Дедебалци: село во Општина Могила

Дедебалци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Дедебалци
Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Панорама на селото

Дедебалци во рамките на Македонија
Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Дедебалци
Местоположба на Дедебалци во Македонија
Дедебалци на карта
Координати 41°07′00″N 21°29′05″E / 41.11667° СГШ; 21.48472° ИГД / 41.11667; 21.48472
Регион Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Пелагониски
Општина Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Могила
Област Пелагонија
Население 220 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7212
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02035
Надм. вис. 588 м
Дедебалци на општинската карта
Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Дедебалци во рамките на општината
Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Дедебалци на Ризницата

Географија и местоположба

Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селската чешма во Дедебалци

Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 592 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 24 километри.

Ова е полско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Далбеговци, Радобор и Трап.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Еленчица, Стари Лозја, Бања, Грашишта, Бањски Ливади, Росулица, Белутраци, Папрас, Плоча, Дупен Камен, Пајчина Дупка, Бењоски Порој, Рогувчица, Коњарски Ливади, Шипо, Рупка, Клисури, Тврди Град, Широка Падина, Расје, Црвеница, Горни Чаир, Метилајца, Слатина, Круша, Потка, Браненица, Демирица, Арапски Гробишта, Коњарево и Бањево.

Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно.

Историја

Месностите Коњарево и Бањево се наоѓаат кон селото Црничани, во подножјето на возвишението Тврди Град. Таму сега се ливади и ниви. Биле пронаоѓани материјали и гробови.

Традицијата наведува дека во минатото постоела голема населба на местото на денешното село. Од таа населба останале гробиштата, сега наречени Арапски Гробишта. Таа месноста сега се користи како пасишта, но уште може да се забележат забодени камења, кои мештаните во минатото ги користеле како градежен материјал.

Денешното село, пак, не е многу старо. Го основале доселенички родови во текот на XIX век. Најголемиот број на родови се доселиле во текот на турското владение.

Во XIX век, Дедебалци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 13 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 939,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 203,8 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948420—    
1953523+24.5%
1961561+7.3%
1971509−9.3%
1981474−6.9%
ГодинаНас.±%
1991454−4.2%
1994322−29.1%
2002288−10.6%
2021220−23.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дедебалци живееле 250 жители, од кои 200 Македонци и 50 Турци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дедебалци имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дедебалци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Дедебалци е средно село по големина, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година броело 561 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 322 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Дедебалци живееле 288 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 220 жители, од кои 211 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 7 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 240 420 523 561 509 474 454 322 288 220

Родови

Дедебалци е македонско православно село, сите родови во селото се доселени.

Според истражувањата од 1956 година, родови во селото

  • Доселеници: Љаковци или Доктуровци (9 к.), доселени се од Бучин кај Крушево. Таму живееле тројца браќа. Тие еднаш отепале Турчин и затоа се иселиле. Еден брат (Степан) дошол овде. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 33 г. во 1956 година) Анѓеле-Илија-Аце-Коте-Степан), вториот брат се населил во Алинци (родот Измировци), а третиот во Добрушево (родот Таировци); Измировци (2 к.), деленици од Љаковци; Бодловци (6 к.), доселени се од некое село во Мариово, од каде дошол некој Бодло. Го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 61 г. во 1951 година) Стојко-Ристе-Боше-Бодло кој се доселил, тогаш е основано денешното село; Емишковци (2 к.), гранка се од Бодловци; Курцовци (2 к.), и тие се доселени од Мариово; Зоњовци (10 к.), потекнуваат од предокот Петко, кој терал нешто по патот Прилеп-Солун, тогаш на поминување го запознал селото и останал во него, некои велат дека Петко бил по потекло од Бугарија; Багашовци (11 к.) од Будаково прешле во Добрушево, па од таму во Дедебалци; Секуловци (1 к.), доселени се однекаде; Ќосевци (6 к.), доселени се од Црничани; Гаштевци (2 к.), доселени однекаде; Домузовци (3 к.), доселени се од Долно Агларци, а таму биле доселени од Кајлари, Егејска Македонија; Пижаровци (1 к.), доселени се од прилепското село Вранче; Манаровци (2 к.), доселени се од Радобор; Чурлиновци (4 к.), и тие се доселени од Радобор; Будаковци (3 к.), доселени се 1925 година од селото Будаково; Беличани (3 к.), доселени се од селото Белица во Кичевско во 1936 година; Чифлигани (1 к.), доселени се 1936 година од Ношпал; Кочовци (1 к.), доселени се од Смилево, Железник; Тренга (1 к.), доселени се 1943 година од Путурус, таму припаѓале на Белевци; Куклата (1 к.), доселени се од Горно Агларци, таму припаѓале на родот Станчевци доселен од Преспа; Илинци (4 к.) и Илинци (5 к.), првите се доселени од селото Големо Илино, а вторите од Мало Илино во 1945/46 година.

Општествени установи

Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поштата во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Дедебалци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Арматуш, Дедебалци, Далбеговци, Горно Агларци, Долно Агларци и Црничани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0214 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 211 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 205 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Дедебалци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Воскресение Христово“
    Археолошки наоѓалишта
  • Лудеј — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Тумба — населба од неолитско време;
  • Градиште — населба и некропола од римско време;
  • Арматуш — населба од доцноантичко време;
  • Широка Падина — населба од доцноантичко време;
  • Шупуро — населба од доцноантичко време; и
  • Ритче — населба од доцноантичко време.
    Цркви

Редовни настани

  • Велигден — селска слава

Личности

    Родени во Дедебалци
  • Грујо Акелов (1883-1905) — македонски револуционер
  • Јован Китанов Наумов — македонски револуционер.

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Головодовци (6 к.) и Волканови (2 к.), кои живеат во Долно Агларци; Чекутковци (2 к.), живеат во Логоварди; Шутаковци (2 к.), живеат во Алинци и Мицевци (4 к.), живеат во Стрежево.

Бројот на иселеници е над 200 лица. Најголем дел заминале во градовите Скопје, Битола и Демир Хисар, но и во прекуокеанските земји и Европа.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Дедебалци Географија и местоположбаДедебалци ИсторијаДедебалци СтопанствоДедебалци НаселениеДедебалци Општествени установиДедебалци Самоуправа и политикаДедебалци Културни и природни знаменитостиДедебалци Редовни настаниДедебалци ЛичностиДедебалци ИселеништвоДедебалци ГалеријаДедебалци НаводиДедебалци ПоврзаноДедебалци Надворешни врскиДедебалциБитолаОпштина МогилаПелагонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Катерина ТаневаСвети Кирил и МетодијЗборник на МиладиновциШтрковиОпштина Шуто ОризариСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваКатица ЌулавковаАлгиЕвропаМитАтрибут во македонскиот јазикРоманијаСложена реченицаМагнетЛазар ЛиченоскиКралот ЛирРевматоиден артритисРадолиштаЗнаме на МакедонијаФотосинтезаКрвен притисокСедум светски чуда на античкиот светМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Омов законМалтаГаличка свадбаБогородичната црква во ПаризАмерикаНационален парк ГаличицаМинистерство за животна средина и просторно планирањеАвтоимуна болестОпштина КратовоДувачки инструментОпштина СтуденичаниСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаКога тргнав ЦветоКорошиштаДрогаПолип на маткатаОксидСрбијаХомерЕрнест ХемингвејДаут-пашин амамМерилендАвстралијаСузан АкбелгеСписок на хемиски елементиЛеонтијФридрих НичеКарлес ПуџдемонБилјана ВанковскаПридавки во македонскиот јазикБалетШизофренијаФК Манчестер СитиЧасовникЕндометриозаКилаТодор АлександровОпштина ВрапчиштеПенис (човек)Список на птици во МакедонијаОхридско ЕзероБратиславаСкопско КалеЛирикаМакедонски парламентарни избори, 2008ДерматитЛевица (политичка партија)Претседател на МакедонијаСрпска кирилична азбукаОсна симетријаЖолчкаСтарословенска азбукаРимаМакедонски парламентарни избори, 2011Нова алтернатива🡆 More