Демир Хисар: град во Општина

Демир Хисар (порано: с.

Мургашево) — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина.

Демир Хисар
град
Демир Хисар is located in Македонија
Демир Хисар
Демир Хисар
Местоположба на Демир Хисар во Македонија
Координати: 41°13′N 21°12′E / 41.217° СГШ; 21.200° ИГД / 41.217; 21.200
ДржаваМакедонија
РегионПелагониски Регион
ОпштинаДемир Хисар
Население (2021)
 • Вкупно2,431
Часовен појасUTC+1
 • Лете (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 047
Рег. таб.DH
Мреж. местоwww.demirhisar.gov.mk

Географија

Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински. Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв Сталев Камен со висина од 2.000 м., коишто ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област.

Потекло на поимот

Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава и како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.

Историја

Во почетокот на XVII век, во Битолско постои христијанското село Мургаш. Во судскиот регистар на битолскиот кадија од 1640 година се споменува, дека поради прекумерно зголемување на арачот и другите вообичаени немуслимански даноци, целото население на селото, освен еден, „неверникот Дујо“, пребегало. Бидејќи долговите и даноците биле побарани од Дујо (Дуј), тој исто така избегал, а властите се обиделе да го вратат со поедноставуање на некои давачки.

Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено - политичка административна заедница - Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).

Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци и 50 Македонци.

На пописот од 2002 година, градот има 2.593 жители, со што претставува најмалиот град во Македонија. Следува табела на националната структура на населението:

Демир Хисар: Географија, Потекло на поимот, Историја 
Брачна двојка од Демир Хисар, облечени во носија, снимени во ателјето на браќата Манаки, во Битола, 1916 година
Националност Вкупно
Македонци 2 473
Албанци 62
Турци 22
Роми 11
Власи 6
Срби 7
Бошњаци 2
Други 10

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Демир Хисар има 2.431 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 2.281
Албанци 39
Турци 1
Роми 16
Власи 9
Срби 5
Бошњаци 0
Други 80

Следува табела на национална припадност на Демир Хисар во пописите 1948-2021:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 543
1953 449 27 412 1 3 10 902
1961 1.047 39 24 5 14 1.129
1971 1.731 30 34 4 17 12 1.828
1981 2.154 75 19 17 1 14 12 2.283
1991 2.097 13 6 1 3 4 7 2.131
1994 2.336 9 4 2 1 95 2.447
2002 2.473 62 22 11 6 7 2 10 2.593
2021 2.281 39 1 16 9 5 0 11 69 2.431

Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители, а во 1981 година имало 2283. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар.

Панорамски поглед на Демир Хисар, погледнат од ридот Градиште над селото Граиште
Демир Хисар: Географија, Потекло на поимот, Историја 
Старата џамија во некогашното Мургашево

Администрација и политика

Избирачко место

Во градот постојат избирачките места бр. 623, 623/1 и 624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.904 гласачи.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Демир Хисар ГеографијаДемир Хисар Потекло на поимотДемир Хисар ИсторијаДемир Хисар НаселениеДемир Хисар Администрација и политикаДемир Хисар ПоврзаноДемир Хисар НаводиДемир Хисар Надворешни врскиДемир ХисарГрадМакедонијаОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Искра ГешоскаПтициЉупчо ЈордановскиСедум смртни гревовиЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоПрекршување (физика)КирилицаАлександар КирацовскиРадмила ШекеринскаОпштина КавадарциАнтоан де Сент ЕгзипериВикипедијаХераклеја ЛинкестисФК Реал МадридСловенијаЛетоБубрегПетар Поп АрсовВиолинаБубрежна слабостОпштина ПласницаОпштина ШтипКаролина Ристова - АстерудСписок на Влади на МакедонијаДијалекти на македонскиот јазикЦрнила (драма)РимаСителЛазар МојсовШизофренијаБолести и аномалии на очитеМакедонијаСтојан АндовЗвездана АнгеловскаЖолчкаДен на планетата ЗемјаГрегоријански календарВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСтрофаНикола ГруевскиЉубчо ГеоргиевскиИзборна единица 1Македонски парламентарни избори, 1990СинонимУметностАвстралијаГлаголицаЦентар ЖупаГлаголи во македонскиот јазикКаролина ГочеваИзет МеџитиВладимир ПутинБрадикардијаРак на грлоДунавГордана СилјановскаМочуриштеТрансверзала (геометрија)АутизамПридавкаОпштина Кисела ВодаДел-реченицаПрва влада на Зоран ЗаевРајко ЖинзифовПроцентУд (македонски)ЈагодаХристо УзуновРак на усна празнинаТунисХепатитРеферендум во Македонија (1991)ЕндометриозаМакедонски парламентарни избори (1990)Невзат Бејта🡆 More