Букојчани: село во Општина Кичево

Букојчани — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.

Букојчани
Букојчани во рамките на Македонија
Букојчани: Географија и местоположба, Историја, Население
Букојчани
Местоположба на Букојчани во Македонија
Букојчани на карта
Координати 41°37′31″N 20°57′33″E / 41.62528° СГШ; 20.95917° ИГД / 41.62528; 20.95917
Општина Букојчани: Географија и местоположба, Историја, Население Кичево
Население 25 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 12008
Надм. вис. 810 м
Букојчани на општинската карта
Букојчани: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Букојчани во рамките на општината
Букојчани: Географија и местоположба, Историја, Население Букојчани на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во регионот Горно Кичево во подножјето на планината Буковик, оддалечено 14 километри северно од Кичево.

Историја

Според османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948162—    
1953185+14.2%
1961213+15.1%
1971210−1.4%
1981168−20.0%
ГодинаНас.±%
199155−67.3%
199496+74.5%
200297+1.0%
202125−74.2%

Во 1873 година било забележано дека во селото има 8 домаќинства и 29 жители.

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на XIX век селото било мало и во 1900 г. имало 180 жители христијани (Македонци). Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 240 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Букојчани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Според податоците од 2002 година, во селото има 97 жители, од кои: 23 Македонци и 74 Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 8 Македонци, 14 Албанци и 3 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 162
1953 165 19 1 185
1961 185 28 213
1971 180 30 210
1981 129 36 3 168
1991 55 55
1994 47 49 96
2002 23 74 97
2021 8 14 3 25

Родови

Букојчани е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелски: Вељановци (9 к.), Ридовци или Радичевци (3 к.), Сибиновци (3 к.), Марковци (1 к.), Наумовци (4 к.) и Вујовци (3 к.)
  • Доселенички: Шендевци (4 к.) и Стојановци (3 к.) доселени се од Белица во Копачка.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:

  • Староседелски: Лазевци (5 к.) и Мијајловци (4 к.)
  • Доселенички: Стојановци (2 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Радичовци (1 к.) доселени се однекаде.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 823 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
  • Црква „Св. Никола“ - изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Галичник, работен во периодот од 1976 - 1978 година.

Личности

  • Бранко Наумоски (1951 - ) - македонски правник, омбудсман и уставен судија;
  • Војо Стојановски (1949 - 2014) - македонски пејач;
  • Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк пејач;
  • Билјан Стојановски - македонски фолк пејач;

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Букојчани Географија и местоположбаБукојчани ИсторијаБукојчани НаселениеБукојчани Самоуправа и политикаБукојчани Културни и природни знаменитостиБукојчани ЛичностиБукојчани ПоврзаноБукојчани НаводиБукојчани Надворешни врскиБукојчаниКичевијаКичевоОпштина Кичево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГлаголицаДијана (принцеза од Велс)ПрилепФилип II МакедонскиРак на панкреасотСрбијаЛарингитисЖил Верн27 мартСедум светски чуда на античкиот светЧовечки папиломен вирусРасејувањеСипанициРепублика КосовоДрогаТурцијаСтрофаОпштина КончеРогачШтрковиГолеми и мали (роман)ИменкаЛалеБитолаЈосиф СталинМакедонски парламентарни избори, 2014ТранспирацијаМечкин КаменГлаголСкопско КалеЛидија ДимковскаХипертензијаМомче во пижами со риги (филм)СкопјеСолунски атентатиЛозје (книга)Македонска радио-телевизијаКокошкаЗемји членки на Европската УнијаМакедонски ораДен на независноста на МакедонијаЃурѓовденКалеш АнѓаХрватски месециХидроксидСписок на македонски народни и староградски песниТаџикистанДен на востанието на МакедонијаАлан Маркес ЛоуреироОпштина Кисела ВодаАрмија на МакедонијаСтрујно колоОпштина БогданциВоен конфликт во Македонија (2001)Свети Кирил и МетодијХипотензијаВевчаниАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЗанаетПодгорциСеверна АмерикаСамоилово ЦарствоДора БакојаниЛимфоцитМолскавициСтарословенска азбукаПеш по светотЕнтерококиКралство ЈугославијаЕрусалимХипотироидизамМаричка биткаНатриум хидроксидСтар векПравоаголникСрцева слабостОпштина Карпош🡆 More