Сливово: село во Општина Дебрца

Сливово — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во близина на патот Кичево - Охрид.

Сливово
Сливово во рамките на Македонија
Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Сливово
Местоположба на Сливово во Македонија
Сливово на карта
Координати 41°24′20″N 20°50′42″E / 41.40556° СГШ; 20.84500° ИГД / 41.40556; 20.84500
Регион Дебрца
Општина Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Дебрца
Население 5 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6346
Шифра на КО 19043
Надм. вис. 1.084 м
Сливово на општинската карта
Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Сливово во рамките на општината

Потекло на името

Во околината на селото имало многу сливи, и отука дошло името на селото Сливово, или Сливоо, по месниот дијалект.

Географија и местоположба

Селото Сливово се наоѓа во областа Дебрца, на северозападните падини на Илинска Планина. Оддалечено е 30 километри јужно од Кичево и 37 километри северно од Охрид. Атарот на селото Сливово граничи со атарите на следните села: од западната страна со селата Врбјани и Годивје, од северната страна со селата Малкоец и Јудово, од источната страна со селото Турје, и од јужната страна со селата Мраморец и Арбиново.

Месностите во атарот на селото се следните, во шумскиот дел на селото: Капалиште, Храсјен, Турјанска чешма, Попој нивје, Ќосарица, Голак, Спаси камен, Калуѓерец, Мачерник, Фурна, Али чука, Папрадиште, Црни врв, Топачери, Мајчи круша, Преспол, Милошев рид и Кочерид.

Во деловите каде има обработена земја се месностите: Попоа водејнца, Лениште, Клодорама, Св. Никола, Странка, Брце ( горно и долно), Гола глава, Лагон, Турски кладенец, Длага, Слогојне, Трапишта, Бел пат, Кошари пелиор, Врчало, Камен, Печи Змија, Гуска и Осоји.

Куќите во селото се од збиен тип и има три маала: Горно, Долно и Средно маало.

Историја

Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Спомен дом на Првата македонско-косовска бригада

Селото за првпат се спомнува во пописниот дефтер од 1582 година, кога припаѓа на Охридскиот санџак, нахија Дебрца. За претходна локација на селото се спомнува дека била во месноста Св. Никола, која лежела југозападно од денешната положба на селото, но поради турските разбојници, селото најпрво се поместило во месноста Јакоски куќи. Таму, Сливово се наоѓало околу 1800-та. Но, поради разбојниците, и од таму се поместило, па селото било преместено на денешната местоположба.

Во текот на своето бурно минато, селото било двапати палено до темел. Во текот на Илинденското востание во селото се запалени 70 куќи, 93 кошари и плевни, една воденица, една црква и едно училиште.

Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци).

На 11 септември 1944 година, во Сливово била формирана Првата македонско-косовска ударна бригада.

Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Спомен-плоча за Првата македонско-косовска бригада

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948489—    
1953463−5.3%
1961332−28.3%
1971194−41.6%
198170−63.9%
ГодинаНас.±%
199135−50.0%
199424−31.4%
200216−33.3%
20215−68.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сливово имало 400 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сливово имало 480 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливово е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 52 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Сливово живеат 16 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 480 489 463 332 194 70 35 24 16 5

Родови

Сливово е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Сливово се:

  • Староседелци: Митрушковци (10 куќи) живеат во Горно Маало, слават Варвара и Преображение; Ѓурковци (10 куќи) живеат во своето маало, слават Варвара и Преображение, помеѓу нив има некој Мијак, посинет од Галичник од Ѓиновци; Вељановци или Прензовци (6 куќи) живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Распоповци (11 куќи) живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Смилевци (11 куќи) и Богдановци (4 куќи) се еден род, живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Шопаковци или Аврамовци (8 куќи) живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение; Чалевци со Димчевци и Андревци, и Белчевци (10 куќи) се еден род, и живеат во свое маало, слават Варвара и Преображение.
  • Со непознато потекло се: Димчевци (4 куќи) и Симоновци (9 куќи) се два посебни рода, некои за нив велат дека се староседелци и далечни деленици од некои од староседелските родови, живеат во свои краеви во селото и двата рода слават Варвара и Преображение.

Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1979 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Биљановци (5 к.) и Смилевци (4 к.).
  • Доселеници: Дуртановци (6 к.) доселени се поради убиство од некое село во околината на Гостивар. Од Гостиварско тргнале тројца браќа Џемуш, Чале и Камбер, првите двајца се населиле во Сливово додека Камбер се населил во Лактиње, од него таму се Камберовци (4 к.), еден предок подоцна од Дуртановци се населил во селото Тајмиште, каде го основал родот Ѓоршовци. Во Дуртановци го знаат следното родословие: Цветан (жив на 73 г. во 1979 година) Стојан-Јован-Симон-Дуртан-Џемуш, по предокот Дуртан го носат името Дуртановци; Распоповци (2 к.) не го знаат местото од каде се доселиле. Во овој род бил свештеникот Трајан на кого му умрела жената и за да може повторно да се ожени тој се распопил; Белчевци (3 к.) се доселени од сега веќе раселеното село Белче кое постоело во атарот на селото Мраморец.

Самоуправа и политика

Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќа во Сливово

Селото влегува во рамките на Општина Дебрца, која се создала во 2004, по спојувањето на поранешните општини Белчишта и Мешеишта. Во периодот 1996-2004 селото влегувало во рамките на Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 од 1996, селото било во рамките на големата Општина Охрид.

Во периодот од 1952-1955 селото било главно седиште на Општина Сливово. Во Општина Сливово, покрај селото Сливово, влегувале и селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец и Турје. Во периодот 1950-1952 селото било седиште на Општина Сливово, во која покрај село Сливово припаѓале и селата Арбиново, Мраморец и Турје.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 1328 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште с. Сливово.

На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.

Религија и култура

Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Црква Св. Варвара во селото Сливово
    Цркви
  • Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква;
  • Црква „Св. Никола“;
  • Црква „Св. Варвара“ - најновата селска црква. Камен темелник удрен на 26 јули 2015 година;
Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Влезот на црквата Св. Варвара во Сливово
    Археолошки наоѓалишта
Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Споменик на загинатите борци од Илинденското востание и од НОБ (1953)
Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Мурал на споменикот на паднатати борци во Сливово
Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Мурал на споменикот на паднатати борци во Сливово

Личности

  • Мино Димитров - македонски револуционер.
  • Наум Илиовски - македонски револуционер.
  • Трајко Вељаноски (р. 2 ноември 1962) - македонски политичар, претседател на Собранието на Македонија;
  • Мице Јанкуловски (р јуни 1954) - макеоднски сликар и карикатурист;
  • Цветко Смилевски (р. 1947) - македонски универзитетски професот и публицист;
  • Милан Ванковски (р.1939) - познат и признат дипломиран правник во општините Охрид и Дебрца ;
  • Јон Милошов Белчески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Божин Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Димче Димчески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Гаврил Филипов Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Оноврија Петков Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Софко Стојков Ѓуркоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Трајче Георгиев — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Менка Димкова Милошеска — македонска револуционерка од ВМОРО.
  • Трајче Ристов Налкоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Сиљан Јованов Стојкоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Алексо Трајкоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Мицко Јаќимов Гуркоски (Ѓуркоски) — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ставре Софиов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Руменче Наумоски — македонски партизан.
  • Каранфил Дамјаноски — македонски партизан и поранешен член на ВМОРО, учесник во НОБ и Илинденското востание.

Иселеништво

Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Пример на селска архитектура во Сливово

Во селото Миокази е родот Ќосевци (4 к.). Родовите Тасевци (2 к.) и Маљуковци (1 к.) се отселени во Тајмиште. Во селото Десово се отселени родовите Мицковци (1 к.) и Петковци (2 к.), првите доселени таму 1923 година, а вторите 1925 година. Во селото Дупјачани е родот Сливовци (2 к.) доселен таму 1926 година. Во селото Врбјани е родот Дошлаковци (7 к.), таму отселени 1850 година. Во Ново Село е родот Прензовци, во Ново Село се населиле средината на XIX век. Во селото Велмеј е истоимен род и во Слатински Чифлик е родот Србиновци (1 к.) отселен таму 1922 година. Во текот на XIX век иселеници имало во демирхисарското село Граиште (Распашновци), а кои свои иселеници имале во селото Загориче (Лачовци). Помеѓу двете светски војни околу 20 семејства од селото се иселиле во Бугарија, а по неколку и во САД, Аргентина и Србија (Белград).

После Втората светска војна населението почнува да се иселува во Охрид (50 к.), Скопје (30 к.), Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Војводина (во селото Глогоњ) и во Австралија. Во Љубојно се отселени Јовановци во 1950-тите.

Сливово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќа во селото Сливово

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Сливово Потекло на иметоСливово Географија и местоположбаСливово ИсторијаСливово НаселениеСливово Самоуправа и политикаСливово Религија и култураСливово ЛичностиСливово ИселеништвоСливово ПоврзаноСливово НаводиСливово Надворешни врскиСливовоДебрцаКичевоОпштина ДебрцаОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Црнила (драма)ОпитСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровЖабаИталијаПраисторијаПетар ПанОрхан (книга)Дишен системХепатит ЦВија ЕгнацијаТутунРамазанМухамедТодор АлександровМакедонски претседателски избори (2019)БратиславаОпштина Гази БабаОтоманско ЦарствоСрцева слабостТешкото (песна)Општина ДојранЧасовникБолести и аномалии на очитеМоравска мисијаГоран БреговиќСлуз-цедење во грлотоКавадарциДемократијаХананКочо РацинЛимфомПретседател на МакедонијаКристофер КолумбоЦрн дробРепродуктивен системДропкаСписок на културно наследство на МакедонијаОпштина БогданциЗанаетБедија БеговскаМекотелиРогачКлеопатраНародна Република КинаВасил ИљоскиСписок на македонски народни и староградски песниАдам и ЕваЧернобилска несреќаАлгиАбортусМустафа IАртритисМитКонстантин МиладиновШар ПланинаКоле АнгеловскиПетре М. АндреевскиЗемјотресОпштина ВаландовоЕлектронска цевкаИзет МеџитиТокиоБроеви во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 2006Старогрчка митологијаМаксим ДимитриевскиЛокални избори во Македонија (2021)ЕрусалимСистем за варењеЃорче ПетровАВНОЈАвстралијаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаДемократска партија на Турците на МакедонијаВагинален исцедокОсновен приходГлигор Поповски🡆 More