30 Август: датум

Предлошка:Август 2024

30 август — 242-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (243-и во престапна година). Остануваат 123 денови до крајот на годината.

Настани:

1721  Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.
1918  Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.
1922  Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.
1990  Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“.
1994  Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија.

Родени:

1489  Антонио Алегри Кореџоиталијански сликар.
1748  Жак-Луј Давид — француски сликар.
1811  Теофил Готје — француски писател, новинар и критичар.
1852  Јакоб Хенрик вант Хофхоландски хемичар - добитник на Нобеловата награда за хемија (1901).
1870  Александра — принцеза на Грција.
1907  Џон Мокли — американски физичар.
1924  Ката Лахтова — претседател на собранието на СРМ.
1924  Кени Дорхем — американски џез-музичар.
1931  Јован Ќирилов — српски театролог и писател.
1951  Беџет Пацоли — косовски политичар.
1953  Роберт Периш — американски кошаркар.
1958  Ана Политковска — руска новинарка.
1961  Елена Скриник — руски политичар.
1969  Владимир Југовиќ — српски фудбалер.
1971  Звонко Милојевиќ— српски фудбалер.
1972  Павел Недвед — чешки фудбалер.
1973  Атанас Ботев — македонски сликар.
1977  Константин Формичев — руски кану-спринтер.
1979  Хуан Игнасио Чела — аргентински тенисер.
1982  Енди Родик — американски тенисер.
1983  Симоне Пепе — италијански фудбалер.
1983  Енди Шмид — швајцарски ракометар.
1988  Ернест Гулбис — латвиски тенисер.
1989  Бебе Реџа — американска пејачка.
1990  Светослав Гоцев — бугарски одбојкар.
1993  Пако Алкасер — шпански фудбалер.

Починале:

1181  Александар IIIримски папа.
1483  Луј XIкрал на Франција.
1533  Атахуалпа — последниот владател на големото царство на Инките.
1935  Анри Барбис — француски писател.
1940  Џозеф Џон Томсон — британски физичар.
1994  Линдзи Андерсон — британски режисер.
1995  Стерлинг Морисон — американски рок-музичар, член на групата „Велвет андерграунд“.
2006  Глен Форд — канадско-американски глумец.
2013  Шејмус Хини — ирски поет, нобеловец и добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
2022  Михаил Горбачовсоветски политичар.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Калеш АнѓаИфтарСистемски лупус еритематозусБрадикардијаКумановоСингапурСпомен-куќа на Мајка ТерезаРак на панкреасотКрвна групаВагинален исцедокКултураЦелијакијаАутизамЛазар КолишевскиЈугославијаГликемијаХристијан МицкоскиОбединето КралствоВевчански карневалБигорски манастирБактерииСтарогрчка митологијаСолунИзбори во МакедонијаГригор ПрличевКочо РацинКрвен притисокИнтернетМакедонски парламентарни избори (2024)Мајка ТерезаЛибанПеколот (Божествена комедија)БојаЕ-владаМаксим ДимитриевскиВоен конфликт во Македонија (2001)Општина АеродромСкратеници во македонскиот јазикОрхидеиМеталУстав на МакедонијаГаличицаЕлектричен отпорРимаСписок на планини во МакедонијаОпштина ИлинденСтар заветПридавкаБогородичната црква во ПаризШвајцаријаВија ЕгнацијаПолурамнинаОтсечкаВелко НеделковскиАмериканска црна мечкаДадо ТопиќСистем за варењеНиколај ГогољГудачки инструментиГрб на МакедонијаЛеукемијаЗемја (планета)Срцев ударЈоаким КрчовскиЉубе БошкоскиСмрекаОдбојкаОвчи сипанициАлжирГрадацијаЕгејска МакедонијаСкупиНародна Република КинаЧарлс IIШизофренијаКурт ГеделСоцијалистичка Федеративна Република Југославија🡆 More