија карабињетите ги уапсиле членовите на месниот комитет на КПЈ за Тетово при нивното враќање од Скопје. |
1942 | Во селото Смилево (во кое во 1903 година е донесена одлука за одржување на Илинденското востание) битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ ја запалил општинската зграда, архива и одржал митинг. Со оваа акција спречена е прославата на Илинден од страна на бугарскиот окупатор на која требало да присуствува бугарскиот министер за внатрешни работи. |
1943 | Во близина на селото Отешево одржан е проширен состанок на Централниот комитет на КПМ на кој се донесени одлуки за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади), за започнување на подготовки за свикување на АСНОМ, како и за формирање на повисоки органи на власта. |
1944 | Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик. |
1991 | Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година. |
Родени:
1696 | Махмуд I — отомански султан. |
1876 | Александар Белиќ — македонист и филолог. |
1923 | Ајк Вилијамс — американски боксер. |
1924 | Џејмс Болдвин — американски писател. |
1926 | Евдокија Фотева - Вера — македонска револуционерка. |
1934 | Александар Стојановиќ — македонски балетан. |
1932 | Питер О'Тул — ирски глумец. |
1939 | Вес Крејвен — американски филмски режисер, еден од татковците на современиот хорор-филм. |
1940 | Коле Мангов — македонски поет и публицист. |
1942 | Изабел Аљенде — чилеанска писателка. |
1943 | Љерка Тот - Наумова — македонски поет и преведувач. |
1949 | Беј Дао — кинески поет, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. |
1952 | Ален Жирес — француски фудбалер. |
1957 | Анхел Херера Вера — кубански боксер. |
1965 | Рефик Шабанаџовиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1968 | Штефан Ефенберг — германски фудбалер. |
1969 | Фернандо Коуто — португалски фудбалер. |
1976 | Сем Вортингтон — австралиски глумец. |
1989 | Матео Трентин — италијански велосипедист. |
1989 | Насер Чадли — белгиски фудбалер. |
1994 | Бруно Мендес — бразилски фудбалер. |
Починале:
640 | Северин — римски папа. |
686 | Јован V — римски папа. |
1589 | Анри III — крал на Франција. |
1667 | Франческо Боромини — истакнат италијански барокен архитект. |
1788 | Томас Гејнсборо — познат англиски портретист и пејзажист. |
1911 | Апостол Петков — македонски револуционер. |
1921 | Енрико Карузо — италијански тенор, еден од најголемите оперски пејачи во историјата. |
1922 | Александар Греам Бел — шкотски иноватор, изумител на телефонот. |
1934 | Паул фон Хинденбург — германски маршал и државник. |
1944 | Никола Кордоски — македонски партизан. |
1962 | Никола Киров Мајски — македонски писател. |
1963 | Ѓорѓи Абаџиев — македонски писател. |
1973 | Жан-Пјер Мелвил — француски режисер и глумец. |
1976 | Фриц Ланг — австриски филмски режисер. |
1996 | Обдулио Варела — уругвајски фудбалер. |
1997 | Вилијам Бароуз — американски писател. |
2009 | Георги Василевски — македонски филмски критичар. |
Празници:
Македонија: Илинден — Ден на Републиката. | |
Христијански празник на пророкот Св. Илија. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article 2 август, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.