Глас Од Македонија

„Глас од Македонија“ — песна на Коле Неделковски, дел од неговата збирка „Пеш по светот“, објавена во Софија во 1941 година.

Се смета дека таа е една од последните песни на Неделковски (заедно со „1941“), напишана меѓу април и август 1941 година. Таа се вбројува меѓу најпознатите патриотско-револуционерни песни во македонската литература.

Глас од Македонија
АвторКоле Неделковски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанрпесна
Издадена
1941
Глас Од Македонија
Коле Неделковки


Глас од Македонија

О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба —
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости –
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д’издигне славно свој род без врева.

Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј — на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

Осврт кон песната

„Глас од Македонија“ претставува поетски глас за неразбраното македонско минато и за македонската вистина. Иако писмената активност на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни била многу намалена, сепак веќе во 1930-те години, повторно заживувало пишувањето на македонски јазик во Бугарија и во Југославија, и покрај тоа што можностите за објавување на текстови на македонски јазик биле многу ограничени. Во Бугарија, македонскиот јазик бил забранет за официјална употреба, а асимилаторската политика на Бугарија имала за цел да го уништи македонскиот национален идентитет. Во тој период, македонскиот културен живот во Бугарија доаѓал до израз преку активноста на македонската имиграција во Софија, организирана преку Македонскиот литературен кружок. Како позначајните книжевни појави од овој период се издвојиле поетските збирки на Коле Неделковски, „Молскавици“ (М'скавици, 1939) - (1940) и „Пеш по светот“ (1941).

Познатиот македонски композитор Горан Трајкоски, (члена на музичките групи Анастасија и Мизар), компонирал музика врз основа на текстот на оваа песна со која настапувал низ бројни светски музички центри.

Анализа на песната

Според Димитар Митрев, во оваа песна, јасно и недвосмислено е истакнат единствениот пат низ кој Македонците ќе станат господари на својата судбина и во тој поглед, песната претставува еден вид химна на новите борбени походи. Огорчен од божемните „ослободители“ на Македонија, поетот извикува: „О трајте, трајте, тирнаи недни! / Доста се тија лаги и злоба / пакосен глас од устите гадни / над мојот народ у секоја доба.“ Притоа, песната зрачи со оптимизам, зашто поетот е убеден во борбата против окупаторот македонскиот народ ќе извојува национално и социјално ослободување: „со своја волја, судба и сева / в живот еднаш сам да се теши / д' издигне славно свој род без врева.“ Верата на поетот во тој ден е силна, а тогаш, тој пак ќе биде со својата земја при што средбата со ослободена татковина.

Наводи

Tags:

Глас Од Македонија Глас од МакедонијаГлас Од Македонија Осврт кон песнатаГлас Од Македонија Анализа на песнатаГлас Од Македонија НаводиГлас Од Македонија1941 (Коле Неделковски)Коле НеделковскиПеш по светотСофија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Шармери од осмоАцо ШоповПетар Поп АрсовСтрујно колоБугарска пропаганда во МакедонијаБекир ХалимиЕволуција на човекотОхридМакедонски парламентарни избори (2002)Пиринска МакедонијаЛевица (политичка партија)Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаНационализамВелигденски јајцаУнгаријаЈапонијаГерманијаВештачка интелигенцијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХристо УзуновВоен конфликт во Македонија (2001)Демократска обнова на МакедонијаНикола КљусевШизофренијаБигорски манастирВиножитоДоксициклинДен на независноста на МакедонијаОпштина Маврово и РостушеСаво КлимовскиОпштина КарпошЛокални избори во Македонија (2017)РециклирањеПолитика на МакедонијаПрва влада на Зоран ЗаевМонокотиледониВасил ИљоскиТелефонДаниел ДефоМакедонска радио-телевизијаЏо БајденАли АхметиМакедонциТапаниСтево ЦрвенковскиРевизор (комедија)БајрамТеута АрифиСтефан БогоевКронова болестХемороидВевчаниПрва влада на Никола ГруевскиТристан и ИзолдаОтоманска МакедонијаЛевица (политика)Српска пропаганда во МакедонијаМаја ИвановаЗијадин СелаГолемата вода (роман)ДемократијаМакедонски јазикОпштина НовациКрешник БектешиПопулизамГолеми и мали (роман)Изборна единица 8Втора влада на Никола ГруевскиМакедонски денарЉубиша ГеоргиевскиОхридски топчест сунѓерОхридско ЕзероБРИКСВладо МисајловскиАрбен ЏафериЛиберално-демократска партијаЉубчо Георгиевски🡆 More