Битолско Црничани: село во Општина Могила

Црничани — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Црничани
Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Традиционална куќа во Црничани

Црничани во рамките на Македонија
Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Црничани
Местоположба на Црничани во Македонија
Црничани на карта
Координати 41°07′28″N 21°32′24″E / 41.12444° СГШ; 21.54000° ИГД / 41.12444; 21.54000
Регион Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Могила
Област Пелагонија
Население 9 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02121
Надм. вис. 749 м
Слава Мала Богородица
Црничани на општинската карта
Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Црничани во рамките на општината
Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Црничани на Ризницата

Потекло на името

Името на селото најверојатно потекнува од црната земја што го покрива атарот на ова село.

Географија и местоположба

Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото Црничани

Селото се наоѓа во Пелагонија, во источниот дел на Битолското Поле, во југоисточниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 27 километри.

Црничани е мало македонско село, вовлечено во долината на Црничка Река. Околни села се: Путурус, Мојно и Арматуш.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Габерски Дол, Петреа Леска, Тврди Град, Грамада, Присој, Плоча, Козјак, Рупка, Црвениците, Преслоп, Душманица, Трските, Три Кладенци, Ветрушка, Коњарник, Клепач, Ресуља, Браненица и Рудник.

Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Чивлак и Село.

Од општинското средиште Могила е оддалечено 14 километри.

Историја

Според кажување на мештаните, во месноста Тврди Град постоел град, како што им пренесувале старите. Бидејќи месноста се обработувала, биле пронаоѓани грнчарски производи. По Првата светска војна, во долниот дел на селото бил пронајден мермерен камен, кој подоцна бил пренесен во Скопје.

Се верува дека селото било основано во втората половина на XVIII век. Основач на селото бил поп Петре, најстар предок на денешниот род Поповци. Поп Петре побегнал негде од Охридско и стигнал во селото. Најпрвин со синовите го основал селото во месноста Петреа Леска, а подоцна го поместиле селото на месноста Селски Кладенец. Дури подоцна преминале на денешната местоположба. На двете месноста се сретнуваат старини.

Во XIX век, Црничани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото било двапати запалено. Најпрвин во 1906 година било запалено од грчки чети од мариовското село Маково. Второто палење се случило за време на Првата светска војна. По тоа опожарувањето, мештаните три години живееле во градот Прилеп.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 12,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 607 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 523 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на чешма во селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948247—    
1953280+13.4%
1961295+5.4%
1971185−37.3%
1981140−24.3%
ГодинаНас.±%
199150−64.3%
199454+8.0%
200241−24.1%
20219−78.0%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Путурус било село со 25 домаќинства и 140 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црничани живееле 256 жители, од кои 240 Македонци и 16 Роми. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Црничани имало 144 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црничани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 23 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало, населено со македонско население. Така, тоа во 1961 година имала 295, а во 1994 година 54 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Црничани живееле 41 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 3 Македонци и 6 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 256 144 247 280 295 185 140 50 54 41 9

Родови

Црничани е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени, денешното село е основано средината на ХVIII век кога се населил родот Поповци.

Родови во Црничани се: Поповци (31 к.), тие се основачи на селото, доселени се средината на ХVIII век од Охридско, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 58 г. во 1951 година) Марко-Петко-Марко-Трпко-Поп Петре кој се доселил во селото; Димчевци (3 к.), доселени се од селото Арматуш и Цоцевци (1 к.), доселени се од Подмол, таму имаат роднини доселени од Егејска Македонија.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Мусинци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедебалци, во која влегувале селата Арматуш, Дедебалци, Далбеговци, Горно Агларци, Долно Агларци и Црничани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0216 според Државната изборна комисија, сместено во продавницата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Битолско Црничани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
    Цркви
    Археолошки наоѓалишта
  • Св. Петка — базилика од старохристијанско време;
  • Клепач — населба од средниот век;
  • Крсто — осамен наод од римско време;
  • Рупка — населба и некропола од римско време; и
  • Тврди Град — населба од доцноантичко време.
    Реки

Редовни настани

Иселеништво

Од селото се иселил значителен дел на населението. Се знае за следниве родови: Ѓуровци (3 к.), Зенговци (2 к.) и Црничани (1 к.), кои живеат во Ношпал; Паламидовци (4 к.) и Мајсторовски (4 к.), живеат во селото Логоварди; Млазникашовци (2 к.) и Џоџевци (4 к.), живеат во селото Новаци; Долевци (7 к.), живеат во соседното село Путурус; Ќосевци (6 к.), живеат во селото Дедебалци; Ајдеровци (2 к.), живеат во Радобор; Капларци (1 к.), живеат во Жабјани, Битолско; Кожевци (2 к.), живеат во селото Кравари; Трајанови (1 к.), живеат во Мојно; Илијевци (1 к.), живеат во Горна Чарлија и Вељановци (1 к.) живеат во Драгарино.

Од селото, исто така, има иселени во градовите Битола, Скопје и Прилеп, но и во прекуокеанските и европските земји.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Битолско Црничани Потекло на иметоБитолско Црничани Географија и местоположбаБитолско Црничани ИсторијаБитолско Црничани СтопанствоБитолско Црничани НаселениеБитолско Црничани Општествени установиБитолско Црничани Самоуправа и политикаБитолско Црничани Културни и природни знаменитостиБитолско Црничани Редовни настаниБитолско Црничани ИселеништвоБитолско Црничани НаводиБитолско Црничани ПоврзаноБитолско Црничани Надворешни врскиБитолско ЦрничаниБитолаОпштина МогилаПелагонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стале ПоповАртрозаДаниел ДефоНовак ЃоковиќГлаголИлијадаТоше ПроескиЦијанобактерииБаза (хемија)Демир ХисарРак на дојкаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМоливТелефонФудбалОбединети нацииПраисторијаУставен суд на МакедонијаМавровоАдам и ЕваГамеланМакедонски народни инструментиЕлектричен отпорТрескавецГлаголски прирокЕвропска УнијаПрирокДонтов методБактерииРак на грлоНАТОПетре М. АндреевскиСписок на птици во МакедонијаГај Јулиј ЦезарСоцијалистичка Република МакедонијаТетанусСоединети Американски ДржавиЕлектрична струјаОсновен приходМахидевранSARS-CoV-2ЗглобДланкаКирхофови закони за струјното колоПочваАтинаКалендар на Велигденски датумиФранцијаОпштина КумановоЛила СтојановскаЛимфен јазолВагинален исцедокГалија (брод)ТартифСмоларски ВодопадЦрно семе (роман)Македонски пасошПридавки во македонскиот јазикСкопско КалеМалиот принцБарешаниДаме ГруевПоезијаТирНационални паркови во МакедонијаТриаголникШизофренијаАли АхметиИфтарСлавко ЈаневскиСвети Кирил и МетодијАвтоимуна болестРимска уметностОмов законСтојанче АнгеловРечник на стари македонски зборови🡆 More