Смилево: село во Општина Демир Хисар

Смилево — село во Општина Демир Хисар, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Демир Хисар.

Смилево
Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Смилево

Смилево во рамките на Македонија
Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Смилево
Местоположба на Смилево во Македонија
Смилево на карта
Координати 41°09′18″N 21°06′40″E / 41.15500° СГШ; 21.11111° ИГД / 41.15500; 21.11111 21°06′40″E / 41.15500° СГШ; 21.11111° ИГД / 41.15500; 21.11111
Регион Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Демир Хисар
Област Ѓават-Кол
Население 218 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7202
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10032
Надм. вис. 940 м
Слава Петровден
Смилево на општинската карта
Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Смилево во рамките на општината
Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Смилево на Ризницата

Селото претставува значајно место, бидејќи во него е одржан Смилевскиот конгрес и тоа претставува родно место на големиот национален деец Даме Груев, еден од основачите и водачите на ВМРО.

Потекло на името

Името на селото веројатно доаѓа од личното име Смиле, кое е изведено од Смилјан или Смил, во XV век, со додавање на присвојната придавна наставка -во, со назнака дека „тоа е село на Смиле“.

Географија и местоположба

Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото од далеку

Ова село се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига на планината Бигла. Селото е ридско, на надморска височина од 880 метри. Од патот Демир Хисар-Битола, селото е оддалечено малку повеќе од девет километри.

Смилево е сместено во дол и е распослано на неколку мали брда („тумбиња“), кои се обвиткани со дабова шума. Денес, во селото има околу педесетина населени куќи, а во минатото нивниот број бил над 400. Низ селото поминува Смилевска Река.

Смилево се граничи со следниве села: со Боиште на север, со Обедник на исток, со Метимир и Гопеш (обете во Општина Битола) и со Сопотско (во Општина Ресен) на југ, и на запад со селата Златари и Кривени (обете во Општина Ресен).

Селото поседува убави зданија на карактеристични македонски куќи градени од камен на два, три и повеќе катови, со многу прозорци и со балкон или трем. Денес, повеќето куќи се нови, додека голем дел од постарите се обновени. Секоја понова куќа е градена на приземје и кат, со чардак или балкон. Чардаците вообичаено го зафаќаат целиот предел дел на куќата.

Смилево има водовод уште од 1930-тите години, а во минатото селото се снабдувало со вода преку чешми.

Панорамски поглед на селото Смилево

Историја

Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Смилево во почетокот на XX век

Селото првпат е споменато во опширните пописни турски дефтери од XV век. Според пописот во 1468 година во селото имало околу 300 жители, односно тоа постоело и пред доаѓањето на отоманската власт. Во 1568 година имало 55 семејства, 1 вдовица и 3 неженети или вкупно 281 жител. Селото во 1608 година плаќало вкупно 1.300 акчиња годишно данок, поради планинскиот терен и слабата стопанска активност.

Смилево е заведено и во Слепченскиот кодик од XVI век.

Смилево претставува мијачка колонија во Демирхисарско. Било населено со Мијаци, кои дошле од Мијачијата кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, бегајќи од големите зулими и грабежи. Народните кажувања се дека до денешното село постоела брсјачка населба, која била нарекувана Старо Смилево. Доселените Мијаци продолжиле да се занимаваат со сточарство, но кога и во новиот крај се појавиле грабежи и несигурност, го оставиле сточарството и се насочиле кон ѕидарството. Така, селото станало познато со најголеми мајстори во областа.

Населбата што ја создале новите доселеници во прво време се викала Ново Смилево, а подоцна само Смилево. Според кажувањата на некои постари селани се смета дека во Смилево се доселиле и Брсјаци од други села. Меѓу позначајните семејства кои го нашле својот дом во Смилево биле: Гарци од с. Гари, Коштревци од Галичник, Трампевци од Тресонче, Најдановци од Лазарополе, Жежовци од Ехловец, Бучиновци од Бучин, Кочанковци од Лева Река, Ресенско, Марушевци од Златари, Граматковци од Кривени, и др. Старото население од Старо Смилево поради честите грабежи се преселило во Ново Смилево.

Во XIX век, Смилево било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Смилево во XX век

Во текот на XIX и почетокот на XX век во селото секоја сабота се одржувал пазар, каде се продавале житни култури, зеленчук и овошје.

Смилевци активно учествувале во борбите на ВМОРО. Селото било местото каде се одржал и познатиот Смилевски конгрес во периодот од 2 до 7 мај 1903 година, на кој било решено да се подигне Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ, а индиректно во Македонија и Одринско. За време на востанието селото било ослободено, но потоа селото е три дена разграбувано и опожарено.

Вечерта на 27 август 1906 година, селото било нападнато од преку 180 андарти предводени од капетанот Константинос Гутас, кои биле потпомогнати од турското население од околните села Обедник, Кажани и Рамна. Групата започнала со палежи, убивања и грабежи низ селото. Колежот траел цел ден иако само на еден час од селото се наоѓал турскиот гарнизон сместен во Гопеш. Следниот ден биле информирани конзулите од Битола, кои заедно со тројца англиски новинари дошле во посета на селото. Според Христо Силјанов во колежот биле убиени 15 селани, од кои 3 жени, а тројца биле ранети, од кои една жена, и запалени 10 куќи.

Втора светска војна

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Таен јазик на смилевските ѕидари-печалбари

Јазик распространет помеѓу мајсторите-печалбари по потекло од Смилево. Истиот јазик, со некои несуштествени разлики, се сретнувал и во Папрадиште и во Ореше.

Тајниот јазик бил користен од луѓето кои заминувале на гурбет, со цел непречен разговор на тајфите помеѓу муслиманите.

Јазикот се појавил со засиленото заминување на печалба низ отоманските провинции и другите балкански земји. Неговиот развој траел неколку децении, а како главна одлика е дека неговите зборови главно припаѓаат на менливите морфолошки форми: глаголи, именки и придавки.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 16,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.402 хектари, на пасиштата отпаѓаат 113 хектари, а на обработливото земјиште 104 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Во селото е развиено и занаетчиството, па така мештаните одамна се занимавале со ѕидање на куќи, со преработка на кожа и волна, како и со преработка и продажба на огревно дрво и ќумур. Смилевци станале познати мајстори и биле ангажирани како ѕидари за многу објекти.

Покрај тоа селаните ја обработуваат и така малку плодната земја, одгледуваат житни растенија и зеленчук. Исто така, мал дел од мештаните чува стока.

Денес, во селото работи земјоделска задруга, две продавници, една меана, три-четири ѕидари, еден авто-шлепар и превозник.

Население

Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Смилевки во народна носија во 1913 г., една од првите фотографии во боја во светот
Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Битолчанка облечена во смилевска носија, фотографирана во ателјето на браќата Манаки, во Битола, во периодот меѓу 1898-1912
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.341—    
19531.339−0.1%
19611.158−13.5%
1971731−36.9%
1981689−5.7%
ГодинаНас.±%
1991548−20.5%
1994384−29.9%
2002321−16.4%
2021218−32.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смилево имало 2.200 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смилево имало 2.500 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ново Смилево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 430 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци.

Од Смилево се иселил голем дел од населението и селото преминало од голема, во средна населба, населена со македонско население. Во 1961 година селото броело 1.158 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 384 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Смилево живееле 321 жител, сите Македонци.

Во 2015 година според неофицијални податоци во селото имало над 250 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 218 жители, од кои 203 Македонци, 4 останати и 11 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 2.200 2.500 1.341 1.339 1.158 731 689 548 384 321 218

Родови

Смилево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Јанкуловци со Ристевци, Талевци, Трповци и Сековци (3 к.); Коруновци (1 к.); Кузевци со Ристевци (1 к.); Петревци, Наќевци и Стевановци; Перовци со Блажевци, Павлевци, Котевци и Марковци (2 к.); Танасовци (1 к.); Тодоровци (2 к.); Карлевци (1 к.), Брсјаци се. Порано живееле во старо Смилево.
  • Доселени Мијаци: Гулугаровци (2 к.) и Печипајковци (8 к.), доселени се од Лазарополе; Спасевци (2 к.), Калинци (1 к.) и Трампевци (11 к.), доселени се од Лазарополе; Милошовци (3 к.) и Корлевци (7 к.), доселени се од Лазарополе; Крстевци (1 к.), доселени се од Лазарополе; Пејчиновци (6 к.), Топчевци (1 к.), Бојанинци (1 к.) и Чаловци (1 к.), доселени се од Галичник; Трошевци (3 к.), Лековци (1 к.), доселени се од Лазарополе; Ковачи/Ковачевци (14 к.), доселени се од Галичник; Соклевци (4 к.), доселени се од Гари; Парталковци (2 к.) и Чиклевци (1 к.), доселени се од Галичник; Филковци (2 к.) и Стамболџиовци (5 к.), доселени се од Лазарополе; Чурановци (3 к.), Сиљановци (3 к.) и Макриовци (4 к.), доселени се од Гари; Кромидаровци (2 к.) и Мирчевци (3 к.), доселени се од Галичник; Гајдаровци (3 к.), доселени се од Галичник; Граматковци (4 к.) и Мерковци (2 к.), доселени се од Лазарополе; Туфевци (2 к.), Узуновци (1 к.), Картаровци (2 к.) и Чипуровци (1 к.), доселени се од Лазарополе. Стари деленици со Мерковци; Гарци или Егуменовци (5 к.), доселени се од Гари; Бандевци (5 к.) и Костадиновци (2 к.), доселени се од Крушево. А таму припаѓале на Мијаците; Жежовци (6 к.), доселени се од Лазарополе; Волкановци (3 к.), доселени се од Галичник; Галовци (2 к.), доселени се од Гари; Поповци (3 к.), Матлиовци (1 к.) и Костревци или Кокиновци (16 к.), доселени се од Лазарополе. Го знаат следното родословие: Спиро (жив на 70 г. во 1952 година) Коле-Илија-Деспот, кој се доселил; Николовци (2 к.), доселени се од Лазарополе; Касаповци со Лумбарковци (2 к.), доселени се од Тресонче; Дарковци (2 к.), доселени се од Галичник; Шутевци (4 к.), Грујовци (4 к.) и Поповци со Доневци (1 к.), доселени се од Лазарополе. Има и целосно иселени мијачки родови.
  • Доселеници од други места: Лозановци (1 к.), доселени се од селото Кукуречани, Битолско; Мартушовци (4 к.), доселени се од селото Златари, Преспа; Тодоровци (13 к.), доселени се од околината на Пловдив, Бугарија; Бучиновци (2 к.), доселени се од селото Бучин, Крушевско; Мицковци (1 к.), доселени се од селото Цапари, Битолско; Танасовци (2 к.), доселени се од селото Бараково и Дојчиновци (4 к.) доселени се од Журче.

Општествени установи

Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поштата во селото
Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Смилево, во која покрај селото Смилево, се наоѓале и селата Боиште и Обедник. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Смилево во која влегувало само истоименото село.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0636 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 254 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Смилево: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Манастири
    Параклиси
  • Параклис „Св. Петка“
  • Параклис „Св. Недела“
    Споменици
  • Споменик на Даме Груев со спомен-парк, изграден во 1963 година
  • Споменик за херојските илинденци во селото
  • Споменик во чест на паднатите борци во НОБ
    Реки
  • Смилевска Река — поминува низ селото и една од двете реки, кои ја создаваат Обедничица

Редовни настани

  • Петровден — главна селска слава
  • 7 мај — Денот на полицијата во склоп на деновите на Смилевскиот конгрес (2-7 мај); првите безбедносни чети биле основани за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес
  • Илинден — прослава
  • 23 декември — панихида за Даме Груев

Личности

    Родени во Смилево
  • Георги Чуранов — македонски револуционер
  • Даме Груев (1871-1906) — македонски револуционер
  • Донка Ушлинова (1880-1936) — македонска револуционерка
  • Козма Георгиев — просветен деец
  • Трајче Магловски — партизан
  • Дамјан Касапов — македонски револуционер
  • Илија Узуноски (р. 1951) — машински инженер, специјалист за уметничка фотографија
  • Томе Груевски (р. 1949) — новинар и универзитетски професор
  • Стојче Димев Кожуваров — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Стојче Огненов Кондов (Кондовски) — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Спиро Колев Коштрески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Глигор Колев Лекоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Секо Трпев Мерушоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Наум Павлев Николов — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Веле Крстев Николоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Веле Георгиев Трајков — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ѓорги Дамев Трампески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Веле Трпков Лулески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Веле Димев Галоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Елена Иванова Фиданова Груева — македонска револуционерка од ВМОРО.
  • Нале Павлов Грујоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Илија Ѓоргиов Дарков — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Кочо Делов Даскалов — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Кочо Ристев Дојчиновски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Христо Доневски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Тасе Стаматов Бајчев — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Веле Делов Бојанински — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Георгија Кузманов Нузов — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Христо Колев Стамболџиев — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Веле Ристев Тодороски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Фанка Танева Трпева — македонска револуционерка од ВМОРО.
  • Веле Талев Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.

Иселеништво

До 1952 година во Бугарија се имаат иселено преку 50 семејства. Во Софија има цела област со смилевци именувана „Смилевска падина“. Голем број на иселеници од ова село може да се најдат и во Битола (преку 100 семејства до 1952 година и потоа, во населбата Смилевски Баир), Австралија, Демир Хисар, САД (7 семејства до 1952 година) и на други места.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Смилево Потекло на иметоСмилево Географија и местоположбаСмилево ИсторијаСмилево СтопанствоСмилево НаселениеСмилево Општествени установиСмилево Самоуправа и политикаСмилево Културни и природни знаменитостиСмилево Редовни настаниСмилево ЛичностиСмилево ИселеништвоСмилево ГалеријаСмилево НаводиСмилево ПоврзаноСмилево Надворешни врскиСмилевоЃават-КолДемир ХисарОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЦирозаИзет МеџитиКлеопатраЦрна ГораИзборна единица 4Коле НеделковскиДебарПчелиСписок на држави во светотАДХДМагнетСтале ПоповТинитусЛидија ДимковскаРесенВодноЗбогум Румелија (ТВ-серија)ПертусисОпштина ПрилепГостиварХороскопски знациШар ПланинаВизантијаИзраелДимитар МиладиновШведскаЗаповеден начин во македонскиот јазикМалиот принцСердаротНАТО-во бомбардирање на СР ЈугославијаДен на востанието на МакедонијаХемоглобинСписок на држави по населениеКузман ШапкаревДемир КапијаЗатемнување на МесечинатаМакедонски парламентарни избори (2016)ГрадацијаАвтоимуна болестРомантизамНАТОЖабаСегашно време во македонскиот јазикАлгиДемократска унија за интеграцијаЕкономија на МалезијаАритметичка прогресијаМојот звукСвети Кирил и МетодијСостојба на материјатаОпштина ВелесХерпесСтранствувањето на Чајлд ХаролдКатастарски општини во МакедонијаПапарацоИнфективна мононуклеозаЦицеронГајдаОпераДрачевоАнгкор ВатДенес над МакедонијаКоле ЧашулеСлуз-цедење во грлотоАцо ШоповРак на грло на маткаКирилицаЗНАМ26 мартПетре М. АндреевскиМитозаФотосинтезаДимитар ДимитровКонстантин МиладиновБајрамГригор ПрличевВидови сметачиОпштина Струмица🡆 More