Општина Могила — општина во Пелагонискиот Регион, во југозападна Македонија.
Создадена е со територијалната поделба од 1996 година, а со новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година, кон поранешната општина Могила е припоена и Општина Добрушево.
Општина Могила | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Могила | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Драганчо Саботковски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 251,2 км2 (97,0 ми2) | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 5.283 | ||
• Густина | 21/км2 (54/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +047 | ||
Регистарски таблички | BT | ||
Мреж. место | mogila.gov.mk |
На север граничи со трите општини Демир Хисар, Крушево и Кривогаштани, на југ и на запад со Општина Битола, а на исток и југоисток со општините Прилеп и Новаци. Центар на општината е селото Могила.
Могила лежи во Пелагониската рамнина, претежно јужно од реката Шемница, односно помеѓу стариот пат Битола-Прилеп (сега регионален пат Р-106) и Река Црна на просечна надморска височина од 583 м. Општина Могила е средноголема рурална општина, зафаќа површина од 251,2 км2 и се наоѓа во југозападниот дел на Р Македонија. Според апсолутната надморска височина, се вбројува во општините со малку потпросечни вредности во државата. Всушност, територијата на оваа општина зафаќа простор во средишните делови на Битолското Поле, а населбите се наоѓаат распоредени во сливното подрачје на Црна Река и долното течение на нејзината десна притока Шемница и лежат во нивните алувијални делови.
Има правец на протегање северозапад – југоисток. Од север се граничи со општините Демир Хисар, Крушево и Кривогашатани, од исток и југоисток со општините Прилеп и Новаци, од југи од запад со општината Битола.
Има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност, бидејќи низ нејзиниот централен дел минува магистралниот патен правец Е – 106 и железничката пруга Битола – Прилеп. Исто така, од големиот градски центар Битола , централната населба Могила се наоѓа на оддалеќеност од само 10 км.
Вкупната територија на општината зафаќа 22363 ха, а ја сочинуваат кататастарските општини на 23 села и тоа:
-Могила = 2571,39 ха, -Беранци= 2018,52 ха, -Вашарејца=706,81 ха, -Горна и Долна Чарлија=1089,06 ха, -Долно Српци=2371,16 ха, -Ивањевци=1725, 72 ха, -Лознани=906,94 ха, -Новоселани=534,19 ха, -Подино =629,82 ха, -Радобор=860, 31 ха, -Свето Тодори=1118,31 ха, -Трновци=1165,51 ха, -Добрушево=1649,16 ха, -Дедебалци=1207,88 ха, -Мусинци=1157,55 ха, -Ношпал =1047,80 ха, -Мојно =1335,90 ха, -Алинци =394,22 ха, -Путурус=645,20 ха, -Црничани=1251,59 ха, -Трап =622, 68 ха, -Будаково=562,69 ха, Вкупно во општина Могила =22363,7 ха
Оддалеченост на населените места во општина Могила од центарот на општината с. Могила
Могила:Алинци11 км, Беранци10 км, Будаково9 км, Вашарејца12 км, Г. и Д. Чарлија7,5 км, Дедебалци11 км, Добрушево12,5 км, Д. Српци13 км, Ивањевци16 км, Лознани15 км, Мојно21,5 км, Мусинци18 км, Ношпал15,2 км, Новоселани18 км, Путурус15 км, Подино21 км, Радобор5 км, Св. Тодори22 км, Трап8 км, Трновци24 км, Црничани16 км,
Пелагониската Котлина е една од најголемите котлини во Македонија која го зафаќа нејзиниот југозападен дел. Могила се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија на десетина километри североисточно од Битола. Први истражувачки чекори на праисторија во овој крај на Пелагонија се направени во периодот помеѓу двете светски војни што се состоеле во мали ископувања. Во периодот од 1973 година па до денес со цел да се утврди бројот на наоѓалишта, Заводот, Музеј и Галерија од Битола изврши ископувања на теренот и откри повеќе праисториски наоѓалишта, почнувајќи од неолитот, бакарното, бронзеното, па сè до крајот на железното време. Од сите истражувања и ископувања во Пелагонија може да се констатира дека праисториските наоѓалишта – тумби најзастапени се во населбата Могила. Тоа се вештачки височинки, создадени од натрупување на слоеви на кои се формирале населбите. Селото Могила, најверојатно и името го добило по повеќето тумби-могили распоредени по целото село. За селото Могила првите податоци ги сретнуваме за време на владеењето на Византија, XI и XII век. во документите, преписките на Теофилакт Охридски (Охридски Архиепископ). Селото Могила се споменува како стопанство на Охридската црква. Во првите турски документи од 15 век 1467-68 г. "Опширни пописни дефтери" селото Могила се споменува како мезра Могилани, односно село Могила и брои 103 семејства. Во повоениот период после 1944 година формирана е Могилската општина како една од петнаесетте новоформирани на подрачјето на Битола. Во неа влегувале пет села: Долно Оризари, Горно Оризари, Карамани, Трн и Могила.
Општина Могила е земјоделска општина каде што најмногу се произведуваат житариците и полјоделските култури, но не помалку е застапено и сточарството. Од индустриските објекти позначајна е фабриката за производство на готова животинска храна сместена во населбата Радобор. На атарот на Општина Могила стопанисува ЗК Пелагонија и тука се наоѓа најголемата сточарска фарма со околу 800 молзни крави.
Структурата на бизнис секторот во Општина Могила ja сочинуваат 180 активни фирми, сите во приватна сопственост. 137 од нив се регистрирани како ДООЕЛ, 43 како трговец поединец. Најголемиот број од нив се занимаваат со трговија на мало ( продавници ) и со земјоделско – сточарска дејност.
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 12.222 | — |
1953 | 14.012 | +14.6% |
1961 | 14.228 | +1.5% |
1971 | 13.503 | −5.1% |
1981 | 13.386 | −0.9% |
1991 | 10.022 | −25.1% |
1994 | 7.333 | −26.8% |
2002 | 6.710 | −8.5% |
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Могила според административната поделба од 2004 година. Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија |
Според новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година (припојување на општината Добрушево) општината имала 6.710 жители, од кои:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 6.432 | 95,86 |
Албанци | 34 | 0,50 |
Турци | 229 | 3,41 |
Роми | 6 | 0,09 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 2 | 0,03 |
Бошњаци | 0 | 0,00 |
останати | 7 | 0,10 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 6.436 |
муслимани | 266 |
католици | 1 |
протестанти | 0 |
останати | 7 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 6.452 |
албански | 31 |
турски | 218 |
ромски | 0 |
влашки | 0 |
српски | 5 |
бошњачки | 0 |
останати | 4 |
Градоначалник на општина Могила е Јасмина Гулевска од редовите на СДСМ. Таа била избрана на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Советот на општина Могила е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Општина Могила, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.