Битолско Новоселани: село во Општина Могила

Новоселани — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Новоселани
Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Панорама на селото Новоселани од дворот на црквата „Св. Ѓорѓи“

Новоселани во рамките на Македонија
Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Новоселани
Местоположба на Новоселани во Македонија
Новоселани на карта
Координати 41°13′23″N 21°23′36″E / 41.22306° СГШ; 21.39333° ИГД / 41.22306; 21.39333
Регион Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Могила
Област Пелагонија
Население 14 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02084
Надм. вис. 565 м
Слава Ѓурѓовден
Новоселани на општинската карта
Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Новоселани во рамките на општината
Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Новоселани на Ризницата

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато во 1348 година и претставува сложенка од Ново Село и наставката -ани.

Географија и местоположба

Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото од страна на полето

Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот северен дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 26 километри.

Ова мало село се наоѓа помеѓу Прилеп и Битола. Јужно од селото се наоѓа ридот Голем Врв (790 метри), додека на север се пружа алувијалната рамница низ која тече Црна Река. Околни села се Лознани, Тополчани, Тројкрсти и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голем и Мал Врв, Пирадо, Дабје, Пашиница, Стрезојца, Бавчи, Стара Црква и Мртвица.

Селото има збиен тип и одредени куќи се нарекуваат по родовите, како Трајчевци, Пројковци и слично.

Новоселани е оддалечено 17 километри од општинското средиште Могила и 3 километри од селото Лознани. Сместено е на десниот брег на Црна Река. Најблиски соседни села се: Тројкрсти, Чепигово и Тополчани на север и Лознани на југ.

Историја

Селото најпрвин било христијанско македонско село. Потоа, во првата половина на XIX век, тука се населиле Арбанаси муслимани. Во селото тие останале до средината на векот. Тогаш, нив ги фатила некоја болест, некои починале, а други заминале. Атарот на селото потоа бил земен од агалари, кои на тоа место ги населиле предците на денешните македонски родови. Први дошле Србиновци, а веднаш потоа Ноачовци.

Селото не поседува старини, а поранешните гробишта на иселените Арбанаси се наоѓале западно од селото, на чие место денес се наоѓаат ниви.

Во XIX век, Новоселани биле села во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 374 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 80 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948156—    
1953189+21.2%
1961210+11.1%
1971227+8.1%
1981189−16.7%
ГодинаНас.±%
199194−50.3%
199479−16.0%
200250−36.7%
202114−72.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новоселани живееле 100 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Новоселани имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 210 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 79 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Новоселани живееле 50 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 13 Македонци и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 64 156 189 210 227 189 94 79 50 14

Родови

Новоселани е македонско православно село, сите родови се доселени, а селото потекнува од средината на XIX век.

Родови во Новоселани се: Србиновци (2 к.) и Пројковци (6 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде средината на XIX век; Ноачевци (2 к.), доселени се после претходните родови од селото Ивањевци, каде имаат истоимени роднини, се доселил Петре, таткото на Илија (жив на 60 години во 1951 година); Анчевци (4 к.), доселени се од селото Трновци, каде се викале Тујеговци, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 34 г. во 1951 година) Петко-Тале-Танче кој се доселил; Трајчевци (5 к.), доселени се од Лознани, таму имаат роднини (Марковци и Милевци); Шуплиновци (3 к.), доселени се кога и претходниот род од селото Тополчани, таму имаат истоимени роднини; Рујановци (1 к.), доселени се од селото Свето Тодори; Тале Брсјакот (1 к.), родот го основал Тале Брсјакот кој дошол од селото Мало Илино, Железник; Бинишовци (1 к.) и Истинџиовци (1 к.), доселени се од Обршани; Стомнаровци (1 к.), доселени се од Пашино Рувци и Шврговци (1 к.), доселени се од селото Слоештица, Железник.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште
  • ЖС „Новоселани“, железничко стојалиште во близина на селото

Самоуправа и политика

Битолско Новоселани: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Новоселани, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Подино, Свето Тодори, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0183 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви

Редовни настани

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Новоселци (4 к.), кои живеат во Могила; Стрезовци (5 к.), кои живеат во Горно Оризари; Карабелевци (1 к.), живеат во Ерековци; Тражевци (2 к.), живеат во Тројкрсти; Бабановци (9 к.), живеат во Мало Коњари; Мицковци (3 к.), Дамевци (2 к.), Ралевци (4 к.) и Србиновци (1 к.), живеат во селото Долно Српци.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Битолско Новоселани Потекло на иметоБитолско Новоселани Географија и местоположбаБитолско Новоселани ИсторијаБитолско Новоселани СтопанствоБитолско Новоселани НаселениеБитолско Новоселани Општествени установиБитолско Новоселани Самоуправа и политикаБитолско Новоселани Културни и природни знаменитостиБитолско Новоселани Редовни настаниБитолско Новоселани ИселеништвоБитолско Новоселани НаводиБитолско Новоселани ПоврзаноБитолско Новоселани Надворешни врскиБитолско НовоселаниБитолаОпштина МогилаПелагонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Водолија (хороскопски знак)ПертусисВенко ФилипчеПроливВаршавски договорОпштина Чучер-СандевоБубрежна инфекцијаЦрвен крст на МакедонијаДимитар КовачевскиПовикувачки броеви во МакедонијаХрватскаМакедонски претседателски избори, 2019Загрозен видТурцијаЕмил ДимитриевСтругаЧовечко телоМалтаРамиз МеркоВелигденски јајцаВртоглавицаЛиберална партија на МакедонијаПентоксифилинЈордан Хаџи Константинов-ЏинотПредмет (граматика)Лазарова саботаАнета МицевскаСветлинаМинистер за здравство на МакедонијаФилипиниМакедонски парламентарни избори (1990)‘Рбетен столбСкриеносеменициБескрајна приказнаМиом на маткаМакедонски парламентарни избори (2006)ВиножитоИнтернетХоландијаБлагој ДавковМакедонски БродЈордан КамчевВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСолунска ГлаваРелигијаВевчаниМали сипанициГипсЕден на еденУпад во Собранието на Македонија (2017)ШпанијаДекамеронПреспански договорМакпетролБалканска приказна (ТВ-серија)Козјак (езеро)СрбијаЕдинствена МакедонијаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаВили БрантСкратеници во македонскиот јазикТито ПетковскиЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеОхридско ЕзероСоцијалистичка партија на МакедонијаСтале ПоповГорјан ПетревскиСвети Климент ОхридскиИсус ХристосАзијаХомеопатијаДискус хернијаМинато определено свршено време во македонскиот јазикОпштина СарајМетотрексатНационален парк ГаличицаМијаци🡆 More