Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ) или претходно до 1952 позната како Комунистичка партија на Југославија — владејачка партија во СФР Југославија, од 1945 до 1990 година.
Нејзината идеолошка ориентација до отприлика 1950 била сталинистичка, а потоа титоистичка (социјалистичка).
Сојуз на комунистите на Југославија Savez komunista Jugoslavije Савез комуниста Југославије Zveza komunistov Jugoslavije | |
---|---|
Водач | Јосип Броз Тито |
Основана | 1919 Вуковарски конгрес во 1920 |
Распуштена | 1990 |
Насленик |
|
Воено крило | Југословенски партизани (1941–1945) |
Идеологија | Титоизам (self-declared) Југословенство Комунизам Марксизам–Ленинизам |
Меѓународна припадност | ниедна Коминтерна до 1943, Коминформ до 1948 |
Бои | црвена |
Знаме | |
Политика на Југославија Политички партии Избори |
Основана е на Конгресот на обединувањето од 20 до 23 април 1919 година на конгресот во Белград како Социјалистичка работничка партија (комунисти). Во своите редови ги обедини речиси сите социјалдемократски партии и организации од земјите што во 1918 влегоа во состав на Кралството СХС, освен хрватските десни социјалдемократи, предводени од Витомир Кораќ и Словенечката Југословенска социјалдемократска партија. За претседател на партијата е избран Филип Филиповиќ.
На Вториот конгрес во Вуковар, во јуни 1920, партијата го менува своето име во Комунистичка партија на Југославија, а од раководството и од партијата пополека почнуваат да се потиснуваат „центрумашите“, кои не се согласуваат со прифаќањето на фамозните 21 услов за членство на Коминтерната и кои до крајот на годината се исклучени од Партијата.[1] Архивирано на 5 мај 2006 г.
На крајот од годината е донесена т.н. „Обзнана“ со која активностите на комунистите се драстично ограничени, за по обидот на атентат врз регентот Александар и убиството на министерот за внатрешни работи Милорад Драшковиќ КПЈ да биде забранета.
По забранувањето на партијата, настапува голема репресија за припадниците и симпатизерите на КПЈ. Кризата во Партијата уште повеќе се зголемува поради фракционерските борби и поради следењето на секташката политика на Коминтерната која што значително се меша во внатрешните работи на сите комунистички партии, вклучително и на КПЈ. Воведувањето на диктатура во 1929 година уште повеќе ја зголеми репресијата врз комунистите во Југославија, а во Сталиновите чистки настрада речиси целата раководна структура на КПЈ: Јосип Чижински (Милан Горкиќ), Филип Филиповиќ, Владимир Ќопиќ, Сима Марковиќ, браќата Вујовиќ, браќата Цвииќ и други. Сред чистките на чело на партијата во 1937 е поставен Јосип Броз Тито.
По окупацијата на Југославија од страна на Силите на Оската и на нивните сојузници во април 1941 и по нападот на нацистичка Германија врз СССР, КПЈ поведе вооружена борба против окупаторите, која наскоро се развива во народно востание против окупаторските сили под раководство на КПЈ. Окупаторските сили беа принудени да ангажираат голем број на војска во борбата против народно-ослободителната војска, но не можеа да го скршат отпорот. Веќе во втората половина на 1944 година се ослободени значителни делови од Југославија (вклучително и Македонија), а до мај 1945 е ослободена целата земја.
По ослободувањето на земјата, угледот на КПЈ е доста висок и на комунистите им беше лесно да ја зацврстат својата власт. Останатите политички партии пополека се потиснуваат и во земјата комунистите воведуваат еднопартиски систем. Во тоа време, од земјите од Источна Европа во кои подоцна дојдоа комунистички партии на власт, југословенските комунисти отидоа најдалеку во копирањето на советскиот модел.
Во 1948 дојде до силен удар врз КПЈ. Информбирото донесува резолуција со која КПЈ и неговото раководство остро се осудуваат поради национализам и троцкизам. Дотогашниот сталинист Тито се решава на непослушност кон Сталин и одбива да ја прифати Резолуцијата. Тоа доведува до прекин на односите на Југославија со СССР и со останатите комунистички партии. Првичните обиди од страна на југословенските комунисти за надминување на разликите завршуваат неуспешно, а тоа ги принудува да бараат свој пат во социјализам, кого подоцна го нарекуваат самоуправен социјализам, а е познат и како титоизам.
Тоталитарниот поредок што го воведоа југословенските комунисти беше помалку репресивен од останатите комунистички режими, но основната тоталитарна одлика на системот, непопустливост кон суштински различните гледишта, беше одлика и на комунистичка Југославија. Помеѓу дисидентите во Југославија имаше и националисти и либерали, а од редовите на самото комунистичко движење најпознати дисиденти се:
По смртта на Тито во 1980, состојбата во Југославија се влошува и комунистите сè повеќе ја губат власта во земјата. Кон крајот на 1989 СКЈ поради развојот на настаните во светски рамки и поради внатрешни притисоци делумно го легализира политичкиот плурализам Финалето следува наскоро. Во тмурна и мачна атмосфера, започна 14.(Вонреден) Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија. Најизразен беше судирот меѓу српската и словенечката делегација. На третиот ден од одржувањето (22.1.1990), словенечките делегати го напуштија конгресот, а малку подоцна истото на направија и делегациите од Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Конгресот веќе некогаш не беше завршен, а единствената партија практично беше дезинтегрирана. Наредните месеци започнаа да се одржуваат првите повеќепартиски избори низ републиките. На тие избори, реформираните комунистички партии ја губат власта во Хрватска, БиХ и Македонија, а победуваат во Србија, Црна Гора и Словенија. Веќе се чувствува голема опасност од распад на земјата. Во 1991 тоа и се случува. Републичките филијали на СКЈ, ја менуваат идеолошката ориентација и, под различно име, продолжуваат да постојат, некои и задржувајќи ја власта во новосоздадените држави. Таков е случајот и со Сојузот на комунистите на Македонија, која во 1991 се трансформира во Социјалдемократски сојуз на Македонија и како таков повеќе години беше на власт во Република Македонија.
Оваа статија поврзана со Југославија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Сојуз на комунистите на Југославија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.