Вепрчани: село во Општина Прилеп

Вепрчани — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп.

Вепрчани
Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Вепрчани

Вепрчани во рамките на Македонија
Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Вепрчани
Местоположба на Вепрчани во Македонија
Вепрчани на карта
Координати 41°16′12″N 21°45′2″E / 41.27000° СГШ; 21.75056° ИГД / 41.27000; 21.75056
Регион Мариово
Општина Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Прилеп
Население 2 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 20015
Надм. вис. 800 м
Вепрчани на општинската карта
Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Вепрчани во рамките на општината
Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вепрчани на Ризницата

Географија и местоположба

Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Глетка од селото Вепрчани

Селото Вепрчани се наоѓа во областа Мариово, јужно од градот Прилеп. Се наоѓа на северната страна на прилепскиот дел на областа Мариово. Сместено е во дол на јужното подножје на планината Дрен од левата страна на Црна Река. Селото Вепрчани е од збиен тип и има издолжен изглед со куќи сместени од десната страна на долот на Вепрчанска Река, со правец на протегање од исток кон запад. Вепрчани е ридско село расположено на надморска височина од 800 метри. Од три страни селото Вепрчани е заградено со високи планински гребени, од југ го заградува висок планински гребен со највисокиот врв Бутковец (1191 м.н.в), на исток кон Гуѓаково сѐ до Црна Река се испушта рамка со врвовите Бадниево Гноиште (1225 м.н.в.) и Трите Страги (1476 м.н.в.), на север е главното било на Дрен Планина со врвовите Четири Буки (1462 м.н.в.), пределот Сува Планина со врвот Маркови Кули (1510 м.н.в.), пределот Вепрчка Скрка со превојот Лигураса и веднаш од северозапад е гребенот Крајни Стени. Долот на Вепрчанска Река е отворен кон запад каде во близина на Дуње се спојува со Ореовдолска Река и заедно ја сочинуваат богатата со риби Дунска или Лисичка Река кој се влева во Црна Река. Од градот Прилеп, селото Вепрчани е оддалечено 34 километри. До него се стасува преку исклучувањето од регионалниот пат за Витолиште пред Дуње до каде води асфалтен пат, а од каде што продолжува макадамски пат посипан со чакал во должина од 11 километри. Атарот на Вепрчани е доста голем и зафаќа пространство од 29,9 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1778,4 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 664,7 ха, а на шумите само 11,6 ха. Доста густа дабова шума е застапена на падините под Бутковец и манастирот Св. Богородица јужно и југоисточно од селото. На атарот на селото има големи и квалитетни наоѓалишта на мемер на север од селото како и кварц и порцелан. Месности во атарот на Вепрчани се: Доќимот, Крив Рид, Бутковец, Лозја, Скокот, Миличино, Градиште. Селото се дели на Горно и Долно Маало кои потоа се поделуваат во помали маала според родовските имиња: Ролево, Чорапарово, Леково и др. Со вода се снабдува од една чешма во средина на селото, а постои и доста издашен извор во рудникот за мермер од кој со цевки е спроведена вода до манастирот „Св. Димитрија“. Блиски и соседни села на Вепрчани се: Дуње на запад со чиј атар граница претставува Дуњска Река, Пештани на северозапад, Беловодица, Царевиќ и Дрен преку Дрен Планина во долината на Раечка Река на север, мариовско Гуѓаково на исток, Врпско на југоисток и Живово на југ преку реката Црна.

Историја

Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Китење на свадбено знаме во Вепрчани

На атарот на Вепрчани имало организиран живот уште од дамнешните антички времиња за што сведочат повеќето старини и археолошки наоди како доцноантичките гробници и големиот број на ископани ќермаитки и темели од куќи при орање и изградба на задругата на месностите Градиште, Крив Рид, Скокот, Лозја, од кои најзначаен наод е една надгробна плоча со старохеленски натпис посветена на Александар Дионисис и подигната по налог на Собранието на некој древен град, пронајдена во близина на манастирот Св. Богородица и др. За настанокот на селото постои предание дека поради чести напади и несигурност, жителите од 7 околни населби се собрале и се населиле во долот каде што пронашле чешма и имало многу вепри (диви свињи) од каде што дошло и името на селото. Овие луѓе кои избегале од напади го избрале местото на Вепрчани како полесно и погодно за одбрана. Ваквото мислење има голема веродостојност со географската положба и историското минато на селото Вепрчани, кое опкружено со високи планини од три страни, во минатото било засолниште и стожер на многу комити, ајдути и борци. За староста на селото сведочи селската црква посветена на Светото Вознесение (Св. Спас) која што датира од XIII-XIV век. Најстариот запис во кој се споменува селото Вепрчани потекенува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 кога во селото живееле 31 семејство, потоа во 1481/82 биле попишани 41 домаќинство, за потоа да бележат пораст на 80 домови во 1519 година, а потоа опаѓање на 47 домаќинства во 1528/29 и 46 семејства во 1544/45 година Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов „Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“ на 21 ноември 1859 за селата во Мариово, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот во селата во Северо Мориево кај реката Црна за селото Вепрчани запишал дека имало 60 куќи и стара црква Овој запис сведочи за големината на Вепрчани, кое според податоците од турските записи највеќе нараснало до 92 куќи со 1900 жители. Во ова време Вепрчани имало 7 попови, а на селската река имало 13 воденици по една за секој од селските родови. Еден од поповите од Вепрчани, попот Пројче е споменат и како лик во книгата „Крпен живот“ на познатиот писател Стале Попов, чијашто мајка била токму од ова село.

Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Типична мариовска куќа ѕидана од камен со покрив од камени плочи во Вепрчани

Во отоманско време во XIX век, селото Вепрчани важело како комитско село, во кое бегале и се засолнувале многу борци и бунтовници, а и самите жители се истакнувале со бестрашност и борбеност. Од Вепрчани потекнувал и се иселил родот познатиот мариовски војвода Толе Паша од с. Крушевица, а во неговата чета имало многу комити од Вепрчани. Зимата 1884 година во куќата на Тода Илиева Тодороска - Мутева во селото Вепрчани во борба со турскиот аскар загинал и познатиот борец Ѓорѓи Лажот кој со дружина престојувал во една куќа во која од земникот (визбата) имало ископано тунел за бегство до долот. Тие биле накодошени и опколени од турскиот аскер и биле убивани како излегувале, а населението и денес наоѓа останки од нивните коски во лозјата. Овој настан е опеан во народните песни „Киниса мома Тода на вода да оди“ и „Доста оди Ѓорѓи, доста шета“, а на една куќа постои и спомен плоча посветена на Ѓорѓи Лажот. Како одмазда за предавничкиот чин во 1855 година Спиро Црне со 7 комити од Вепрчани врзале и живи запалиле 18 членови од родот Јанковци. Во прилог на јунаштвото и бестрашноста на жителите на Вепрчани и Мариово, говори и еден настан според кој настанал прекарот на вепрчанскиот род Головци, чиј предок Ристе бил наречен Гола Сабја откако во една прилика кога одел на пазар во Прилеп кај местото на денешна „Солидност“ со голи раце му ја откинал главата на некојси Турчин - насилник кој му се испречил на патот со некакво барање односно уцена. Уште еден доказ за комитското минато на Вепрчани е и прекарот на вепрчанскиот род Шакировци чиј предок бил комита кај познатиот Крсте Гермов - „Шакир војвода“, а по враќањето и самиот тој земал 3 комити со него и органзирал местна чета во Вепрчани. За време на Првата светска војна, рачно бил направен патот, а била исечена и целата шума. Во XX век во селото работеле училиште во куќата на родот Мијаковци, матичар и кмет.

Потекло и значење на името

Името на селото доаѓа од зборот вепар односно дива свиња. Според преданието за настанокот на селото поради чести напади и несигурност, жителите од 7 околни населби се собрале и се населиле во долот каде што имало многу вепри од каде што дошло и името на селото. Ова соодветсвува и со фактот што и во денешно време шумите околу селото изобилуваат со многу вепри - диви свињи и друг дивеч, поради што Вепрчани е постојано и многу често посетувано од ловџии.

Стопанство

Според составот на атарот Вепрчани има сточарско-поледелска функција. Во минатото жителите на Вепрчани се занимавале со сточарство и земјоделство за лични потреби, а единствено оделе на пазар во Прилеп за да купат газија. Од житото најмногу се одгледувало 'рж, а многу помалку и пченица, овес и други стрни планински жита, од кои брашното се мелело на водениците кои ги имал секој род на Вепрчанска Река. Денес малубројното преостанато постојано население и луѓето кои имаат куќи и имоти во селото се занимаваат со овчарство, пчеларство и градинарство за свои потреби. Денес постои едно домаќинство на Ристе - Ричко од родот Чорапаровци кое што одлгедува 250 овци, од кои се произведува пресно млеко, биено сирење и месо за пастрма. Домаќинстваа од родот Чорапаровци кои се постојани жители во градините под куќите за сопствени потреби во мал обем одгледуваат и градинарски производвои како црвени текни пиперки, патлиџан (домат), кромид, лук, зелка на отворено и под еден пластеник. Во селото Вепрчани е многу застапено и познато по пчеларството при што во селото вкупно се одгледуваат 250 пчелни семејства во сандаци од познатата енедемска „мариовска пчела“ од кои се произведува чист, природен и висококвалитетен ливадски мед. Покрај ливадската паша, пчелните семејства во Вепрчани произведуваат и многу вкусен мед од дабова паша. Најмногу пчелни сандаци има домаќинството на Богдан од Рожденови чие семејство е сопственик на фабриката за мед „ЗОРА ЛЕК“ од Градско која произведува и откупува мед од Вепрчани, Фариш и други места и со годишно производство од 6 и повеќе тони мед снабдува доста градинки, болници, училишта и ресторани, а извезува и во Европа и Русија. Поради големите и квалитетни наоѓалишта на минерали за градежни материјали, од пред 7-8 години веднаш северно над селото постои голем рудник и ископ на квалитетен бел меремр во сопственост на странски газди од Грција и Косово, а во минатото во Вепрчани се ископувале и најквалитетен кварц од фабриката „Партизанка“ од Прилеп и с. Манастир, како и порцеланска земја за глазура на керамички садови која што ја користела фабирката „Порцеланка“ од Велес. На атарот во непосредната околина на селото е многу застапен ловот на дивеч на диви свињи (вепри), лисици, срни, волци и мечки за кои доаѓаат ловџии и ловни друштва од Прилеп, Скопје и странство, при што Вепрчани е едно најпосетуваните места за лов во Мариово.

Население

Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Глетка од Вепрчани
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948369—    
1953410+11.1%
1961367−10.5%
1971203−44.7%
198162−69.5%
ГодинаНас.±%
199121−66.1%
199418−14.3%
200210−44.4%
20212−80.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вепрчани живееле 520 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вепрчани имало 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вепрчани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Во минатото Вепрчани било големо село каде чест случај било во една куќа да живеат и по 20 членови на неколку семејства. На почетокот на XX век селото броело 520 жители. Како и многу села во Мариово, така и од Вепрчани се иселил голем бројод населението, поради што тоа бележи постојан пад на бројот на жителите и е во фаза на раселување. Така во 1961 година Вепрчани броело 367 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 18 жители, македонско население. Во 1994 година во Вепрчани имало 13 куќи во кои постојано живееле луѓе и 6 овчари. Денес во Вепрчани има 4 отворени куќи во кои постојано живеат 3 домаќинства и 1 повремено, а поголем број поранешни жители ги имаат обновено и ги посетуваат своите куќи и имоти бавејќи се со пчеларство, лов и сточарство. Денешни постојани жители на Вепрчани се Ристе -Ричко кој одгледува овци и Илија од Чорапарови, Богдан од Рожеденови и Димко од Шпарловци.

Според пописот од 2002 година, во селото Вепрчани живеат само 10 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, од кои 1 Македонец и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 520 384 369 410 367 203 62 21 18 10 2

Родови

Селото Вепрчани е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Староседелски македонски родови во Вепрчани се: Тодоровци (слават Петковден) биле еден од поимотните родови со најмногу земја во селото, а од нив како деленици поттекнуваат родовите Ролевци, Шакировци чиј предок кој бил помал брат на трговецот Пројче бил комита кај Шакир војвода, Мурџевци, Брдевци, Поповци од овој род попот Димко се оженил со ќерката на митрополитот во Прилеп и бил прв учител по веронаука, а за неговата ќерка во Прилеп имало и народна песна, Мутевци, Чиричевци. Македонски родови во Вепрчани за чија старина и место на доселување се знае, се: Мијаковци (слават Митровден) се доселиле од с. Гари во Мијачијата во западна Македонија и Рожденовци чиј предок дошол како домазет од кавадаречкото село Рожден во тиквешко Мариово. Останати староседелски родови или родови со непознато место на доселување се: Чорпаровци можно е прекарот да го добиле по тоа што биле сиромашни и оделе по чорапи или пак дека плетеле чорапи за селото, Личовци, Краиновци, Орлевци, Рабевци, Бурназовци, Мачниковци, Лековци, Головци кои прекарот го добиле по предокот Ристе „Гола Сабја“ кој со голи раце како со сабја му откинал глава на некој турчин во Прилеп, Шулевци, Благиовци, Љутовци или Лутиовци, Ѓумишовци, Пилевци, Чекановци, Заечковци, Јаничовци, Василовци, Шмантевци, Шпарловци, Шабановци, Тасевци, Аџиовци, Пупевци, Куцаровци. Брачни врски надвор од селото се склопувале најчесто со невести донесени од селата Дуње, Гуѓаково и Галиште.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1526 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гуѓаково.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.

Иселеништво

Како најкрајно и оддалечено мариовско село, Вепрчани дало многу иселеници во други села и градови. Целосно ислени род од Вепрчани се Кулевци од кои потекнува познатиот Толе Паша од с. Крушевица и Шутковци од кои 6 браќа се иселиле во пелагониските селата Канатларци каде биле „страв и трепет“ и во битолско Ивањевци, како и во градот Прилеп. Најголем број на иселеници од Вепрчани има во некогашните кавадаречки муслимански села по долината на Раечка Река преку Дрен Планина односно во Росоман, Фариш, Крушевица, градот Кавадарци, Градско, градот Прилеп и пелагониските села Ерековци, Тополчани.

Општествени установи

Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Манастирската црква Св. Димитрија со старите дабови дрвја
    Цркви
  • Црква „Св. Вознесение“ — главна селска црква која датира од XIII - XIV век, околку која се селските гробишта
  • Црква „Св. Димитрија“ — манастирска црква од средновековието над самото село, во чиј двор се одржува прославата на селската слава Спасовден
  • Црква „Св. Богородица“ -

Редовни настани

Вепрчани секоја година на крајот на мај или почетокот на јуни го прославува Спасовден како селска слава, со еден или повеќе кумови чие кумство доаѓа по кршење на погача, но и со искажана желба, како што е случај во последните години кога се пријавени повеќе кумови на прославата.

Надворешни видеоснимки
Мариовска свадба
Вепрчани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство  Документарниот филм „Мариовска свадба“ од 1966 година во кој се прикажани свадбените обичаи од Вепрчани и од цело Мариово

Култура и спорт

Во куќа и крај црквата во селото Вепрчани, познатиот македонски филмски режисер Милчо Манчевски има снимано сцени и кадри за своите филмови Прашина и Мајки.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Вирои — средновековна населба;
  • Завир–Среден Брег — населба од римското време;
  • Селска црква — осамен наод од римското време;
  • Солишта–Пазалка — некропола од хеленистичкото и римското време;
  • Сламите — наоѓалиште од железно време.
    Реки

Личности

  • Милан Ристески (1923-1983) - фолклорист и публицист, собирач и издаваш на македонско народно творештво.

Галерија

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Вепрчани Географија и местоположбаВепрчани ИсторијаВепрчани СтопанствоВепрчани НаселениеВепрчани Самоуправа и политикаВепрчани ИселеништвоВепрчани Општествени установиВепрчани Редовни настаниВепрчани Култура и спортВепрчани Културни и природни знаменитостиВепрчани ЛичностиВепрчани ГалеријаВепрчани НаводиВепрчани Надворешни врскиВепрчаниМариовоОпштина ПрилепПрилеп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на македонски народни и староградски песниЈосиф СталинПипи Долгиот ЧорапБиполарно растројствоДрогаГитараГрад СкопјеРоманијаГуливеровите патувањаИсус ХристосЖелудникПретседател на МакедонијаКорабОпштина БеровоФилип РикерПтициЏорџ Гордон БајронМоравска мисијаМРП вакцинаНедоразбирање (драма)ИлузијаМакедонски парламентарни избори (2011)Осна симетријаМакедонски парламентарни избори, 2011ЈајчникКоле НеделковскиКалиштаТурцијаСончев СистемЕгипетЗНАМРамностран триаголникРајчицаХристијан МицкоскиРак на желудникАхилБаклаваПарадоксот на ДиогенКирилицаСолунЛехово (Леринско)Кралот ЛирЦрно семе (роман)ИндустријаПодметПустинаБегалкаРегионален пат 1101ФолклорЗаграчаниТокиоПротестантиСкопски земјотрес (1963)Хепатит ЦМомче во пижами со риги (филм)Обновливи извори на енергијаПрисовјаниЕрусалимРимРоманДесница (политика)Стрептококен фарингитисЗемја (планета)РусијаФлебитисКлеопатраРогачЛимфен јазолВекторХромозомСинонимТелевизијаКаролина ГочеваГалијаВардарМакедонци-муслиманиРак на грлоБескрајна приказна🡆 More