Барокна Архитектура

Барокната архитектура е крајно динамизирана.

Фасадите се вознемирени и богати со ниши, столпови, волути, а препознатливите елементи се елипса, конкавност – конвексност (вдлабочено, испупчено) и општата разиграност на масата.

Барокна Архитектура
Франческо Боромини, Фасада на црквата "San Carlo alle Quattro Fontane" во Рим.

Барок- "baluka" – значи перла, се е богато и китесто, треба да се потврди моќта на црквата и нејзиниот сјај. Барокните композиции се со големи дименѕии. Се јавуват голем број на материјали. Барок се формирал од темата која го терла човекот на размислување, и оние кои требало да го дирнат човекот и да го натераат на размислување за потребата на вера. Црквата со свите средства се трудела да ја задржи својата положба која ја имала. Барокот го применувал сето оно што веќе било пронајдено. Ги развивал односите на светлоста и сенките и тежнеел кон тоа да ја развие драматика и патетика која се потенцирала со силни гестикулации и со динамични движења и за разлика од статичната и смирената ренесанса. Се појавуваат сложени композиции и не ретко се употребуваат и несиметрични дијагонални композиции.

Барокот во профана смисла нашол место во дворовите и резиденциите на кралевите.

Плоштадите се главни елементи на барокниот урбанизам, воглавно се затворени, со елиптични основи, динамизиран простор, организирани со помош на вертикални акценти (столпови, обелиск, Фонтани – Најпознат е секако Плоштадот на Св. Петар. Ѓовани Лоренцо Бернини, од 1657 година.

Претставници на барокната архитектура

Италија:

  • Ѓанлоренцо Бернини, (италијански јазик "Gianlorenzo Bernini")
  • Франческо Боромини, (италијански јазик "Francesco Borromini")
  • Вињола, (италијански јазик "Vignola" )
  • Ц. Мадерно, (италијански јазик C. Maderno)
  • Г. дела Порта, (италијански јазик "G. della Porta")
  • Доменико Фонтана. (италијански јазик"Domenico Fontana")

Франција:

  • Клод Перолт, (француски јазик "Claude Perrault")
  • Жил Арден-Мансар, (француски јазик "Jules Hardouin-Mansart")
  • Луј ле Во, (француски јазик "Louis Le Vau")
  • Чарлс Ле Брун, (француски јазик "Charles Le Brun")
  • Андре ле Нотр. (француски јазик "Alexandre Le Nôtre")

Германија и Австрија:

  • Ј. Б. Фишер фон Ернах, (германски јазик "J. B. Fischer von Erlach")
  • Д. Пепелман, (германски јазик "D. Pöppelmann")
  • Балтазар Нојман, (германски јазик "Balthasar Neumann")
  • И. Прендтоер. (германски јазик"Y. Prendtauer")

Англија:

  • Христофер Рен. (англиски јазик "Christopher Wren")

Шпанија:

  • Хусеп Хурикера. (шпански јазик "Jusepe Churriguera")

Палата

Духот на барокот најдобро го претставуваат неговиот урбанизам и архитектурата, а објектот кој ги соединува овие две уметности е дворецот. Во барок дворецот станува прав малечок град, Најзначајниот пример е од Версај (Луј ле Во, Жил Арден-Мансар и Ле Нотр кој ја правел градинарската архитектура), во Франција (1642-1686 година). Симетричната архитектура на трокрилен дворец со главна зграда и две бочни крила под прав аглол кој (покрај буквата "U") навлегува во просторот на перивојот низ пространите геометриски организирани паркови, фонтани и базени. Парковите се геометризирани и во основа се во форма на т.н. француски парк, за разлика од англискиот парк кој е органски и природен, пратејќи ги и варирајќи ги формите на архитектурата на дворецот, дури и авенијата која се протега кон влезот во палатата продолжува во паркот нагласувајќи го непрекинатото движење.

Барокна Архитектура 
Панорама на Версај, 1642-1682, Франција.

Црква

Барокна Архитектура 
Baltazar Nojman, "Vierzehnheiligen" (Четринаесет светци), 1743-72 Вирцбург.
Барокна Архитектура 
Кристофер Рен, катедрала „Св. Павле“ во Лондон, по 1666 г.

Во сакралната архитектура се тежнее кон што поголеми ефекти, се остваруваат нови просторни решенија од кои воглавно преовладува централен тип на основа нагласен со Купола.

Таква е и црквата San Carlo alle quattro fontane (1635 година) во Рим која ја изградил Франческо Боромини. Таа е со елиптична, несиметрична, основа (со ниши е исперфорирано ѕидното платно), а елиптичните форми се појавуваат и на фасадата (длабоки ниши, исфрлени столбови и избоченини и други украси и сложени перфорании) и на куполи. Се настојува на расчленување, слоевитост и пластичност на внатрешниот дел на рамките на основната несиметрична форма и примена на ритмот на елипсата. Сè на сè, силен спор помеѓу волуменот и просторот.

Пример на динамична, но складна архитектура е црквата Virzehnheilingen (Четирнаесет светци) од Б. Нојман во Германија, (1743 -72 година.) Тука лонгитудиналноста и латинскиот крст се добиваат со впишување на неколку елиптични форми кои понатаму варираат на сите делови од архитектурата. Освен главниот олтар, се јавува и централен, а динамизмот е постигнат и во обземањето на архитектурата, сликарството и вајарствтото во единството на белата, складна штуко декорација исполнета со илузионистички слики. Така е постигнат идеалот на барокната уметност во единството на силата и движењата (богатство и раскош на украси) какви владеат во природата и космосот.

Честопати готските и ренесансните цркви се барокизирале со преградување на сводовите, прочела и со додавање на лаковидни капи на кулите, а во решавање на ентериерот се поставуваат мермерни барокни површини, олтари, проповедници и др. Раскошниот бароктен дух се покажува и во богато опремената внатрешност на градбата со ѕидни слики, релјефни штуко украси, полна пластика, скапоцен мебел и украсни детали и предмети за црковна литургија (циборијум, калежи, антепендији и др.).

Литература

  1. Istorija umetnosti H.W. JANSON, Beograd 1982.
  1. Opšta istorija umenosti ĐINA PIKSEL, Beograd 1974.
  1. Istorija slikarstva Fernand Hazar, Beograd 1973.

Поврзано

Наводи

Tags:

Барокна Архитектура Претставници на барокната архитектураБарокна Архитектура ПалатаБарокна Архитектура ЦркваБарокна Архитектура ЛитератураБарокна Архитектура ПоврзаноБарокна Архитектура НаводиБарокна АрхитектураЕлипсаКули

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТапанДонтов методЛокални избори во Македонија (1996)Васил ИљоскиИзборна единица 5Димитар АпасиевМакедонски парламентарни избори (2006)Владо МисајловскиСоцијалдемократска унијаОпштина ОхридГ’зим ОстрениПиту ГулиАнтон ПановМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаТимчо МуцунскиДафина СтојаноскаБилјана ВанковскаЈулијански календарРелигија во МакедонијаКрал МаркоДржавни празници во МакедонијаСпоменка (книга)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаКисел дождДемохристијанствоХераклеја ЛинкестисПартија за целосна еманципација на РомитеВелигденОбединето КралствоРадмила ШекеринскаКрвна групаЗНАММечкаШишман АнгеловскиДПАДанела АрсовскаМакедонски парламентарни избори (2002)Свети Наум Охридски ЧудотворецГустав ШвабЏо БајденГлаголицаСписок на Влади на МакедонијаНационален парк ПелистерНационален парк ГаличицаВикипедијаМалтаСветлинаШизофренијаЛасерГорјан ПетревскиДаме ГруевЌемане (македонско)ЛавСадула ДуракуВлада на Талат ЏафериСобрание на Република МакедонијаРепублика МакедонијаДискус хернијаЈужна АмерикаМакедонски парламентарни избори (2016)ДунавКафеМинистерство за животна средина и просторно планирањеЕвропска УнијаК-15Исламизацијата во МакедонијаЛила СтојановскаСписок на градови во ГерманијаЦрнила (драма)ДеменцијаМакедонски ВласиБразилЕлизабета ЃоргиевскаПавле АрсоскиОслободителна народна армијаАлександар КирацовскиОпштина КумановоМинистер за финансии на Македонија🡆 More