Ношпал: село во Општина Могила

Ношпал — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Ношпал
Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Ношпал

Ношпал во рамките на Македонија
Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Ношпал
Местоположба на Ношпал во Македонија
Ношпал на карта
Координати 41°10′58.08″N 21°27′5.04″E / 41.1828000° СГШ; 21.4514000° ИГД / 41.1828000; 21.4514000
Регион Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Могила
Област Пелагонија
Население 294 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7215
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02085
Надм. вис. 570 м
Слава Свети Никола Летен
Ношпал на општинската карта
Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Ношпал во рамките на општината

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато во 1568 година и е изведено од лично име врз основа на именката „ношт“ (ноќ).

Според кажувањата на постарите жители, името е во тесна врска со самата историја на селото. Имено, првите жители на селото биле Пајонци од Мариово и Мијаци од Порече кои се занимавале со овчарство. За време на колењето на животното, нож се користел само при одземањето на животот на животното, а останатиот процес вклучуваќи го и дерењето на кожата бил изведен со рака, палците ја имале улогата на ножеви. Со кованица од зборовите „нож“ и „палец“ се добило името Ношпал.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 588 метри.

Тоа е полско село, лево од Црна Река, во средишниот дел на Пелагонија. Околни села се: Клепач, Добрушево, Вашарејца и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Батински Пат, Горни и Долни Ливади, Најденица, Гладно Поле, Круша, Лимејца, Тумба, Меѓуанови, Бела Црква и други.

Селото има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родовите.

Од општинското средиште Могила е оддалечено 16 километри, а од градот Битола е оддалечено 26 километри.

Ваквата местоположба блиску до реката Црна која предизвикувала чести поплави била причина селото да биде поплавено во големата поплава во февруари 2015 година.

Историја

Околу 500 метри северно од селото е месноста Бела Црква, каде што има остатоци од ѕидови, мермерни камења и се наоѓа кладенец. Меѓу мештаните се верува дека била римска црква. Таму во минатото биле ископани и гробови. И на месностите Тумба и Под Тумба, во близина на коритото на реката, биле пронајдени камчиња и ќерамиди. Јанов Гроб е уште една месност со старини.

Ношпал се наоѓа на стариот пат Битола-Прилеп. По преданието, по тој пат се движеле Татарите, турската војска и други.

Не се знае кога е основано денешното село. По една група на родови, се верува дека е доста старо село. Во пишаните извори првпат се споменува помеѓу 1650 и 1750 година. .

Во XIX век, Ношпал било села во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 10,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 921 хектар, па според тоа селото, во основа, има полјоделска функција.

Економијата на село Ношпал е централизирана околу земјоделство и сточарство. Секоја година во Ношпал се произведува голема количина на тутун, пиперка и жито, додека пак сточарството главно се состои од крупен добиток и живина во мала мера за домашни потреби и дел за продажба.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948462—    
1953487+5.4%
1961572+17.5%
1971546−4.5%
1981545−0.2%
ГодинаНас.±%
1991427−21.7%
1994360−15.7%
2002348−3.3%
2021294−15.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ношпал живееле 240 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ношпал имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ношпал се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.

За време на Првата светска војна, Ношпал бил дел од општината Добрушево и имал 342 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на жителите. Така, во 1961 година селото броело 572 жители, а во 1994 година 360 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ношпал живееле 348 жители, од кои 347 Македонци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 294 жители, од кои 280 Македонци и 14 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 320 462 487 572 546 545 427 360 348 294

Родови

Ношпал е македонско село.

Родови во селото се:

  • Стари родови: Волчевци (10 к.), Мусовци (3 к.) и Бошковци (2 к.), староседелци, за кои се кажува дека се тука отсекогаш или први дошле во селото.
  • Доселени родови: Куртовци (6 к.) и Сарвановци (3 к.), доселени се од Клепач, подалечно потекло од Преспа; Муртановци (5 к.), доселени се од селото Алинци, кај Прилеп; Мацаловци (3 к.), доселени се од мариовското село Дуње; Чурлиновци (3 к.), доселени се во турско време од Добрушево; Дуковци (3 к.) и Вешовци (3 к.), доселени се во 1912 година од Ерековци; Цветковци (3 к.), доселени се од Суводол, каде биле староседелци; Ѓуровци (3 к.), доселени се од Црничани, таму се доселени од Охридско; Зенговци (2 к.) и Црничановци (1 к.), доселени се исто така од Црничани, подалечно потекло од Охридско; Вашеревци (2 к.), доселени се од Вашарејца; Чарлинци (1 к.), доселени се од Горна Чарлија; Бучиновци (1 к.), доселени се од Бучин; Симоновци (2 к.), Секуловци (7 к.), Ризановци (4 к.), Поповци (3 к.), Нечиновци (1 к.), Чавкаровци (1 к.) и Никовци (1 к.), доселени се однекаде.

Општествени установи

Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на новата монтажна градба на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Ношпал, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горна Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, ДОлна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0221 според Државната изборна комисија, сместено во домот на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 288 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Ношпал: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
    Археолошки наоѓалишта
  • Бела Црква — базилика и некропола од старохристијанско време;
  • Тумба — населба од неолитско и римско време;
  • Гајтаница — населба од неолитско и доцноантичко време;
  • Св. Никола — осамен наод од римско време; и
  • Горни Ливади — населба од доцноантичко време.
    Цркви

Редовни настани

  • Свети Никола Летен — селска слава

Личности

    Родени во Ношпал
  • Тале Велјанов Талев (1876-?) — курир на ВМРО, а за време на Илинденското остание војвода на ношпалската селска чета
  • Христо Иванов-Цепивир (?-1912) — револуционер на ВМРО
    Починати во Ношпал

Култура и спорт

  • ФК Напредок Ношпал — аматерски фудбалски клуб кој се натпреварува во Битолската општинска лига (т.н. „A“ лига)

Иселеништво

Се знае за следниве иселени родови: Овчаровци (3 к.), Ношпалци (2 к.) и Ризановци (1 к.), живеат во селото Добрушево; Бозјаковци (4 к.) и Ношпалци (1 к.), живеат во Могила; Стојковци (2 к.), живеат во Горна Чарлија; Маџарот (1 к.), живее во Оптичари; Пројковци (2 к.), живеат во Трн (село); Прпачо (1 к.), живее во Горно Оризари (населба); Муртановци (2 к.), живеат во Вашарејца и Чифлиганци (1 к.), живеат во Дедебалци.

Павлевци, еден од најстарите родови во селото, целосно изумрел.

Од селото има иселено над 200 жители. Најголемиот дел се има преселено во градовите Битола, Прилеп, Скопје и Охрид, а голем дел имаат заминато и во прекуокеанските земји и низ Европа.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Ношпал Потекло на иметоНошпал Географија и местоположбаНошпал ИсторијаНошпал СтопанствоНошпал НаселениеНошпал Општествени установиНошпал Самоуправа и политикаНошпал Културни и природни знаменитостиНошпал Редовни настаниНошпал ЛичностиНошпал Култура и спортНошпал ИселеништвоНошпал НаводиНошпал ПоврзаноНошпал Надворешни врскиНошпалБитолаОпштина МогилаПелагонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лазар КолишевскиЛирикаГоран БреговиќЏ. Р. Р. ТолкинПоезијаМакедонски ораТоше ПроескиДванаесет АпостолиЛалеИсламИзборна единица 2ФотосинтезаМалтаНаполеон БонапартЖелудникСветлинаПочваГлаголицаОпштина СтругаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикПолицијаРамазанМакедонски јазикКлеткаОпштина БитолаГолеми и мали (роман)Еп за ГилгамешКорупцијаДора БакојаниЕрман ШабанОче нашЦрни и жолтиОпштина КрушевоМултипла склерозаМалиот принцЗаздравување на ранаСоцијалистичка Република МакедонијаАтрибут во македонскиот јазикИменки во македонскиот јазикМакедонско востаниеИзборна единица 5Џастин БиберНовак ЃоковиќАпозиција во македонскиот јазикФиброаденомПингвинЈугославијаФилип II МакедонскиГлигор ПоповскиШар ПланинаУС Сасуоло КалчоБакарПанкреасПоштенски броеви во МакедонијаРасказСоединети Американски ДржавиНачалник на Генералштабот на АРМГитараБезовоДемократска ДесницаСтудена војнаЈапонијаЛарингитисПожарМекотелиРибиПаралелограмЦијанобактерииРимска кујнаБалетКонтинентСвети Климент ОхридскиКамилаМакедонски парламентарни избори (2020)ОпераКирхофови закони за струјното колоМоравска мисија🡆 More