Хороскопски Знак Водолија

Хороскопскиот знак Водолија (латински: Aquarius, грчки: Υδροχόος) го носат оние коишто се родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари.

Со овој знак владее планетата Уран. Симболот Знакот на водолија ги претставува брановите.

Хороскопски Знак Водолија
Водолија

На пат низ зодијакот

На единаесеттото ниво, човекот знае дека сите луѓе се богови и исти под сонцето. Важна е потрагата по универзалната вистина. Комбинацијата на позитивен фиксен воздух, носи моќ за концентрација на мислите, а оригиналноста ја додава владетелот Уран.

Мотивација

Водолијата е често пред своето време, и несфатен од многумина. Неговиот природен инстинкт е да застане со масите против владетелите, но со интелект и зборови, а не со примена на сила. Водолијата се бори за своите принципи, и секогаш е верен на себеси.

Во работа и интереси

Водолиите не се амбициозни, и најчесто го прифаќаат она што им се нуди. Сепак, не сакаат да бидат врзани или затворени во канцеларија. Водолиите ги има секаде: од зоолошка градина, преку новинарство и пишување, до професии поврзани со летање. Доколку работата не им ги задоволува природните тежнеења, тогаш тоа ќе биде нивното хоби, на кое ќе се посветат целосно. Фотографијата е секако дел од нивните интереси.

Во односи

Водолиите се популарни меѓу своите пријатели. Тие се спокојни во контактите со другите и лесно шират познанства. Во брак не брзаат, но откако еднаш ќе го најдат вистинскиот партнер, стануваат толерантни и посветени. Им треба партнер кој ќе ги стимулира, со кого ќе бидат мисловно блиски, и кој нема да биде против да се оставаат прозорците отворени.

Домашен живот

Кога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.

Зборови кои ги опишуваат Водолиите

Важи и за двата пола: независни, објективни, интелектуални, хумани, идеалистични, инвентивни, оригинални, чесни.

Понекогаш: повлечени, груби, мрзоволни, ексцентрични,тврдоглави, нетактични.

Користена литература

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.

Tags:

Хороскопски Знак Водолија На пат низ зодијакотХороскопски Знак Водолија МотивацијаХороскопски Знак Водолија Во работа и интересиХороскопски Знак Водолија Во односиХороскопски Знак Водолија Домашен животХороскопски Знак Водолија Зборови кои ги опишуваат ВодолиитеХороскопски Знак Водолија Користена литератураХороскопски Знак Водолија18 февруари20 јануариГрчки јазикЗнакот на водолијаЛатински јазикУран (астрологија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДеменцијаЗајасБиљал КасамиМакедонски народни инструментиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)СоцијализамВиолинаВлада на МакедонијаСоединети Американски ДржавиКрешник БектешиАнтони ПешевРадмила ШекеринскаГенералот на мртвата војскаТристан и ИзолдаПневмонијаИзборна единица 1Политичка партијаИзборна единица 8КавадарциМакедонија (регион)Македонска азбукаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаГрегоријански календарДанте АлигиериПресметување на датумот на ВелигденДимитар АпасиевКалендар на Велигденски датумиПолжавиКрива ПаланкаКронова болестШишман АнгеловскиМалиот принцКалеш АнѓаРусијаПретседателОВККрпен животСписок на птици во МакедонијаГемиџииДемографија на МакедонијаНационален парк ГаличицаОпштина СопиштеОпштина Чучер-СандевоПартија за целосна еманципација на РомитеЧовечки папиломен вирусОхридска пастрмкаЛила СтојановскаСловенијаStaphylococcus aureusБајкаКонстантин МиладиновРевизор (комедија)Вила ВодноВодочки манастирПовикот на дивинатаСердаротЦер (село)Владо МисајловскиНАТОСтојан АндовСтрујно колоАрбен ТаравариИзбори во Република МакедонијаКанцониеротХолокаустУнгаријаОпштина Центар ЖупаКумановоШизофренијаЛавАлопецијаГордана Силјановска-ДавковаМакедонски пасошСтале ПоповМакедонски хумористични народни приказни (книга)Алжир🡆 More