Вардино: село во Општина Демир Хисар

Вардино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Вардино
Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Вардино во рамките на Македонија
Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Вардино
Местоположба на Вардино во Македонија
Вардино на карта
Координати 41°14′08″N 21°14′33″E / 41.23556° СГШ; 21.24250° ИГД / 41.23556; 21.24250
Регион Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Демир Хисар
Област Железник
Население 198 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10007
Надм. вис. 796 м
Слава Св. Никола Летен
Вардино на општинската карта
Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Вардино во рамките на општината
Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Вардино на Ризницата

Потекло на името

Се претпоставува дека името на селото доаѓа од првиот доселеник Словен во ова место по име Вардин.

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Железник, во крајниот источен дел на територијата на Општина Демир Хисар, во долината на Црна Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено околу четири километри.

Вардино е развиено рамничарско село, чие поле се протега по должината на Црна Река. Од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 25 километри. Се граничи со Бараково, Единаковци и Света на север, со селото Древеник (Општина Битола) на исток, со селото Суводол на југ и со селото Граиште на запад.

Селото добило електрична енергија во 1958 година, водовод бил направен во 1988 година, а истата година бил завршен и асфалтниот пат до селото.

Историја

Вардино се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 33 христијански семејства, 2 неженети и 2 вдовиди со вкупно 179 жители. Жителите плаќале 13.244 акчиња годишно данок. Според пописот од 1568 година селото се намалило на 121 жител.

Во XIX век, Вардино било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат шумите со 385,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 234,8 хектари, а на пасиштата 227,7 хектари.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Населението се занимава со одгледување на тутун, пченка, пченица, градинарство, а исто така чуваат овци, крави и живина.

Денес, во селото работи пржилницата „Пела“ за кафе, како и други зрнести растенија, која има 10 вработени. Воедно, има две продавници.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948802—    
1953692−13.7%
1961543−21.5%
1971492−9.4%
1981419−14.8%
ГодинаНас.±%
1991333−20.5%
1994327−1.8%
2002266−18.7%
2021198−25.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вардино живееле 200 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вардино имало 288 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вардино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 543 жители, додека во 1994 година 327 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.

Според неофицијални податоци, во 2015 година селото броело 250 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 170 Македонци, 1 останат и 27 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 288 802 692 543 492 419 333 327 266 198

Родови

Вардино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Грујовци со Рибаровци (10 к.); Матевци со Нечаковци (4 к.); Анчевци (1 к.), стари деленици со Грујовци и Рибаровци; Пупулковци (2 к.), стари деленици со Грујовци, Рибаровци и Анчевци; Здравевци (2 к.); Шоклевци (4 к.); Велковчевци (1 к.), најстар род во селото; Димовци (1 к.); Гајдоровци (2 к.); Тренчевци (4 к.); Сариовци (31 к.); Ѓуровци (3 к.); Мицевци (2 к.); Крчановци (8 к.) и Јанкуловци (4 к.).
  • Доселеници: Томевци (2 к.), доселени се од селото Перово во Преспа. Го знаат следното родословие: Ристе (жив на 80 г. во 1952 година) Крсте-Томе, кој се доселил во селото; Солевци и Насевци (9 к.), доселени се од некое село Битинци кај Корча во Албанија; Шундовци (4 к.), доселени се околу 1847 година од селото Перово во Преспа. Го знаат следното родословие: Митре (жив на 75 г. во 1952 година) Карафил-Иван, кој се доселил; Златановци (1 к.), доселени се од селото Вирово.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Вардино, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0621 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 187 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Вардино: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Манастирската црква „Св. Константин и Елена“ во Вардино
    Археолошки наоѓалишта
  • Плоча — некропола од доцноантичко време; и
  • Горна Црква — населба, црква и некропола од средниот век.
    Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и
  • Црква „Св. Константин и Елена“ — главна манастирска црква.
    Манастири
  • Вардински манастир

Редовни настани

    Слави
  • Свети Никола Летен (2 јуни) — селска слава

Личности

    Родени во Вардино
  • Тодор Ристов Грујовски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Петре Јошев Дуновски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Митра Котева Ангелевска — македонска револуционерка од ВМОРО.
  • Ангеле Мицев Ангелевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Стојан Јованов Брајановски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Петре Кузманов Ристевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Митре Карафилов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Борис Јолевски — македонски партизан.

Култура и спорт

Иселеништво

До 1952 година иселеници имало малку од селото и тоа само во Битола (1 семејство) и во Бугарија (1 семејство).

Помасовно иселување на населението од ова село започнало по 1960 година. Иселеници има во градовите Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид и Велес, а исто така многу се имаат иселено и во битолското село Трновци. Има иселено и во европските и во прекуокеанските држави.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Вардино Потекло на иметоВардино Географија и местоположбаВардино ИсторијаВардино СтопанствоВардино НаселениеВардино Општествени установиВардино Самоуправа и политикаВардино Културни и природни знаменитостиВардино Редовни настаниВардино ЛичностиВардино Култура и спортВардино ИселеништвоВардино НаводиВардино Надворешни врскиВардиноДемир ХисарЖелезникОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПеперугиМали ВлајКорошиштаМухамедХристијанствоСпартаДаниел ДефоБарешаниФилмКоличникВодно растениеИзборна единица 9Општина КончеРоманијаНова алтернативаСолунПланетите во астрологијатаОпштина ЛипковоНационални паркови во МакедонијаКлинесто писмоДевојката со бисерна обетка (филм)ПаралелограмОпштини во МакедонијаАлкалоид (претпријатие)ДраслајцаЗагребМакедонски народни носииЈудаизамЗемја (планета)ПсоријазаЛалеСтрушки вечери на поезијатаЖивотна срединаСтарецот и моретоДаме ГруевДланкаХомерСостојба на материјатаЖелудникПтициИзборна единица 4Историја на христијанствотоГамеланПеш по светотОпштина Шуто ОризариОхридЛимфомПрилепГај Јулиј ЦезарЕтанолГуливеровите патувањаСеверна АмерикаАнтичка МакедонијаСтобиШвајцаријаКумановоТуризамТутунМакедонски парламентарни избори, 2011Македонски парламентарни избори, 2008Николај Римски-КорсаковВиенаЦрвен крст на МакедонијаХороскопски знациКавказПиреј (роман)МјузиклЦијанобактерииИсторијаСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019Список на цркви и манастири на Македонската православна цркваБиполарно растројствоОпштина Кисела ВодаАпозиција во македонскиот јазикПанонски легендиЕвгениј ОнегинИменкаМарко Цепенков🡆 More