Тајмиште: село во Општина Кичево

Тајмиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Куќи во Тајмиште зиме
Тајмиште
Тајмиште во рамките на Македонија
Тајмиште: Географија и местоположба, Историја, Население
Тајмиште
Местоположба на Тајмиште во Македонија
Тајмиште на карта
Координати 41°38′24″N 20°51′30″E / 41.64000° СГШ; 20.85833° ИГД / 41.64000; 20.85833
Општина Тајмиште: Географија и местоположба, Историја, Население Кичево
Население 59 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 12072
Надм. вис. 1038 м
Тајмиште на општинската карта
Тајмиште: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Тајмиште во рамките на општината
Тајмиште: Географија и местоположба, Историја, Население Тајмиште на Ризницата
Тајмиште: Географија и местоположба, Историја, Население
Црквата „Св. Петка“
Тајмиште: Географија и местоположба, Историја, Население
Рудникот за железна руда Тајмиште

Географија и местоположба

Тајмиште е планинско село, сместено во крајниот северозападен дел на Кичевската котлина, на тромеѓето помеѓу кичевскиот, гостиварскиот и мавровскиот крај. Селото се наоѓа во подножјето на планината Бистра, на само 4 км од автопатот Скопје - Охрид, помеѓу Кичево и Гостивар. Од градот Кичево е оддалечено 22 км, а од Гостивар 27 км. Распослано е на левата страна од Тајмишка Река на планинска падина свртена кон југоисток.

Историја

На атарот на селото Тајмиште се забележани старини и остатоци од градби од различни историски периоди. На возвишението Градиште, како и во месности (Лешов Тор) западно од селото се забележани остатоци од ѕидини градени со вар и камен, како и рударски окна, алати, остатоци од стар пат денес обраснат во шума, селишпта и темели од куќи, за кои населението верувало дека се од друг народ. Под името Тајмиште селото се сретнува во XV век, односно во турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога во него биле забележани 69 македонски христијански куќи.

Во XIX век селото Тајмиште е дел од Гостиварската нахија, на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948439—    
1953459+4.6%
1961359−21.8%
1971325−9.5%
1981274−15.7%
ГодинаНас.±%
1991149−45.6%
1994137−8.1%
2002107−21.9%
202159−44.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тајмиште живееле 580 жители, сите Македонци. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Тајмиште имало 640 Македонци, патријаршисти.

Според рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година селото имало 83 куќи и 364 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Тајмиште живеат 107 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 53 Македонци и 6 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 580 640 439 459 359 325 274 149 137 107 59

Родови

Тајмиште е православно македонско село. Населението од селата Тајмиште, Мидинци, Букојчани во Кичево се познати под името Шопки или Шопови поради различниот дијалект и колоритноста на нивната носија кои се разликуваат од оние на останатите кичевски села. Населението во Тајмиште, изворно, нема никакви корени од Шопите. Говорот во село Тајмиште е идентичен со оној на мијачкиот и мавровскиот дијалект, додека колоритната носија спаѓа во редот на носиите од западна Македонија, односно носиите од Мавровско поле и областа Горна река. Во Тајмиште родовите можат да се поделат на староседелци, доселеници од познато потекло и доселеници со непознато потекло.

Родови во селото се:

  • Староседелски: Бојовци (4к.), Шумковци (4 к.), Шумковци (3 к.), Млачевци (3 к.) и Андоновци (4к.) се староседелски родови, кои живееле во Старо Тајмиште;
  • Доселенички со непознато потекло: Новевци (2 к.), Дејовци (1 к.), Митревци (1 к.), Игневци (2 к.), Вељановци (3 к.), Даиловци (3 к.), Исајловци (2 к.), Костовци (2 к.), Милутиновци (3 к.), Игњевци (4 к.), Сатировци (1 к.), Поповци (3 к.), Ѓоневци (1 к.), Давитковци (1 к.), Филиповци (2 к.), Поповци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Мицовци (3 к.).
  • Доселенички со познато потекло: Мицовци (2 к.), доселени се од соседното сега торбешко село Бачишта, основачи на родот биле Мицо и Јован, како браќа пребегнале во Тајмиште од Торбешите, го знаат следното родословие: Варе (жив на 60 г. во 1961 година) Никола-Мицо кој се доселил како дете; Тасевци (1 к.) и Маљуковци (2 к.) доселени се од дебрчкото село Сливово; Пејовци (1 к.), доселени се од мијачкото село Могорче; Ристевци (2 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај;

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Филиповци (2 к.), Јанчевци или Потевци (3 к.), Ристевци (4 к.), Стојановци (1 к.), Андоновци (4 к.), Шумковци (3 к.), Мицовци (1 к.), Бибовци (2 к.), Секуловци (3 к.), Бојовци (5 к.), Степановци (2 к.), Шумковци (7 к.), Грубановци (1 к.), Бојовци (7 к.), Вељановци (7 к.), Митревци (3 к.), Симјановци (3 к.), Симуновци (1 к.), Пејовци (2 к.), Ѓоргевци (1 к.), Соколовци (2 к.), Даиловци (3 к.) и Мицовци (3 к.) сите се староседелци; Илковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Бачишта.

Општествени установи

    Цркви
  • Црква „Свети апостоли Петар и Павле“ - изградена во 1861 година, целосно изгорена во пожар во 1921 година, па повторно обновена и преосветена во 1928 година. Иконостасот и фреските се дело на Данило Нестороски - Фрчкоски од Галичник, изработени во 1928 година.
  • Црква „Преподобна Параскева“ - постара црква која е обновена во 1975/76 година, кога е изработен и фрескоживописот од страна на зографот Кузман Фрчкоски. Осветена е една година пред тоа, во 1974 година.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 820 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 71 гласач.

Стопанство

Во непосредна близина на селото Тајмиште се наоѓа рудникот за железна руда „Тајмиште“, од кој неколку погони денес се користат за производство на здрава храна. Населението најчесто се занимава со сточарство и пчеларство и со собирање на печурки на падините на Бистра. Во близина на селото се наоѓа и планинарскиот дом Тајмиште.

Редовни настани

Селска слава во Тајмиште е Петровден, кој се празнува на 12 јули. Покрај тоа, во селото се празнуваат и Водици, Велигден и останатите поголеми празници.

Личности

Личности родени во Тајмиште:

Иселеништво

Во 1921 година во селото имало 120 куќи. Но од тогаш оно константно почнало да се намалува. Највише иселеници дало после Втората светска војна. Највише иселеници од Тајмиште има во Белград, каде се иселиле околу 55 семејства. По нешто иселеници има и во Кичево, Гостивар и Скопје. Родовите Поповци и Сенковци се иселиле во селата Железна Река и Митрој Крсти.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Тајмиште Географија и местоположбаТајмиште ИсторијаТајмиште НаселениеТајмиште Општествени установиТајмиште Самоуправа и политикаТајмиште СтопанствоТајмиште Редовни настаниТајмиште ЛичностиТајмиште ИселеништвоТајмиште ПоврзаноТајмиште НаводиТајмиште Надворешни врскиТајмиштеКичевоОпштина Кичево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕлектрицитетПиту ГулиМакедонски народни песниОпштина ЛипковоРусијаСписок на политички партии во МакедонијаЕлена ЗагорскајаЧасовен појасТешкотоМитологијаПтициМакедонски парламентарни избори (2016)Нова алтернатива‘Рбетен столбИзбори во МакедонијаКочаниОпштина ПрилепДесница (политика)КлеткаОпштина ДебарСлаткаристикаАДХДЛокални избори во Македонија (2017)ИлузијаСвети Кирил и МетодијМјузиклСмртна казнаЕкологијаПанкреасЗнаме на МакедонијаНикола ТеслаКипарМечкин КаменЧовечки папиломен вирусЈордан Хаџи Константинов-ЏинотДелогождиИсторија на БугаријаАмерикаБугаријаТитаниИсторија на христијанствотоGmailОксидМагнетна резонанцијаДржавни празници во МакедонијаМесопотамијаСтрујно колоРакометБалканска приказна (ТВ-серија)РенесансаПодгорциВојскаОпштина КумановоЦрни и жолтиФилип РикерФизикаСтарецот и моретоДемографија на МакедонијаМоливРак (болест)ЦијанобактерииБаснаМорфологија на македонскиот јазикДабСеверна АмерикаМакедонски јазикМултипла склерозаМајка ТерезаПертусисХормонМакедонци-муслиманиПченкаЛозје (книга)СврзникМакедонска азбукаАјдучка треваКалеш АнѓаДевојка со бисерна обетка🡆 More