Граиште: село во Општина Демир Хисар

Граиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Граиште
Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Граиште во рамките на Македонија
Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Граиште
Местоположба на Граиште во Македонија
Граиште на карта
Координати 41°14′14″N 21°13′07″E / 41.23722° СГШ; 21.21861° ИГД / 41.23722; 21.21861
Регион Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Демир Хисар
Област Железник
Население 72 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10010
Надм. вис. 610 м
Слава Св. Леонтиј
Граиште на општинската карта
Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Граиште во рамките на општината
Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Граиште на Ризницата

Потекло на името

Во народот постои верување дека името на селото потекнува од неговата местоположба, поради близината на тумбето Градиште на кое некогаш постоел утврден град.

Географија и местоположба

Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Железник, во средишниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од самиот град Демир Хисар, на оддалеченост од околу 3,5 километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри.

Градиште е рамничарско село со околу дваесетина куќи, градени во поново време. Меѓу нив и стари руинирани градби. Од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 32 километри. Се граничи со селата Сладуево, Журче и Бараково на север, со селото Вардино на исток, со градот Демир Хисар на југ и со селата Белче и Слепче на запад.

Се наоѓа во долината на Црна Река, а во самиот атар на селото се влева реката Обедничица во Црна Река. Крај селото се наоѓа Граиштанскиот манастир.

Историја

Граиште се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 22 христијански семејства, 1 неженет и 3 вдовиди со вкупно 123 жители. Според пописот од 1568 година селото се намалило на 38 жители.

Во XIX век, Граиште било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Градиште

Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Остатоци од ѕидините

Градиште бил град-артерија во југозападниот дел на античка Македонија. Бил сместен на ридот над водите на Црна Река, крај денешното село, на кота 757 м.н.в. Видливо и денес се оцртуваат повеќе тераси - нивоа во облик на концентрични кругови. Тие биле ѕидини, односно одбранбени прстени. Обликот на тврдината е прилагоден на конфигурацијата на теренот. Тврдината има правец СИ-ЈЗ, во должина од 250 м и СЗ-ЈИ во ширина од 70 м.

Во североисточната половина се наоѓа плато (акропол), со трапезеста неправилна форма. Пронајдени се монети со ликовите на Филип II, Александар Македонски и други македонски кралеви. Оваа тврдина имала важна улога и во текот на римското, византиското и самуиловото владеење, како и во времето на средновековните владетели Добромир Хрс и Добромир Стрез. Во изворите покрај името Градиште фигурираат и имињата Браунион, Трипола и Добрун.

Стопанство

Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Полето околу селото

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со 218,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 70,4 хектари, а на шумите 49,9 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Населението се занимава со земјоделство, одгледува градинарски култури, пченка и секако тутун.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948141—    
1953312+121.3%
1961311−0.3%
1971275−11.6%
1981260−5.5%
ГодинаНас.±%
1991206−20.8%
1994164−20.4%
2002145−11.6%
202172−50.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Граиште имало 180 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Граиште имало 200 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Градиште се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 34 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Во 1961 година селото било средно по големина и броело 311 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 164 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 145 жители, сите Македонци.

Според неофицијални податоци, во 2015 година селото броело над 90 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 71 Македонец и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 200 141 312 311 275 260 206 164 145 72

Родови

Граиште е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Доселеници: Радевци (13 к.), доселени се од селото Стругово; Кордановци (8 к.), доселени се од некое село во Кичевско; Дели-Цветковци (5 к.), доселени се од раселеното село Крагуево; Ѓаковци (3 к.), доселени се од селото Сладуево; Јолевци (4 к.), доселени се од селото Бараково; Врцковци (3 к.) и Шоклевци (7 к.), доселени се од селото Утово; Распашновци (2 к.), доселени се од селото Сливово, Дебрца. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 65 г. во 1952 година) Коте-Ристе, кој се доселил и Цветановци (5 к.) и Топузовци (1 к.), доселени однекаде.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Граиште, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0622 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Граиште: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Леонтиј“
    Археолошки наоѓалишта
  • Градиште — градиште од раноантичко и доцноантичко време;
  • Превалец — некропола од доцноантичко време;
  • Св. Петка — црква од средниот век; и
  • Црквиште — црква од старохристијанско време.
    Цркви
    Манастири

Редовни настани

    Слави
  • Св. Леонтиј (1 јули) — селска слава

Иселеништво

Постари иселеници до 1952 година имало во Србија (1 семејство), Битола (1 семејство) и во Гостивар (1 семејство).

Потоа продолжило иселеништвото и од Граиште има иселеници во градовите Битола, Демир Хисар и Скопје, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Граиште Потекло на иметоГраиште Географија и местоположбаГраиште ИсторијаГраиште СтопанствоГраиште НаселениеГраиште Општествени установиГраиште Самоуправа и политикаГраиште Културни и природни знаменитостиГраиште Редовни настаниГраиште ИселеништвоГраиште НаводиГраиште Надворешни врскиГраиштеДемир ХисарЖелезникОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јоаким КрчовскиЗмијаМитко ЧавковМакедонски парламентарни избори, 1994Христо УзуновИзет МеџитиНикола ТодоровСписок на градови во ГерманијаБраиловоИзборна единица 7Волфганг Амадеус МоцартОдбојкаРисКожлеВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаЧернобилска несреќаАутизамДен на независноста на МакедонијаБолести и аномалии на очитеДемократска обнова на МакедонијаПечалбариПетар ГошевОпштина ДојранМакедонски претседателски избори (2004)Список на повикувачки броеви на земјитеРамиз МеркоВладимир ПутинОбединето КралствоМакедонски претседателски избори, 2019ИстанбулМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаВили БрантПетар Поп АрсовДаунов синдромСтаромакедонски јазикСЦ „Јане Сандански“ - СкопјеМРСАОпштина КичевоСкопјеСписок на држави во светотРак на грло на маткаБилјана ВанковскаБели мугриВанчо МихајловГеографија на ГрцијаСузан АкбелгеФилипиниСолунска ГлаваПертусисТеодосиј СинаитскиБерлинТуберкулозаЛиберална партија (Македонија)Општина СтуденичаниЦирозаЛеќаТабла (игра)Човечко телоТоше ПроескиОтоманска МакедонијаГрцијаБременостЈосип Броз-ТитоПиреј (роман)Свети ГеоргиГлас од МакедонијаТумор на мозокЛасерАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСедум (филм)Ванчо ШехтанскиТоме АрсовскиКалендар на Велигденски датумиСашо МијалковСашо ОрдановскиМиле ЗечевиќСрбија🡆 More