Дуње: село во Општина Прилеп

Дуње — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп.

Дуње
Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Панорама на селото Дуње

Дуње во рамките на Македонија
Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Дуње
Местоположба на Дуње во Македонија
Дуње на карта
Координати 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° СГШ; 21.69194° ИГД / 41.25750; 21.69194
Регион Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Пелагониски
Општина Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Прилеп
Население 10 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7506
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20035
Надм. вис. 590 м
Слава Св. Димитриј Солунски
Дуње на општинската карта
Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Дуње во рамките на општината
Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Дуње на Ризницата

Географија и местоположба

Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Панорамски поглед на селото
Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел од областа Мариово, од левата страна на Црна Река во пределот познат како Мало Мариово. Поточно, Дуње е сместено во прилепскиот дел на Мариово на еден прилично простран зарамнет дел од висорамнина која како благо се издигнува како последниот отсек и подножје на Дрен Планина, од десната страна на малите поврзани потоци Дуњска и Лисичка Река. Дуње е ридско село расположено на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп селото Дуње е оддалечено 29 километри, и е поврзaно директно со асфалтен пат кој се исклучува од левата страна на главниот регионален пат од Прилеп за Витолиште.

Малата зарамнета котлина во која се наоѓа Дуње е ограничена на запад од Селечка Планина, кон север каде води стариот пат за Прилеп преку превојот Лигураса и кон исток ја обиколуваат падините на Дрен Планина, а од југ е течението на Црна Река во познатата Скочивирска Клисура. Во пространата рамнина во која е сместено селото, со оглед на отвореноста кон долината на Црна Река, се составуваат повеќе помали потоци и реки како: Оревдолска, Вепрчанска, Кокречка, Пештанска, Лисичка кои сите заедно преку Дуњска се влеваат во Црна Река непоседно после познатиот Расимбегов Мост. Според местоположбата, Дуње претставува средишно село кое се наоѓа во центарот на повеќе околни мариовски села завлечени во планинските долови и падини, односно на запад е Кален, на северозапад Кокре, на север Пештани, на исток Вепрчани, а на југ се Крушевица и Чаниште. Како и повеќето мариовски села, така и Дуње има мошне голем атар кој зафаќа простор од 43,8 км2, на кои пасиштата заземаат површина од 2487 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1339,1 ха, а на шумите само 15,6 ха.

Историја

Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Мариовци крај огниште на слава, вечер воочи Митровден во с. Дуње (1932 г.)

Најстариот запис во кој се споменува селото Дуње потекенува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 кога во селото живееле 13 семејства, потоа во 1481/82 биле попишани 23 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 56 домови во 1519 година, а потоа опаѓање на 43 домаќинства во 1528/29 и намалување на 37 семејства во 1544/45 година. Во овој период Дуње спаѓало во нахијата Мориово во Прилепската каза.

Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов „Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“ на 21 ноември 1859 за селата во Мариово, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот за селото Дуње запишал дека имало 150 куќи со црква посветена на св. Николај и една стара црква.

За време на револуционерните борби за ослободување од отоманското ропство кон крајот на XIX век, Дуње како едно од поголемите села имало месна чета на чело со војводата Андо Волканов.

Потекло и значење на името

Името на селото Дуње потекнува и има значење на македонски јазик и тоа најверојатно од глаголот дување, ду(ва)ње, што може да се објасни и потврди со самата местоположба на селото. Имено селото Дуње е сместено на зарамнет простор каде се спојуваат неколку долови со што самото е отворено на ветер кој често дува од различни страни. Уште неколку села во Македонија коишто имаат местоположба отворена на дување на ветер носат слични имиња, а тоа се: Здуње во Порече и гостиварските Здуње и Дуф. Многу е мала веројатноста името да потекнува од името на овошното дрво - дуња, кое што е многу малку застапено во селото Дуње и неговиот атар.

Стопанство

Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Титанова руда од наоѓалиште кај Дуње

Според составот на атарот селото Дуње има поледелско-сточарска функција. Поради извонредната поволна местоположба на зарамнет терен крај неколку водотеци, населението на Дуње се занимава најмногу со земјоделство и сточарство. Од сточарството застапени се одгледувањето на овци во неколку стада и кози од ситниот, како и повеќе крави, волови и телиња од крупниот добиток. Според податоци од турските дефтери од првата половина на XVI век, Дуње било прво од неколкуте села кои чувале најмногу свињи и имале најголем број на пчелни кошници. Пчеларството со бројни плчелни сандаци и денес е застапено во Дуње, додека свињарството е сосема напуштено. Од поледелството се одгледува: тутун, пченица, пченка, како и градинарски култури односно пипер, патлиџан (домат), кромид, лук, марула, краставици во дворовите за сопствени потреби. Непосредната околина на Дуње има богати рудни наоѓалишта на јадрени суровини како ураниум, како и од тврдите метали односно титан. Во селото Дуње има и работеле земјоделска задруга и продавница.

Население

Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Вез од женска кошула од село Дуње од почетокот на XX век
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948597—    
1953713+19.4%
1961778+9.1%
1971731−6.0%
1981333−54.4%
ГодинаНас.±%
1991165−50.5%
1994145−12.1%
200277−46.9%
202110−87.0%

Во почетокот на XX век во Дуње живееле околу 1.224 жители. Селото Дуње, како впрочем и сите останати во Мариово, доживеало огромно отселување во наредните години. Така, во 1961 година во Дуње живееле 778 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 145 жители, сите Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дуње се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 181 куќа.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Дуње брои 77 жители, сите Македонци. Со тоа, Дуње претставува четврто село според бројот на жителите во цело Мариово. Искра на надеж за неговото опстојување како село фрлаат и раѓањето на неколку деца во последните години на почетокот на XXI век.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 5 Македонци и 5 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.224 597 713 778 731 333 165 145 77 10

Родови

Во селото Дуње, како и останатите мариовски села, отсекогаш исклучиво живееле Македонци со православна христијанска вероисповед. Староседелски родови се:Кажеловци, Китевски, Ѓондевски или Ѓондевци, Лалевски или Лалевци, Колевски, Ѓорѓиоски, Волкановци, Кузевци, и други.

Општествени установи

Како поголемо и воедно средишно село за повеќе околни помали мариовски села, во Дуње работат:

  • Основно училиште до IV одделение
  • Пошта

Самоуправа и политика

Дуње: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Дуњска Река пред селото

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Витолиште.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Дуње, во која покрај селото Дуње, се наоѓале и селата Вепрчани, Ѓуѓаково, Кален, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште. Општината Дуње постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1520 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
    Археолошки наоѓалишта
    Реки

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Дуње Географија и местоположбаДуње ИсторијаДуње СтопанствоДуње НаселениеДуње Општествени установиДуње Самоуправа и политикаДуње Културни и природни знаменитостиДуње НаводиДуње Надворешни врскиДуњеМариовоОпштина ПрилепПрилепец

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СЦ „Јане Сандански“ - СкопјеЗагрозен видСолунска ГлаваОбединето КралствоХепатитСоцијалдемократијаАвстралијаИзборни единици во МакедонијаСписок на градови во Македонија по населениеМакедонски претседателски избори (1999)Хороскопски знациСобрание на МакедонијаРимРак на дојкаДојранско ЕзероМиом на маткаМеѓународен ден на трудотДраган Павловиќ ЛатасОпштина ТеарцеЖолчкаХристијан МицкоскиЛокални избори во Македонија (2009)Јосип Броз-ТитоМасакр кај КарпалакОхридски топчест сунѓерМакедонски претседателски избори, 1994Крпен животТетанусМакедонски претседателски избори (2024)Карлес ПуџдемонФосилТоме АрсовскиСкопјеЖивотниКрал МаркоТестостеронБелгијаСловачкаМесечинаРевизор (комедија)Павле АрсоскиДржавни празници во МакедонијаПолип на маткатаМртво МореСузан АкбелгеПитом пелинПрва влада на Никола ГруевскиЛазар КолишевскиУстав на МакедонијаНадреден знакХлорамфениколВиножитоИлче СтојановскиМакедонски парламентарни избори (2011)АзотМакедонски пасошМакедонски парламентарни избори, 2008РадишаниПневмонијаПридавкаКожлеСоединети Американски ДржавиМаргарет ТачерОпштина КрушевоЧовечки папиломен вирусНикола КаревВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаКрвен притисокКрушевоТоксикологијаВаршавски договорТурцијаИмер СелманиАлбанијаМРП вакцинаСвети Наум (манастир)🡆 More