Горно Агларци: село во Општина Новаци, Македонија

Горно Агларци — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Горно Агларци
Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото
(во позадина РЕК „Битола“)

Горно Агларци во рамките на Македонија
Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Горно Агларци
Местоположба на Горно Агларци во Македонија
Горно Агларци на карта
Координати 41°5′4″N 21°28′35″E / 41.08444° СГШ; 21.47639° ИГД / 41.08444; 21.47639
Регион Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Новаци
Население 158 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7211
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02028
Надм. вис. 586 м
Слава Павловден
Горно Агларци на општинската карта
Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Горно Агларци во рамките на општината
Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Горно Агларци на Ризницата

Потекло и значење на името

Името на селото се поврзува со фактот дека селото било чифлигарско село, кое го држел некој ага, па затоа околните жители го викале Агларци. Наречено е Горно Агларци, за да се разликува од соседното Долно Агларци, со кое во минатото биле едно село.

Низ годините се сретнувале имињата Лаглар, Агаларце и Агларце. Исто така, турските власти го користеле и името Алиалар.

Географија и местоположба

Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Улици во селото

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Битолското Поле, од левата страна на Црна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е рамничарско, на надморска височина од 590 метри. Низ селото поминува регионалниот пат 2340, кој води за битолско Мариово и се движи низ Пелагонија. Од градот Битола е оддалечено 21 километар. Од општинското средиште Новаци е оддалечено 5 километри.

Горно Агларци е рамничарско и е сместено веднаш до соседното Долно Агларци. Други соседни села се Добромири, Мегленци, Далбеговци и други. Вода за пиење во минатото се обезбедувала од еден стар бунар, иако и самите мештани поседувале бунари со вода, која не била исправна за пиење.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Гладно Поле, Кални Бари, Средни Расје, Тумба, Трнки, Стари Лозја, Песоци, Брененици, Слогои, Бразда, Селиште, Ограѓе и Црква.

Селото има збиен тип, а одредени делови на селото се нарекуваат Горно, Средно, Ѓупско и Биљаничко Маало. Првите три маала се постари, додека четвртата е основана најдоцна.

Историја

Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед во селото со околните обработливи површини

Околу селото се наоѓаат две месности Тумба. Едната е на југозапад покрај реката Црна, додека другата е на југоисток. На првата, денес нива, се наоѓале куќи и биле откривани гробови, темели и ќерамиди. На месноста Селиште во северозападниот дел на атарот нема никакви старини, а не памтат ниту мештаните дека таму имало нешто.

Првпат селото е споменато во турските дефтери од XVI век под името Лаглар, во кое живееле девет турски семејства.

Денешните села, Горно и Долно Агларци, се основани во отоманскиот период. Покрај овие имиња, во тој период се употребувале и други називи за селата. Така, за Горно Агларци се користело името Алиалар, додека за Долно Агларци се користело Имерлер. За делењето на селата се претпоставува дека со делењето на имотите, некои останале понаисток и го создале Горно, додека другите отишле кон запад и го создале Долно Агларци.

Во Горно Агларци најстари се родовите Димовци и Шамковци, додека другите доаѓале по нив. До крајот на отоманскиот период, сите родови работеле на чифлиците.

Стопанство

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 286,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14,7 хектари, додека шумско земјиште нема.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Во селото имало неколку чифлици, кои на самиот крај на турската власт биле во посед на Имер-бег, Рушит-ефенди, Зекман-ага и други, сите од Битола. Додека работеле чифлиците, Македонците биле здружени во куќни задруги (како што биле Слепецовци, Карафиловци, Шамковци и др.). Земјата од чифлиците почнала да се продава по Илинденското востание. Сепак, најголемиот дел од земјата била купена по 1912 година.

Од земјоделството, мештаните најмногу произведуваат тутун, малкумина чуваат добиток, а има и вработени во РЕК „Битола“.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948328—    
1953377+14.9%
1961437+15.9%
1971355−18.8%
1981369+3.9%
ГодинаНас.±%
1991262−29.0%
1994215−17.9%
2002185−14.0%
2021158−14.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Агларци живееле 230 жители, од кои 180 Македонци и 50 Турци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Агларци имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Агларци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Во 1961 година, селото броело 437 жители и било средно по големина, но во 1994 година бројот се намалил на 215 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Агларци живееле 185 жители, сите Македонци.

Во 2019 година по неофицијални податоци во селото живееле околу 200 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 158 жители, од кои 143 Македонци и 15 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 240 328 377 437 355 369 262 215 185 158

Родови

Горно Агларци е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:

  • Доселеници: Димовци (10 к.), доселени се однекаде; Шамковци (14 к.), за нив се вели дека се доселиле од Шам во Турција; Каранфиловци или Клештовци (8 к.), доселени се од селото Клештино во Хисар (веројатно раселено село во околината на Демир Хисар); Слепецовци (6 к.), доселени се од селото Слепче во Железник; Шиндевци (6 к.), доселени се од селото Долно Агларци, таму се доселиле од територијата на денешна Грција; Спасевци (1 к.), доселени се од селото Лажец; Станчевци (1 к.), доселени се од некое село во Преспа; Перковци (4 к.), Романовци (3 к.) и Гуговци (3 к.), доселени се однекаде.

Иселеништво

Од Горно Агларци иселеници има на следните места: Трајковци, Џебовци и Кулевци се иселиле во селото Суводол. Гроздановци во Горно Оризари. Кукла во Дедебалци. Пртеничковци во Средно Егри. Саниковци, Крушковци и Беговци во Новаци. Богдановци, Романовци и Рашковци во Долно Агларци. Од родовите Шамковци, Каранфиловци, Слепецовци, Романовци и Спанчевци има иселеници во Битола. Од Шамковци иселеници има и во Америка.

Бројот на иселеници од селото изнесува над 200 жители. Најмногу се иселени во градовите Битола и Скопје, како и во прекуокеанските земји и Европа.

Општествени установи

Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Горно Агларци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Новаци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Горно Агларци, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врановци, Гнеотино, Грумази, Добромири, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Долно Орехово, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Селото било дел од некогашната општина Дедебалци во периодот 1950-1952, во која влегувале следниве села: Арматуш, Горно Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Долно Агларци и Црничани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0158 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 155 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 151 гласач.

Културни и природни знаменитости

Горно Агларци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Петар и Павле“
    Археолошки наоѓалишта
  • Тумба — населба од неолитско време.
    Цркви

Редовни настани

    Слави

Личности

    Родени во или по потекло од Горно Агларци
  • Павел Георгиев (1890-?) — член на Македонско-одринските доброволни чети

Култура и спорт

Во селото повремено постои фудбалската екипа „Земјоделец“ составена од играчи од селото, кои се натпреваруваат во Битолската општинска лига.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Горно Агларци Потекло и значење на иметоГорно Агларци Географија и местоположбаГорно Агларци ИсторијаГорно Агларци СтопанствоГорно Агларци НаселениеГорно Агларци Општествени установиГорно Агларци Самоуправа и политикаГорно Агларци Културни и природни знаменитостиГорно Агларци Редовни настаниГорно Агларци ЛичностиГорно Агларци Култура и спортГорно Агларци ГалеријаГорно Агларци НаводиГорно Агларци ПоврзаноГорно Агларци Надворешни врскиГорно АгларциБитолаОпштина Новаци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јосиф СталинЛасерВелесМакедонски парламентарни избори, 2008ДелењеТранспирацијаСрцева слабостСтепенување на придавки во македонскиот јазикВодно растениеЗаздравување на ранаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Јоаким КрчовскиМакедонијаАлександар Сергеевич ПушкинЕлектрицитетОпштина Ново СелоОпштина ЧаирОхридКралство ЈугославијаМислешевоТитаниАВНОЈСвети Климент ОхридскиПрочкаЦрна ГораРепублика КосовоРајчицаПавле АрсоскиНационални паркови во МакедонијаЈугославијаРастенијаЊутнови закониГлицеролОпштина КончеРак на желудникДемир ХисарАјдучка треваЕмре БејКокошкаПротестантствоДувачки инструментГлаголБелото ЦиганчеПневмонијаХрватскаНачалник на Генералштабот на АРМХипертензијаПрометејХераклеја ЛинкестисПрекршување (физика)Македонија во Втората светска војнаНовак ЃоковиќМарокоМакедонска радио-телевизијаДржавни празници во МакедонијаГлаголски прирокРибиПланетите во астрологијатаОпштина БогданциАлександар III МакедонскиЃорѓи КолозовПрисовјаниАпозиција во македонскиот јазикЗбунети годиниЧасовен појасПанкреасСолиПрва помошДропкаМакедонски парламентарни избори (2008)Џ. Р. Р. ТолкинСписок на реки во МакедонијаМозокИлијадаВевчаниКопа Америка🡆 More